Стадион Балмор

Координати: 57°30′42.10″N 1°47′45.05″W / 57.5116944° СГШ; 1.7958472° ЗГД / 57.5116944; -1.7958472
Од Википедија — слободната енциклопедија
Стадион Балмор
Поглед кон источната трибина на Балмор
Карта
МестоположбаПитерхед, Шкотска, Обединето Кралство
Координати57°30′42.10″N 1°47′45.05″W / 57.5116944° СГШ; 1.7958472° ЗГД / 57.5116944; -1.7958472
СопственикФК Питерхед
Сместивост3,150[1] (1,000 со седишта)
Рекордна присутност4,855 (против Ренџерс, 20 јануари 2013)
Големина на теренот96 × 64 метри
ПовршинаТрева
Отворен1997
Корисници
ФК Питерхед

Балмор (исто така познат како Стадион Балмур; Balmoor Stadium) ― фудбалски стадион во шкотскиот град Питерхед, Абердиншир. Тоа е дом на ФК Питерхед. Стадионот има сместивост од 3,150[1] гледачи, од кои 1.000 можат да седат.[2]

Стадионот бил отворен во 1997 година, откако стариот стадион на ФК Питерхед бил продаден на стопанското друштво на супермаркети Safeway.[3] Стандардот на составните простории во Балмор бил еден од главните причини зошто Питерхед бил избран во Шкотската фудбалска лига во 2000 година,[3] заедно со Елгин Сити.

Рекордна посетеност на Балмор е 4.855, за натпревар од третата лига на Шкотска фудбалска лига против Ренџерс на 20 јануари 2013 година.[4] Ова го соборило претходниот рекорд од 4.505 луѓе.[5]

Најблиската железничка станица до Балмор е Железничката станица „Абердин“, која е 51 км далеку.[3] Ова е најголемото растојание помеѓу фудбалскиот терен за сениорска лига и најблиската железничка станица во Велика Британија.[3] Балмор се наоѓа на патот А982, северно од средиштето на градот Питерхед.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Peterhead Football Club“. Scottish Professional Football League. Посетено на 23 април 2023.
  2. „Rangers: Life in Scottish Division Three beckons“. Посетено на 23 април 2023.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Peterhead“. Scottish Ground Guide. Duncan Adams. Архивирано од изворникот на 29 март 2013. Посетено на 23 април 2023.
  4. „Peterhead 0-1 Rangers“. Rangers FC. 20 јануари 2013. Архивирано од изворникот на 7 јануари 2014. Посетено на 23 април 2023.
  5. „You Did us Proud“. buchanobserver. 12 јануари 2012.