Стаклен сом
| Стаклен сом | |
|---|---|
| Научна класификација [ у ] | |
| Непознат таксон (попр): | Kryptopterus |
| Вид: | Стаклен сом |
| Научен назив | |
| Kryptopterus bicirrhis Валансјен, 1840 | |
Стаклен сом (Kryptopterus bicirrhis) — аквариумска риба од семејството Kryptopterus која природно ги населува водите на Тајланд, Малајскиот Полуостров и индонезиските острови Суматра и Борнео. Нејзините живеалишта се големи реки, често преминува во поплавени полиња. Стаклените сомови се организирани во јата до 100 единки.
Карактеристики
[уреди | уреди извор]Најкарактеристичната карактеристика на овој вид е тоа што е речиси проѕирен (најпроѕирен е од сите риби во светот) и може да се видат скелетот и абдоминалните органи, што особено привлекува многу љубители на аквариуми. Достигнува должина до 15.
Исхрана
[уреди | уреди извор]Во природата, стаклениот сом се храни со водни бубачки и помали риби , но исто така и со црви, ракови и инсекти. Во аквариумски услови, тој е ориентиран кон жива храна, како што се бели црви, тубифекс или дафнија, иако прифаќа и сува и замрзната храна.
Одгледување
[уреди | уреди извор]Ова е мирна риба која бара друштво, па затоа не е погодна за чување во аквариум каде што има многу активни риби, туку за чување на неколку единки од својот вид. Исто така, во аквариумот ѝ е потребен многу простор за криење, па поради оваа причина, погоден е аквариум со многу растенија. Исто така, и послабо осветлување е добро за овие риби. Водата треба да биде слабо алкална и не премногу тврда. Температурата на водата треба да биде околу 24°C.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Allen, D.J.; Ng, H.H. (2019). „Kryptopterus bicirrhis“. Црвен список на загрозени видови. 2019. doi:10.2305/IUCN.UK.2019-3.RLTS.T180737A1657421.en. Посетено на 11 November 2021. Занемарен непознатиот параметар
|article-number=(help)