Стадион Калининград

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

54°41′53″N 20°32′02″E / 54.69806° СГШ; 20.53389° ИГД / 54.69806; 20.53389

Стадион Калининград
Место Русија Калининград

Русија

Изграден јули 2015 — ноември 2017 година
Отворен
Сопственик
Игра
Гледачи

Стадион Калининград ( руски: Стадион Калининград) е фудбалски стадион во градот Калининград, на крајниот запад од Калининградската област на Руската Федерација.[1] Наменет е за потребите на Светското првенство во фудбал 2018 година, чиј домаќин е Русија. Граден е од јуни 2015 година до ноември 2017 година,[2] а трошоците за изградба изнесуваа 17,8 милијарди руски рубли. Сместивоста на стадионот за светското првенство била 35 000 места, а по првенството сместивоста се намалила на 25 000 места.

Внатрешен изглед на стадионот

Целата површина околу стадионот има површина од 24,4 хектари, вкупната површина на објектот е 109.721,8 м2, додека димензиите на фудбалското игралиште се 105 × 68 метри.

Историја[уреди | уреди извор]

Надворешниот изглед на стадионот

Во април 2012 година регионалната влада ја избра француската архитектонска фирма Wilmotte & Associes, SA како изведувач за изградба на стадионот. Самиот проект вреди 17,8 милијарди руски рубли. 50% од износот беше издвоен од сојузниот буџет, а другата половина од регионалниот буџет. Изградбата започна набргу потоа. Стадионот ќе има сместивост од 25 000 места по Светското првенство во 2018 година. За да се приспособи на ова намалување, дел од покривот ќе се отстрани.

На крајот на октомври 2012 година регионалните власти објавија отворен тендер за развој на проектот и работните документи за стадионот на Светскиот куп. Победник беше Мостовик. На почетокот на март 2013 година Мостовик објави скица на стадионот, на која беше дадено работното име „Арена Балтика“.

Во јуни 2014 година, Арбитражниот суд во Омск прогласи банкрот на Мостовик, а во март 2015 година започна раскинувањето на договорот со таа компанија. На 1 април 2014 година владата го назначи ZAO Crocus International за единствен изведувач на Министерството за спорт на Руската Федерација за градежните работи. Договорот е потпишан меѓу Владата на Калининградската област и компанијата Crocus International.[3]

Првично, регионалните власти ја разгледаа можноста за изградба на нови спортски објекти во центарот на градот, на местото на сегашниот стадион. Конечно, во декември 2014 година беше најавено дека Октјабрскиот остров ќе биде локацијата на новиот стадион, иако постои честа можност за поплави, а за да се работи на тоа ќе бидат потребни дополнителни финансиски инвестиции.[4]

На 10 август 2015 година стана познато дека стадионот официјално ќе го носи името „Стадион Калининград“. Предвидено е да се одиграат четири натпревари во групната фаза на Светското првенство.

ФИФА Светско првенство 2018 година[уреди | уреди извор]

Натпреварот помеѓу Србија и Швајцарија
Датум Време Тим # 1 Резултат Тим # 2 Група Број на посетители
16 јуни 2018 година 21:00 часот Хрватска Хрватска 2 : 0 [5] Нигерија Нигерија Група Д 31 136 [6]
22 јуни 2018 година 20:00 часот СрбијаСрбија 1 : 2 [7] Швајцарија Швајцарија Група Е 33 167 [8]
25 јуни 2018 година 20:00 часот ШпанијаШпанија 2 : 2 [9] МарокоМароко Група Б 33 973 [10]
28 јуни 2018 година 20:00 часот АнглијаАнглија 0 : 1 Белгија Белгија Група Г 33 973 [11]

Види повеќе[уреди | уреди извор]

Користена литература[уреди | уреди извор]

  1. „Арена к ЧМ-2018 по футболу в Калининграде будет называться «Стадион Калининград»“. ТАСС. 10. 8. 2015. Архивирано од изворникот на 11. 10. 2017. Посетено на 10. 10. 2017. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date=, |archive-date= (help)
  2. „В Калининграде начались испытания свайного поля под стадион к ЧМ-2018 по футболу“. ТАСС. 23. 4. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  3. Правительство Российской Федерации (1. 4. 2014). „Распоряжение Правительства Российской Федерации от 28.03.2014 № 469-р“. Официальный портал правовой информации. Архивирано од изворникот на 3. 4. 2016. Проверете ги датумските вредности во: |date=, |archive-date= (help)
  4. „Определено место строительства стадиона в Калининграде для ЧМ-2018“. svoboda.org. 7. 12. 2014. Архивирано од изворникот на 16. 06. 2018. Посетено на 23. 04. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date=, |archive-date= (help)
  5. „World Cup 2018 Russia » Group D » Croatia - Nigeria 2:0“. worldfootball.net. Посетено на 26. 6. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  6. „Match report – Group D – Croatia - Nigeria“ (PDF). FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 16. 6. 2018. Посетено на 16. 6. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  7. „World Cup 2018 Russia » Group E » Serbia - Switzerland 1:2“. worldfootball.net. Посетено на 26. 6. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  8. „Match report – Group E – Serbia - Switzerland“ (PDF). FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 22. 6. 2018. Посетено на 22. 6. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  9. „World Cup 2018 Russia » Group B » Spain - Morocco 2:2“. worldfootball.net. Посетено на 26. 6. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  10. „Match report – Group B – Spain - Morocco“ (PDF). FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 25. 6. 2018. Посетено на 26. 6. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)
  11. „Match report – Group G – England - Belgium“ (PDF). FIFA.com. Fédération Internationale de Football Association. 28. 6. 2018. Посетено на 28. 6. 2018. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]