Ставре Ѓорески

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ставре Дејанов (Дејаноски) Ѓорески ( 1896 во Кленоец, Кичевско6 октомври 1943 во Кленоец, Кичевско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Спомен обележје од НОВ, во селото Кленоец на кое е испишано името на Ставре, но запишан е како Дејаноски.

Животопис[уреди | уреди извор]

По занимање бил столар, а работел ѝ како земјоделец. По окупацијата на Македонија се определил за борба против окупаторот. Од пролетта 1943 година активно соработувал со народно ослободителното движење и извршувал партиски задачи. Неговата активност била откриена од балистите и бил убиен на 6 октомври 1943 година во Кленоец.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Ристоски и други, Душан (1982). Слободата беше нивниот идеал. Кичево: Музеј - Западна Македонија во НОВ - Кичево. стр. 58.