Прејди на содржината

Срѓан Мркушиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Срѓан Мркушиќ (26 мај 1915, Сињ, Австроунгарија - 30 октомври 2007, Белград, Србија) бил југословенски фудбалски репрезентативец, кој играл на позицијата голман. Тој бил еден од првите и ретки фудбалери со високо образование. Имал диплома за шумарски инженер.

Кариерата ја започнал во јуниорскиот (до 18 години) тим на АСК од Сплит. Истата година, бил забележан од тренерот на Лука Калитерна, и веднаш се преселил во екипата на Хајдук од Сплит. Наредната година за прв пат настапил во првиот тим на составот на Хајдук за кој одиграл вкупно 35 натпревари.

По завршувањето на училиштето (гимназијата) се преселил да живее во Белград и од 1936 до 1944 година настапувал за белградскиот тим на БСК (денешен ОФК Белград), со кој го освоил првиот трофеј, првенството на Кралството Југославија во 1939 година. За екипата на БСК одиграл 320 натпревари.

По Втората светска војна, учествувал на основачкото собрание на екипата на ФК Црвена ѕвезда, каде ја продолжил кариерата. Таму настапувал од 1946 до 1955 година, кога и ја завршил кариерата на 40-годишна возраст. За екипата на Црвена ѕвезда имал вкупно 154 натпревари и со истиот клуб 3 пати го имал освоено Купот на Југославија од 1948-1950 година.

Својот прв натпревар во репрезентацијата на Кралството Југославија како играч на екипата на БСК го имал на последниот натпревар пред Втората светска војна на 23 март 1941 година. Овој натпревар бил против репрезентацијата на Унгарија во Белград, кој завршил со резултат од 1:1. Во 1950 година Мркушиќ бранел за репрезентацијата на Светското првенство во Бразил. За репрезентацијата настапил вкупно 11 пати. Репрезентативната кариера Мркушиќ ја завршил во 1950 година на натпреварот во Виена против репрезентација на Австрија, кој репрезентацијата на Југославија го загубила со резултат од 7:2.[1] Мркушиќ во репрезентацијата го заменил неговиот колега Владимир Беара.

Во југословенскиот фудбал тој бил запаметен како голман кој вовел новости во фудбалот наречен „голман како трет бек“. Посакувал да истрчува, да ја контролира ситуацијата во шеснаесетникот и да ја организира играта.

Срѓан Мркушиќ бил последниот од 7-те фудбалери кои играле со репрезентацијата пред и по Втората светска војна. Другите шест играчи биле: Мирослав Брозовиќ (1917-2006), Фране Mатошиќ (1918-2007), Фрањо Велф (1918-1987), Бранко Плеше (1915-1980), Звонимир Цимерманчиќ (1917-1979) и Љубомир Ловриќ (1920-1994).

Срѓан Мркушиќ починал во Белград на 30 октомври 2007 година, на 93-годишна возраст.

Еден ден пред Срѓан Мркусиќ, во градот Сплит починал неговиот соиграч од екипите на Хајдук, БСК и југословенската репрезентација Фране Матошиќ.

  1. „Reprezentativci: Srđan Mrkušić“. reprezentacija.rs. 22 октомври 2019. Посетено на 22 октомври 2019.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]