Срѓан Баљак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бањак во Дуизбург во 2012

Срѓан Баљак (роден на 25 ноември 1978 година) е поранешен српски професионален фудбалер кој играл на позицијата како напаѓач.

Кариера[уреди | уреди извор]

Срѓан Баљак е роден во Сремска Митровица. Својот прв сениорски натпревар го имал во клубот на Телеоптик, пред да биде промовиран во екипата на Партизан. За Црно-белите во текот на сезоната 1999-2000 имал одиграно натпревар во поразот со 0:1 на гостински терен кај премиерлигашот Лидс Јунајтед, во реваншот од првото коло од Купот на УЕФА 1999-2000.[1] Тој подоцна бил испратен како позајмен играч за период од шест месеци во Раднички од Крагуевац. Тоа се случило во зимскиот преоден рок, во 2000 година.

Во јуни 2002 година, Баљак за прв пат се преселил во странство и потпишал со јапонскиот клуб Консадоле Сапоро. Во преостанатиот дел од сезоната 2002 за новиот клуб одиграл 13 натпревари во лигата и постигнал три гола,[2] но не успеал да му помогне на тимот да избегне испаѓање од првата лига.

Во летниот преоден рок во 2003 година, Баљак се вратил во својата татковина и се приклучил на клубот на Будуќност од Банатски Двор, откако клубот за прв пат во својата историја изборил настап во Првата лига. Клубот на Будуќност на крајот од дебитантска сезона испаднал од првата лига.[3] Клубот на изненадувачки начин стигнал до финалето на Купот на Србија и Црна Гора,[4] со што обезбедил место во Купот на УЕФА 2004–05.

Додека играл за Банат од Зрењанин, Баљак станал најдобар стрелец во Српската Суперлига со 18 гола и тоа во сезоната 2006–07,[5] со што го спасил клубот од испаѓање. Исто така, ѝ помогнал на екипата да стигне до полуфиналето на Купот на Србија истата година. Клубот бил елиминиран во полуфиналето од екипата на Војводина.

Во јуни 2007 година, Баљак се преселил да игра во Германија потпишувајќи за екипата на Мајнц 05 за период од три години.[6] Тој бил нивниот втор стрелец по постигнати голови во сезоната 2008–09 во Бундеслигата 2 со вкупно 11 гола. На крајот на сезоната Мајнц 05 успел да се квалификува во Бундеслигата. Во првата лига од германското првенство, Баљак добивал ограничена минутажа и поради тоа бил префрлен во клубот на МСВ Дуизбург во месец јануари 2010 година.[7] Во новиот клуб бил именуван за капитен на тимот пред почетокот на сезоната 2010–11.[8] Со екипата на Дуизбург стигнал до финалето на ДФБ-Покал истата таа сезона.

Во јули 2013 година, Баљак потпишал со клубот на Ворматија Вормс (клуб од пониската германска лига) на слободен трансфер.[9] Тој го напуштил клубот по само една сезона и се приклучил на екипата на Шот Мајнц.[10] Во април 2017 година, било соопштено дека Баљак ќе се пензионира и тоа на крајот од сезоната.[11]

Статистика[уреди | уреди извор]

Клуб Сезона Лигашки натпревари Куп натпревари Континентални натпревари Вкупно
Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
Партизан 1998–99 0 0 0 0 0 0 0 0
1999–2000 1 0 0 0 1 0 2 0
2000–01 0 0 0 0 0 0 0 0
2001–02 0 0 0 0 0 0 0 0
Вкупно 1 0 0 0 1 0 2 0
Раднички од Крагуевац (како позајмен играч) 1999–2000 15 0 1 0 16 0
Консадоле Сапоро 2002 13 3 13 3
Будуќност од Банатски Двор 2003–04 17 7 17 7
2004–05 38 24 2 0 40 24
2005–06 11 2 0 0 11 2
Вкупно 66 33 0 0 2 0 68 33
Олимпик од Баки (како позајмен играч) 2005–06 10 3 10 3
Банат од Зрењанин 2006–07 30 18 4 1 34 19
Мајнц 05 2007–08 23 6 1 0 24 6
2008–09 31 11 4 0 35 11
2009–10 4 0 0 0 4 0
Вкупно 58 17 5 0 63 17
МСВ Дуизбург 2009–10 17 6 0 0 17 6
2010–11 25 9 4 1 29 10
2011–12 8 0 0 0 8 0
2012–13 23 2 1 0 24 2
Вкупно 73 17 5 1 78 18
Ворматија Вормс 2013–14 19 1 0 0 19 1
Шот Мајнц 2014–15 20 6 0 0 20 6
2015–16 23 7 0 0 23 7
2016–17 14 6 0 0 14 6
Вкупно 57 19 0 0 57 19
Вкупно во кариерата 342 111 15 2 3 0 360 113

Признанија[уреди | уреди извор]

Клуб[уреди | уреди извор]

Будуќност Банатски Двор
  • Освоена е Втората лига на Србија и Црна Гора: 2004–05
  • Куп на Србија и Црна Гора: Второпласирани 2003–04
МСВ Дуизбург
  • ДФБ-Покал:: Второпласирани 2010–11
Шот Мајнц
  • Освоена е Оберлигата Рајнланд-Пфалц/Сар: 2016–17

Индивидуални награди[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Huckerby seals it for Leeds“. bbc.co.uk. 30 September 1999. Посетено на 20 October 2016.
  2. „Baljak Srdjan“. soccer-db.net. Посетено на 21 May 2017.
  3. „Serbia and Montenegro 2003/04“. rsssf.com. Посетено на 20 October 2016.
  4. „Humska u crveno-belom“ (Serbian). glas-javnosti.rs. 13 May 2004. Посетено на 20 October 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  5. „Baljak, ipak, najbolji strelac lige“ (Serbian). b92.net. 3 June 2007. Посетено на 20 October 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  6. „Mainz verpflichtet Stürmer Baljak aus Serbien“ (German). espnfc.com. 20 June 2007. Посетено на 20 October 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  7. „MSV verpflichtet Srdjan Baljak von Mainz 05“ (German). msv-duisburg.de. 6 January 2010. Посетено на 20 October 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  8. „Srdjan Baljak ist der neue Kapitän“ (German). msv-duisburg.de. 11 August 2010. Посетено на 20 October 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  9. „Transfercoup: Wormatia Worms verpflichtet Srdjan Baljak vom MSV Duisburg“ (German). nibelungen-kurier.de. 26 July 2013. Посетено на 20 October 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  10. „Srdjan Baljak“ (German). fupa.net. Посетено на 20 October 2016.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
  11. „Baljak macht Schluss“ (German). sportausmainz.de. 24 April 2017. Посетено на 18 July 2018.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]