Станарот (филм од 1976)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Станарот (француски: Le locataire) - француски филм од 1976 година, во режија на Роман Полански. Главните улоги ги играат: Роман Полански, Изабела Аџани, Мелвин Даглас, Шели Винтерс итн.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Трелковски (го игра Полански) изнајмува стан во една запуштена зграда, чии станари го гледаат со сомнеж и со презир. Откако дознава дека пред него во истиот стан живеела некоја убава жена која извршила самоубиство така што скокнала низ прозорецот, Трелковски е опседнат со неа. Постепено, тој тоне во параноја и се убедува себе дека соседите планираат да го убијат. Уште повеќе, тој заклучува дека Стела, жената во која е вљубен, исто така учествува во таа „завери“ против него. Најпсоле, Трелковски го присвојува идентитетот на жртвата на самоубиството и ги наследува нејзините самодеструктивни склоности.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]