Стакато

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пример на означување тон за стакато артикулирање

Стакато (италијански: staccato, скршен, отсечен) – кратко и отсечно изведување на музички тонови.[1] Во модерното означување дава упатство за изведување на нота или пасус. Се означува со точка под или над нотата чиј тон треба да биде исполнет на овој начин, или со кратенката stac, напишана над петолинието, ако е подолг музички текст.

Исполнување на стакато значи дека соодветните вредности на нотата означени со него мора да се извршат кратко, отсечно, без мек премин кон соседните тонови на мелодијата [2][3], издвоена од нотата што следи со тишина. [4] Стакатато било опишано од теоретичарите и се појавило во музиката најдоцна во 1676 година. [5]

Различните музички инструменти имаат своја сопствена техника за исполнување на стакато. Кај жичените инструменти, често стакато се меша со пицикато, додека со гитарата може да се појави конфузија и со пицикато и со знамиња.

Од гледна точка на теоријата на музиката, термините стакато и нелегато не се совпаѓаат, иако честопати се мешаат во пракса.

Нотација[уреди | уреди извор]

Примерот даден подолу го илустрира опфатот на стакато точката:

 {
\override Score.TimeSignature #'stencil = ##f
    << \clef treble
        \relative c' {
            \stemNeutral <e c'>-. <g d'>-. <g e'>-. <c, c'>-.
            \stemUp a'-. c-. c-. d-.
        } \\ {
            s1
            f'4 f' g' g'
        }
    >>

}

Математички прецизно стакато треба да звучи половина од должината на нотната вредност, портаменто три четвртини и стакатисимо само една четвртина.[6]

Во музичкиот програм Сибелиус, стакато ги скратува нотите за 50%.[7]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „стакато“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
  2. Willi Apel, Harvard Dictionary of Music (Cambridge, Massachusetts: Harvard University Press, 1960), p. 708.
  3. Michael Kennedy, ed., Предлошка:FullThe Concise Oxford Dictionary of Music, third edition (Oxford and New York: Oxford University Press, 1980), p. 617.
  4. Geoffrey Chew, "Staccato", The New Grove Dictionary of Music and Musicians, second edition, edited by Stanley Sadie and John Tyrrell (London: Macmillan Publishers, 2001).
  5. Werner Bachmann, Robert E. Seletsky, David D. Boyden, Jaak Liivoja-Lorius, Peter Walls, and Peter Cooke, "Bow", The New Grove Dictionary of Music and Musicians, second edition, edited by Stanley Sadie and John Tyrrell (London: Macmillan Publishers, 2001).
  6. http://musicofyesterday.com/historical-music-theory/music-theory-staccato-marks-touches-and-tones/
  7. Daniel Spreadbury, Michael Eastwood, Ben Finn, and Jonathan Finn, "Sibelius 5 Reference", edition 5.2 (March 2008), p. 284.