Срцев циклус
Работата на срцето претставува основен извор на енергија потребна за движење на крвта низ крвните садови.
- Срцевата работа се одвива циклично. Секој циклус се сосотои од три фази:
- систола или фаза на контракција- стегање;
- дијастола или фаза на деконтракција- олабавување на срцевиот мускул;
- срцева пауза.
Срцев циклус или срцева револуција
[уреди | уреди извор]Контракцијата на срцевиот мускул се одвива наизменично. Прво се контрахираат преткоморите, а потоа коморите. После секоја контракција (систола-на латински systole) следи деконтракција (дијастола- на латински diastole) на срцевиот мускул. Срцевата пауза претставува онојдел од срцевиот циклус кога преткоморната и коморната мускулатура едновремено се наоѓаат во фаза на деконтракција или мирување. Временски тоа трае од моментот на завршување на контракцијата на коморите, па до моментот кога почнува контракцијата на преткоморите. Всушност, срцевата пауза наполно ја опфаќа деконтракцијата на коморите и дел од деконтракцијата на преткоморите. При срцева честота од 75 отчукувања во минута времетраењето на еден циклус изнесува 0.8 секунди. При вакви услови контракцијата на преткоморите трае 0.1 секунда; деконтракцијата на преткоморите 0.7 секунди; контракцијата на коморите 0.3 секунди; деконтракцијата на коморите 0.5 секунди; и срцевата пауза 0.4 секунди.
АВ вентили* | Полумесечести вентили† | Статусот на коморите и преткоморите | |
---|---|---|---|
1. рана деконтракција/заедничка деконтракција | • целото срце е релаксирано
• коморите се прошируваат и пополнуваат (пасивно полнење, околу 80% од волуменот) | ||
2. преткоморна контракција | • преткоморите се контрахирани и пумпаат крв
• дополнителни 10-40% пополнување на коморите поради активна контракција на преткоморите | ||
3. изоволуменска вентикуларна контракција | • вентикуларните миоцити (мускулни клетки) почнуваат да се контрахираат
• волуменот на коморите останува непроменет | ||
4. вентикуларна ејекција | • коморите се целосно контрахирани
• пумпа крв кон остатокот од телото | ||
5. Изоволуменска релаксација на коморите | • коморите се релаксираат
• Волуменот на коморите останува непроменет | ||
* АВ (атриовентикуларни) вентили:
†Полумесечести вентили:
|
Честота на срцевата работа
[уреди | уреди извор]Во услови на мирување честотата на срцевата работа варира во широки граници (60-80 удари во минута). Како просечна вредност во срцевата честота се зема честотата од 75 удари во една минута. Врз неа влијаат повеќе фактори. Еден од факторите е возраста. Кај новородените срцевата честота изнесува околу 140 во една минута. Децата на возраст од 1-2 години имаат честота од 110 во една минута, а оние со возраст од 7-8 години, 85 во една минута. Кај луѓе над 50 срцевата честота повторно се зголемува. -При спиењето бројот на срцевите отлукувања се намалаува над 50-60 во една минута.
Срцевата честота зависи и од положбата на телото. Во стоечка положба честотата е поголема во споредба со седната и легната положба. Таа зависи и од фазата на респираторниот циклус. Во фазата на вдишување честотата е зачестена, а во фазата на издишување забавена. Емоционалната состојба на организмот, исто така, влијае врз срцевата честота. Во услови на релативно мирување бројот на срцевите контракции се менува во тек на денот. Тоа се таканаречени дневни варијации на срцевата честота. Највисоки вредности се забележуваат меѓу 8 и 11:30 часот, најниските се околу 2 часот. Навечер, меѓу 18 и 20 часот повторно се забележува забрзување на срцевата работа. Во тек на спиењето тие се 20% помали од просечната дневна вредност.
Кај жените срцевата честота е нешто повисока во споредба со машките што се смета за нормална полова разлика. Кај луѓето што тренираат работата на срцето е позабавена воспоредба со оние што не тренираат. Во патолошки состојби срцевата честота може д абиде над и под физиолошките граници. Кога срцевата честота е под 60 удари во една минута говориме за брадикардија, а кога ги надминува вредностите од 80-90 во минута говориме за тахикардија.
Оваа медицинска статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |