Стандардни и латиноамерикански танци

Од Википедија — слободната енциклопедија

Терминот стандардни танци се однесува на танц во двојки и како таков познат е низ целиот свет во вид на друштвено или натпреварувачко танцување. Овој вид на танцување припаѓа на секој вид на друштвен танц како рекреација. Но, со прераснувањето во танцов спорт во помодерното време, стандардните танци го ограничуваат своето значење и во денешно време припаѓаат на групата на меѓународни стандардни и латиноамерикански танци. Овие танцови стилови се развиваат во Англија а сега се под раководство на Светската танцова организација. Танцот во двојки и неговите најразлични варијации се сè уште популарен вид на танцување.

Дефиниција и историја[уреди | уреди извор]

Танцувањето во сала или (ballroom-танцување) доаѓа од латинскиот збор „баларе“ што значи да се танцува. Во минатото овој вид на друштвено танцување припаѓало на привилегираната класа на луѓе оставајќи ги фолк танците на онаа ниска ата класа. Сепак јасната граница помеѓу овие два вида на танц не е разјаснета но јасно е тоа дека секој вид на танц денеска е само еволуиран фолк танц. Дефиницијата на ова танцување во сала (ballroom) не е уште јасно поставена и зависи од ерата на создавање бидејќи постојат танци како менуетот, квадрилот, полонезата, полката и мазурката кои сега припаѓаат на категоријата историски танци.

Ренесанса[уреди | уреди извор]

Првите познати извори за постоење на танцување во сала (ballroom) се познати уште кон крајот на 16 век кога Џеан Табору попознат под псевдонимот Тоино-Арбо ја издал својата „Оркесографија“, студија за француското друштвено танцување. Меѓудругото постојат и повеќе танци во свечените како ливие, бранле, паване и галијард кои Шекспир ги нарекува "cinq pace" поради начинот на играње кој се состои од 5 чекори.

Во 1650 година минуетот оригинално познат како селскиот танц од Поито бил претставен во Париз со музиката на Жан Батист Лили и танцуван јавно од страна на Луј 14. Оттогаш па сè до 18 век минуетот е доминантен танц во салите.

Кон втората половина на 17 век Луј 14 ја основал Кралската академија за музика и танц оригинално наречена 'Académie Royale de Musique et de Danse кадеза првпат биле претставени одредени танцови правила од членовите на академијата како 5те позиции на нозе. Со текот на времето балетот се одделил од танцот во салите со тоа што веќе професионалните танчери го напуштаат дворот и стапуваат на сцената. Балетските техники бавно се провлекувале низ Викторијанската ера повеќе од 2 века.

Викторијанска ера[уреди | уреди извор]

Валцот неговиот модерен фат го вкоренува во Англија 1812 година.Во 1819 година Карл Марија фон Вебер ја пишува ,,Претставување на танцот“ и ја обележува специфичната форма на валц како посебна сфера во музиката. Овој танц се соочил со многу негодувања поради тогаш непристојниот начин на зближување на двојката, во прегратка, но со текот на времето оваа контроверзност стивнува и започнува да се прифаќа. Во 1840 година на сцената се појавуваат и нови танци како што се полката, мазурката и скотиш. Во меѓувреме постои тендеција да се исфрлат оние чекор како ентрешат и рон де жамб кои давале специфичен акцент на танцот како што е квадрилот.

Раниот 20 век[уреди | уреди извор]

Модерното танцување своите корени ги поставува во раниот 20 век со расплетување на повеќе настани. Првиот е одвојувањето на танцовиот пар еден од друг како што беше во првата фаза на валцот. Вториот настан е појавувањето на новите музички правци како што е џез музиката создадена во САД од страна на музичари со темна боја на кожата. Танцот е цврсто врзан со музиката па како што музиката ја доживува својата пресвртница така танцот ја следи.Постојат повеќе танцови периоди од 1910- 1930 година. Третиот настан беше остварувањето на напорот за претставување на танцовата манија на пошироката јавност во Европа и Соединетите држави. Оттука произлегуваат Вернон и Ирена Кастел кои се едни од водачите во својата генерација на танчери во 20 тите години заедно со Џозефин Бредли и Виктор Силвестер. Тие анализираат, кодифицираат, издаваат и пренесуваат голем број на стандардни танци. Оттука произлегува организацијата ,,Артур Миреј“ и танцовите друштва во Англија како што е ,,Царското друштво за учители по танц“ кои биле едни од највлијателните во тоа време. Овие промени се случиле за време на и повоениот период и биле земени предвид како друштвени обичаи во разрешување на конфликтите.

Подоцна во триесеттите години на 20 век на филското платно се појавуваат Фред Астер и Џинџер Роџерс кои се едни од највлијателните во сите форми на танц не само во Соединетите држави туку и пошироко. Иако и двајцата имаат свои кариери со спојувањето како двојка на филмското платно каде изведуваат чекори од Кастел тие се издигнуваат во мегаѕвезди. Повеќето од настапите на Астер и Роџерс вклучуваат професионална кореографија ( често поставена од Астер и Хермес Пан) беспрекорно извежбана и поставена на сцената.

Натреварување во танцови двојки[уреди | уреди извор]

Натпреварувањата, кои припаѓаат во групата на танцов спорт, се распространети насекаде во светот и регулирани од ,,Светската танцова организација“ а во нив учествуваат танчери од сите нивоа. Поголемиот број на натпреварувања се поделени на професионални и аматерски иако во Америка постојат и професионално-аматерски танцови натпревар Меѓународниот олимписки комитет денес ги има признаено натпреварувачките стандардни и латиноамерикански танци рамноправно со секој друг спорт а Меѓународната спортска федерација како единствен орган за танцови спортови на Олимписките игри. Сепак спорно е дали танцот ќе стане дел од Олимписките игри во време кога има тендеција за намалување на спортските дисциплини. Секоја земја различно ги регулира своите танцови наптревари. Постојат околу 30 држави кои се натпреваруваат за време на меѓународните танцови натпревари и други 20 кои се членки на Светската танцова федерација но чии танчери ретко се натреваруваат во меѓународните првентства. Во Велика Британија постои Британско танцово друштво каде се одржуваат меѓународни и регионални првенства. Во Соединетите држави се одржуваат натпревари на аматерско ниво. Порано оваа прганизација била позната како Асоцијација за стандардни и латиноамерикански танци на Соединетите Американски Држави. Тацовите натпревари се одржувале и во поранешниот Советскиот Сојуз. Во Австралија се игра танцот наречен new vogue кој се игра рекреативно или за натпреварување. Постојат 15 различни new vogue танци. Овие танцови форми како и американ смут или ритам кои не се познати на меѓународно ниво. Најразлични варијации на танцот и нови методи во натпреварувањето се вметнуваат на локалниот пазар. Најпрестижниот фестивал на танци на меѓународно ниво е наречен Блекпул танц фестивал кој традиционално се одржува секоја година во Англија. Танцувањето во групи е исто така еден стил на натпреварување одобрен од Меѓународната танцова федерација. Танцот е во групи поделени во двојки кои се натпреваруваат во тимови.

Елементи во натпреварувањето[уреди | уреди извор]

За време на натпреварите постојат повеќе критериуми по кои се оценуваат танчерите како држење на тело, рамка на тацување и рамнотежа, експресија и држење ритам, точност на чекори, линија иформа на тело, вештина на танцување, движење на нозе и стапала и начин на презентација на кореографија. Оценувањето субјективо го извршуваат повеќе судии па и котроверзноста и поплаките не се невообичаени за време на натпреварите. Судиите ги собираат бодовите од секоја двојка сè до финалето каде двојките се делат по реден број а обично во финалето учествуваат од 1 до 6 двојки а понекогаш тој број може да достигне и до 7.

Доделување на медали[уреди | уреди извор]

Ваквите испитувања им овозможуваат на танчерите поединечно да ги покажат своите танцови способности врз основа на конвенционалните стандарди. Испитувањата се водени од органи како Империјалното друштво за танц учители. Секој танчер игра пред судија со подготвена точка од два или повеќе танци. Стандардните и латиноамериканските танци се многу популарни меѓу танчерите па и најчесто презентирани. Ова Империјално друштво освен овие танци нуди и медали на другите танцови стилови како кантри и вестерн, рокенрол, или степ танц.

Танци[уреди | уреди извор]

На меѓународно ниво стандардните и латиноамерикански танци бројат 10 видови на танц. Во Соединетите држави и Канада американскиот стил на танц како американ смут или американ ритам исто така е присутен на сцената.Техниките се слични како кај стандардните танци но со мала разлика во тоа што американскиот стил дозволува затворени, отворени и одделени позиции а стандардните танци исклучиво затворени.Во прилог се предаваат и двата начина, стандардниот и американскиот. Латиноамериканските и американските ритми се различни по стилот и содржат поразлични танцови фигури. Други танци кои понекогаш се вбројуваат во овој вид на танцување се и најтклаб танцовите како линди хоп, вест коуст свинг, ту степ, хасл, салса и меренге. . Категоризацијата на танцовите била секогаш флуидна со нови танци или фолк танци кои од време на време се вметнуваат во танцовиот репертоар. Постојат и други танци кои се признати низ историјата како стандардни а се ревитализирани по познатото конзервативно движење наречено vintage dance movement. Во Европа во латин свинг танцовите се вклучуваат и аргентинското танго, мамбо, линди хоп ,свинг буги и диско фокс. Еден пример за латин свинг е поткагоријата на танцот каџун кој потекнува од Њу Орлеанс кој се проширува низ двата брега на Соединетите држави. Стандардните и смут танците обично се играат на вестерн музика и двојките обично танцуваат во круг движејќи се во правец на стрелките на часовникот следејќи ја линијата на танц. За време на натпреварувањата натпреварувачите се облечени во облека наменета за танцовите, секој костим е внимателно изработен.Девојките носат долги свечени фустани а машната и скроените одела се наменети за мажите. Латино танците се танцуваат на латиноамериканска музика и со исклучок на некои танци особено самбата и пасо добле каде двојките не ја следат линијата на движење туку своите точки ги изведуваат на едно место. За време на натпреварите девојките носат кратки латино фустанчиња а мажите тесни пантолони и маици а целта е да се нагласат движењата со нозе и тело.