Станислава Караиванова

Од Википедија — слободната енциклопедија
Станислава Караиванова
Роден(а)8 мај 1857
Сопот, Османлиско Царство
Починал(а)1926
Софија, Царство Бугарија

Станислава Петрова Караиванова-Балканова[1] е македонска учителка и револуционерка.

Животопис[уреди | уреди извор]

Родена е во Сопот, тогаш во Османлиското Царство, денешна Бугарија. Ќерка е на учителката Недела Петкова и е братучетка на Васил Левски по мајчина линија. Во 1872 година станала првата учителка во Битола.[2] Поради интриги со гркоманите училиштето било затворено. Станислава Караиванова заминува заедно со својата мајка во Охрид. Исто така била учителка и во Воден (1870-1873),[3] а потоа во Солун и во Крива Паланка (1878).[4] Заедно со својата мајка учествува во везење на знамето за четата на Димитар Беровски, организатор на Разловечкото востание. Станислава Караиванова напишала и песна за него во текот на 1876 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Миладинова-Алексиева, Царевна. Епоха, земя и хора, Издателство на Отечествения фронт, 1985, стр. 351.
  2. Петкова, Неделя. „Спомени“. София, 1987. стр. 24.
  3. Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга втора, стр. 35.
  4. Албум-алманах „Македония“, София, 1931.