Станислав Тилих

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Станислав Тилих
SACHSEN CDU 13.06.20130123 - Portrait.jpg
Прв потпретседател Бундесрат
На должноста
28 ноември 2015 – 31 октомври 2016
Претходник Волкер Бауфир
Наследник Малу Дрејер
Министер-претседател на Саксонија
На должноста
Стапил
28 мај 2008
Претходник Георг Милбрат
Лични податоци
Роден(а) 10 април 1959 (1959-04-10) (воз. 58 г.)
Нојдерфел (Нова Вјеска), Источна Германија
Националност  Германија
Партија CDU
Установа Универзитет за технологија Дрезден
Професија инжинер и политичар
Портал www.stanislaw-tillich.de

Станислав Тилих (лужички: Stanisław Tilich; германски: Stanislaw Tillich; р. 10 април 1959 во Нојдерфел близу Каменц) — германски политичар на CDU. Тој е министер-претседател на сојузната покраина Саксонија. Тилих има лужичко потекло и живее во Паншвиц-Кукау, кој се наоѓа на околу 35 километри североисточно од Дрезден, близу Каменц.

Тилих студирал градежништво и возачки техники на Технолошкиот универзитет во Дрезден по завршувањето на неговата матура во лужичката гимназија во Бауцен во 1977 година. Тој дипломирал на универзитетот со инженерска диплома во 1984. Тилих бил вработен во окружната администрација на Каменц помеѓу 1987 и 1989. Подоцна станал претприемач.

Станислав Тилих ѝ се придружил на CDU (Источна Германија) во 1987 и станал член на CDU по повторното обединување на Германија во 1990 година. Тој бил член на Народното собрание во 1990 и бил делегиран како набљудувач во Европскиот парламент помеѓу 1991 и 1994. Тој ѝ се придружил на Европската народна партија и бил член на Европскиот парламент помеѓу 1994 и 1999, каде бил задолжен за буџетот на Европската Унија.

Тилих бил министер во владата на Саксонија од 1999. Тој бил покраински министер за сојузни и европски работи до 2002, кога станал покраински министер и шеф на покраинското канцеларство. Во 2004 станал саксонски покраински министер за животна средина и земјоделство. Тој бил саксонски покраински министер за финансии од 2007 и бил член на Ландтаг на Саксонија од 2004.

Тилих бил предложен од Георг Милбрат на 14 април 2008 да стане негов наследник како министер-претседател на Саксонија. Парламентот на Саксонија го избрал на 28 мај 2008. Тој е прв лужички министер-претседател во повеќе од илјадогодишната лужичко-германска соработка во Саксонија.

Покрај неговиот мајчин јазик горнолужички, Тилих течно говори германски, чешки и многу добро полски. Неговата жена знае полски од дома - таа е половина Полјачка, половина Лужичка Србинка. Неговиот татко бил принуден работник, кој се населил во Лужица по Втората светска војна и се оженил за лужичка жена.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]