Прејди на содржината

Станко Бутурац

Од Википедија — слободната енциклопедија
Станко Бутурац
Роден(а)1932
Битола
Починал(а)2020
НационалностМакедонец
ПроектиДирекција на Стопанска банка – Битола, ОУ „Елпида Караманди“ - Битола, ЕМУЦ Ѓорѓи Наумов, ОУ „Св. Климент Охридски“ - Битола

Станко Бутурац (Битола, 1932 - Битола, 2020 ) — македонски архитект, проектант на значајни објекти во Битола. Неговиот творечки опус зафаќа остварувања во сите фази на современата архитектура на втората половина на 20-тиот век. Посебна особеност за неговото творештво е тоа што претставува еден од најреализираните автори проектанти во Република Македонија со реализирани објекти како деловни објекти, училишта, станбени згради и др.[1][2]

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден бил во Битола во 1932 година. Неговото образование започнало во Француската школа на чесните сестри во Битола и гимназијата Ј. Б. Тито, каде завршил полуматура, а потоа во средното техничко училиште „Здравко Цветковски“ во Скопје, насока Архитектура. Како архитектонски техничар работел во Г.П. Бетон на регулација на Црна Река и изградба на фабриката „Фрижидери“ во Битола.

На Техничкиот факултет, Архитектонски отсек во Скопје дипломирал во 1963 година, на тема „Планинарски хотел на Пелистер“ кај професор Борис Чипан. Последните две години од студиите бил демонстратор на катедрата Градежни конструкции кај професор Љубомир Томиќ. По дипломирањето се вработил во Проектанското биро „Нова градба“ во Битола кое во 1974 година се споило со „Заводот за урбанизам и стаж проектирање“ и таму работел сѐ до денот на своето пензионирање, во 1997 година.[1][2]

Негови најпознати реализирани објекти се:[1][2]

  • Основен суд Битола, 1970 г.
  • Стоковна куќа Јавор, 1975 г.
  • Дирекција на Стопанска банка – Битола, 1976 г.
  • Станбени згради на ЈНА, 1983 г.
  • ОУ „Елпида Караманди“, 1984 г.
  • ЕМУЦ „Ѓорѓи Наумов“, 1986 г.
  • Објект на Завод за урбанизам и проектирање, 1987 г.
  • Деловен објект Нова Битола, 1987 г.
  • ОУ „Климент Охридски“, 1988 г.
  • Станбено-деловен објект на ул. Едвард Кардељ, 1989 г.
  • Комплекс Мирка Гинова, 1990 г.
  • Пелагонка 1, 1991 г.
  • Царинско-шпедитерскиот терминал во Битола „Макошпед“, 1996 г.
  • Пелагонка 2, 1997 г.
  • Населба Стрелиште
  • Колективна зграда Нова Битола
  • Колективна станбена зграда на Партизанска
  • Станбено-деловен комплекс Кланица

Се занимавал и со проектирање на индустриски објекти во родниот град, од кои позначајни се: *индустрискиот комплекс „Металец“ во Битола,

  • „Ферм завод“ за монополот во Битола и дистрибутивниот центар на „Јавор“ во Битола,
  • производната хала „Битолатекс” во Битола,
  • земјоделски објект во склоп на ЗК „Пелагонија” Битола,
  • населба „Стрежево” с. Нижеполе, Битола.

Покрај овие објекти се занимаваl и со проектирање на доградби, надградби, реконструкции и повеќе индивидуални семејни куќи.

  1. 1 2 3 Штериова, Мартина. „Станко Буторац / 1932 – 2020“. МАРХ. Посетено на 6 декември 2025.
  2. 1 2 3 „Битолчанецот кој ја проектира цела модерна Битола“. Бабам Битола. 17 октомври 2018. Посетено на 6 декември 2025.