Српски поговорки

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ова е список на српски поговорки. Овој список не е целосен и може да подлегне на додатни проширувања. Во прилог следуваат поговорките.[1]

Поговорки[уреди | уреди извор]

  • Жив човек сè ќе направи.
  • Жали ме жив, а немој мртов.
  • Живеј просто, ќе доживееш и сто.
  • Сè во свое време.
  • Секој човек човек има свои маки.
  • Тешко на оној кого го жалат.
  • Подобро чесно да се умре, отколку нечесно да се живее.
  • Смртта е измамничка.
  • Долг јазик, краток живот.
  • Царот може многу, а смртта уште повеќе.
  • Смртен бил, па и умрел.
  • Богатството не ја брка смртта.
  • Не е лесно душата да ја испуштиш.
  • Чесната смрт го прославува целиот живот.
  • Кога е мака, тогаш и се кука.
  • Овој век - како снег.
  • Младиот може, а стариот мора да умре.
  • Без здравје нема богатство.
  • Чистотата е половина здравје.
  • Додека човекот е здрав, и водата му е слатка.
  • Весело срце - половина здравје.
  • Кој ја крие болеста, му нема лек.
  • Болниот се прашува, а на здравиот му се дава.
  • Кој е здрав, не ги брои годините.
  • Ѕидот го урива влагата, а човекот грижата.
  • Здравиот на болниот не му верува.
  • Оцетот најмногу го гризе своето буре.
  • Секоја кашлица не доаѓа од студот.
  • Здравите заби се белег на длабока старост.
  • Паднала мувата на мечката.
  • Кратка вечера, долг живот.
  • Не можат сите рани да се лечат со еден мелем.
  • Р'ѓата го јаде железото, а тагата срцето.
  • Кашлицата и сиромаштијата не можат да се сокријат.
  • Најлошо е болен оној кој не чувствува каде го боли.
  • Здравјето лесно се губи, но тешко се добива.
  • Лесно му е на здравиот да го советува болниот.
  • Нема полоша болест од гладот.
  • Жени го синот кога сакаш, а девојката мажи ја кога можеш.
  • Плаче огнот, се родила девојка.
  • Од првата среќа не се бега!
  • Цигу-мигу за три дена, куку леле до века!
  • Жешки се мајчините солзи.
  • За омажената ќерка и за продадената куќа има многу муштерии.
  • Фали му се на туѓинецот, а на својот пожали му се.
  • Ни вода ни вино.
  • Чуму ти е нивата кога род не дава?
  • Хранителот е како родител.
  • Иверката не паѓа далеку од огништето.
  • Ниту јас не сум репа без корен.
  • Човекот сака да е подобар од секого, а од синот да е полош.
  • Не носи несој во сој.
  • Колку што има бели врани, толку има добри маќеи.
  • Не стои куќата на земјата, туку на жената.
  • На пушката, на коњот и на жената не треба да им се верува.
  • Помогни му боже на неженетиот, а на оженетиот има кој.
  • Кој нема сокол, се радува и на кукавица.
  • Жената ќе ја сочува само онаа тајна која не ја знае.
  • И змијата е убава, ама е лоша.
  • И браќата се караат.
  • Од лош род нека нема пород!
  • Раните птици одлетуваат.
  • Валканата облека дома се пере.
  • Нема куќа без лош домаќин.
  • Ако ја тепаш жената, ја тепаш својата среќа.
  • Без жената нема ни среќа ни несреќа.
  • Брак без деца, ден без сонце.
  • Јаболкото што ќе созрее доцна, долго стои.
  • Од самотијата нема ништо полошо.
  • Тешко на оној кој се жени со очите, а не се жени со ушите.
  • Тешко на куќата со млад старешина, а на овците со стар овчар.
  • Од туѓата свеќа мене не ми се гледа.
  • Лоша куќа, вечен затвор.
  • Кајшто нема жена, нема ни куќа.
  • Жените се да зборат, а мажите да творат.
  • Жена, оган, море, не се знае што е полошо.
  • Жената е мака без која не се може.
  • Никој не е помил од мајката.
  • Своја куќичка, своја слободичка.
  • Мали деца, мала грижа, големи деца, голема грижа.
  • Куќниот праг е највисоката планина.
  • Додека детето не заплаче, мајката не го сеќава.
  • Што прават децата? Тоа што го гледаат од таткото.
  • Гледај ја мајката, па земи ја ќерката.
  • Кај стар татко, сироти деца.
  • Мајката тепала, мајката мила.
  • Во најголемата неволја, човекот најпрвин мајката ја споменува.
  • Очите се прозорец на срцето.
  • Додека цути липата, преполна е со пчели.
  • Ловците се за да ловат, а потполошките за да бегаат.
  • Љубовта е почеток и на доброто и на злото.
  • Љубовта е убава, ама слепа.
  • Зајакот од шумата и љубовта од луѓето не излегуваат никогаш.
  • Надвор од очите, надвор од срцето.
  • Љубовта е полна и со мед и со јад.
  • Слободната коза волкот ја јаде.
  • Со мек образ, стомакот до носот.
  • Стариот трупец повеќе гори кога ќе се запали.
  • Пчелата не збира мед од еден цвет.
  • Подобро е во колиба да пееш отколку во дворец да плачеш.
  • Млад ерген, стар просјак.
  • На младата вдовица и на старата девојка и садовите по куќата им пречат.
  • Повеќе ја сака туѓата р'ѓа отколку својот мед.
  • Од каде што е жената, оттаму и говедата се мили.
  • Пријателите се познаваат во невоја, како златото во огнот.
  • Гради куќа на секое место.
  • Потешко е пријателството да се задржи отколку да се започне.
  • Со кого се тепам, со него вино не пијам.
  • Не дава оној што има богатство, туку оној што има срце.
  • Кај сто пријатели - без пријател.
  • Еден, ама вистински пријател.
  • Кој му простува на непријателот, добива пријател.
  • Лутиот човек не го задржува пријателот.
  • На најмилиот гостин - три дена му се доволно.
  • Како што влече срцето, така плачат очите.
  • Туѓата кокошка изеди ја, својата врзи ја за ногата.
  • На подарениот коњ не му се гледаат забите.
  • Секому својата песна му е мила.
  • Додека има мед, ќе има и муви.
  • Кај стариот крвник нема нов пријател.
  • Не дај боже со погани да се спријателиш.
  • И бог ќе ни прости, а Турците нема да нè разберат.
  • Не барај пријател на трпезата, туку на вратата од затворот.
  • Некому мајка, некому маќеа.
  • И кога ќе се излечи раната се познава белег.
  • Кој бара пријател без маана, ќе остане без него.
  • Зборот сече како меч.
  • Човекот не се жали толку од непријателот колку од пријателот.
  • Будалиот на подарокот му се радува.
  • Понуден исто како почестен.
  • Најголема чест е добрата волја.
  • Убав збор и грст слама - доволно е.
  • Одбрани ме, боже, од лудите пријатели, а од непријателите сам ќе се одбранам.
  • На неповиканиот гостин, местото му е крај вратата.
  • Ситиот гостин тешко е да се почести!
  • Никој не може да ти помогне кога самиот си свој непријател.
  • Ниту во морето мера, ниту во мажот вера.
  • Слогата во семејството е најголема среќа.
  • Никогаш слогата не изгубила.
  • Тешко на домот во кој нема слога.
  • Кајшто нема слога, таму нема куќа.
  • Инаетот е несреќен занает.
  • Кај што има неслога не помага задругата.
  • Без слога нема слобода.
  • Сложни браќа и во петок јадат месо.
  • Збор за збор, па за вратовите.
  • Шепотот куќата ја урива.
  • Договорот куќа гради.
  • Се карале жените за туѓото теле.
  • Од слободата нема поголемо добро на светот.
  • Секоја земја по еден јунак храни.
  • Човекот без слобода е како рибата без вода.
  • Во борбата живот, а во работата спас.
  • Стравот и куциот го крева на нозе.
  • Без жртви нема слобода.
  • Човекот е потврд и од дрво и од камен.
  • Еднаш се раѓа, еднаш се умира.
  • Во неволја не треба да се плаче, туку лек да се бара.
  • Кога е војна, никој никому не му е брат.
  • Златен синџир слобода не дава.
  • Кој сака војна, нека ја има дома!
  • Војната е како облак, некого оросува, а некого покосува.
  • Стапот има два краја.
  • Со глава ѕид не се пробива.
  • Секоја мака не е до века.
  • Јунаковата мајка најпрвин заплакува.
  • Искрата прави голем оган.
  • Најмногу луѓе умираат в кревет, а од креветот никој не се плаши.
  • Света е одмаздата.
  • На непријателот кој бега прави му широк пат.
  • Лесно е покрај чашата да се биде јунак.
  • По битката, копјето в трње.
  • Покорната глава сабја не ја сече.
  • Кој многу се заканува, од него не плаши се.
  • Лесно е со туѓи раце за жешко железо да се фаќаш.
  • Не се гине повеќе од еднаш.
  • Кој многу се плаши од ветрот, нека не оди на море.
  • Каде има јунаци - лелекање; каде има девојки - таму пеење.
  • На маката се познаваат јунаците.
  • Мртвиот лесно можеш да го исечеш.
  • И пчелата, бранејќи го своето, животот го губи.
  • Златото во огнот се испробува, а човекот во неволјата.
  • Подобро е чесно да се умре, отколку срамно да се живее.
  • Никогаш и никаде утката не испилила сокол.
  • Стојановата мајка плаше, а Бегановата се радува.
  • Нема одмазда без луд брат.
  • Кој се мачи, тој ќе се измачи.
  • Нема волк по кого не лаат кучињата.
  • Страшливецот се заканува, сиракот колне, а слабиот плаче.
  • Плашливиот пес многу лае.
  • Од мирот глава не боли.
  • Добриот јунак не умира дома.
  • Нема јунак без опинок.
  • Нема полза од мртов јунак.
  • Мртвиот орел не може да лета.
  • Младите во битката, а старите во советот треба да се слушаат.
  • Страшливецот дома си доаѓа.
  • Кој самиот се советува, самиот и гине.
  • Тешко на светот кога лудите ќе се појуначат.
  • Тешко земјата по која ќе помине војска.
  • Стекна слава, а загуби глава.
  • Роб секогаш, гроб никогаш.
  • Подобро гроб отколку роб.
  • Војната еден обогатува, а илјада упропастува.
  • Во стравот се големи очите.
  • Од две смрти никој не гине.
  • Истепаниот пес и од најмалиот камен се плаши.
  • Железото сече и дрво и камен, а и него р'ѓата го јаде.
  • Кој сака да живее во мир, треба да молчи и да трпи.
  • Пред да се смири ветрот, тогаш најсилно дува.
  • И глув и слеп треба да бид еоној кој сака да живее во мир.
  • Кој сече со меч, од меч гине.
  • Не му е грижа на орелот што јато врапци вика на него.
  • Лавицата раѓа едно, ама лав.
  • Бесен јунак - крвав нос.
  • Ако е гол, ама е сокол.
  • Стравот нема образ.
  • На песот што бега секој му вика.
  • Од изобилство светот не гине.
  • Еден мртов стотина живи плаши.
  • Од полната пушка се плаши еден човек, а од празната двајца.
  • Правдата ќе исплива.
  • Над силата, силата е правда.
  • Двајца без душа, а третиот без глава.
  • Од кантарот подобар кадија нема.
  • Чија е силата, негова е правдата.
  • Одземено - проклето.
  • Никој не може себеси да си биде судија.
  • Со една рака дава, а со две зема.
  • Виновникот и од сенката се плаши.
  • Мртвата уста не зборува.
  • Да беше паметта од судот како што беше до судот!
  • Правдата одамна погинала.
  • Лесно е вината на мртвиот да му се префрли.
  • Една штета, илјада гревови.
  • Во правото дрво громот повеќе пука.
  • Секој сака правда, ама не во својата куќа.
  • Ако знаеш што ти било, не знаеш што ќе ти биде.
  • Ако можам да ти купам капа, не можам памет.
  • Изгорениот кашата ја лади.
  • Лошо е кој не знае, а не сака да научи.
  • Од невештиот и гората плаче.
  • На туѓата будалштина се смееме, а од својата не се срамиме.
  • Блазе си му она оној што нема памет.
  • Добра е замислената, но уште подобра размислената.
  • Додека стебленцето е тенко треба да се исправува.
  • Целата мудрост не е во еден човек.
  • Слушај го мудриот збор на постариот.
  • Со будалата нема шега.
  • И мудрите некогаш грешат.
  • Подобро е да се умее отколку да се има.
  • Паметниот мисли што зборува, а лудиот зборува што мисли.
  • Подобро е да имаш во главата отколку во сандакот.
  • Утрото е помудро од вечерта.
  • Подобро е да измериш, па да кроиш.
  • На волкот не треба шумата да му ја покажеш.
  • Младите волови учат да ораат од старите.
  • Со мера мери, а со цена цени.
  • Коњите се мерат со педи, а луѓето со паметта.
  • Без мака нема наука.
  • Маката и неволјата го учат човекот.
  • Базе си му на оној кој ќе се опамети од туѓата штета, а тешко на оној кој мора од својата.
  • Полека, но сигурно.
  • Додека мудрите се надмудруваа, дотогаш лудите се наижуваа.
  • Слепецот за патот и будалата за совет не треба да се прашува.
  • Човекот учи додека е жив, па повторно луд умира.
  • Додека детето не падне, не може да научи да оди.
  • Ако знаеме каде сме се родиле, не знаеме каде ќе умреме.
  • Тешко на нозете под лудата глава.
  • Каде што има многу смеа, има малку памет.
  • И луѓето послушај ги, и својта памет имај.
  • Оној е мудар кој умее да биде и луд и паметен.
  • Испечи па речи.
  • Кој оди полека, далеку стигнува.
  • Кој прашува за патот, не заскитува.
  • Остарел, а памет не стекнал.
  • Кој нема во главата, има во нозете.
  • Пет занаети, десет неволји.
  • Тоа го знае и пијаната врана.
  • Кој многу зборува - или многу знае или многу лаже.
  • Тоа за него се шпански села.
  • Не знаеш, мајко, колку е тешко дете да родиш.
  • Кој умее, нему две.
  • Јас умеев а немав; ти имаше а не умееше - исто е.
  • Кој многу искусил, многу и препатил.
  • Кој многу ги менува мајсторите, ќе остане калфа.
  • Лесно е мудрите да ги советуваш.
  • Тешко на оној кој оди по туѓата памет.
  • Кога главата е луда, целото тело страда.
  • Еден човек не може сè да знае.
  • Ни стар бербер ни млад лекар не барај.
  • Лета како ждребе пред рудата.
  • Забите се граница на јазикот.
  • На очите треба повеќе да им се верува од ушите.
  • Однеси го магарето во Стамбол - магарето пак е магаре.
  • Лесно е плитка бара да заматиш и будалата да го налутиш.
  • Нагаѓањето не е погаѓање.
  • На мудрата глава едно око ѝ е доволно.
  • Слепиот слепецот го води, па двајцата во јамата.
  • Лудиот со свеќа не се бара.
  • Знам јас на која нога куцам.
  • Мудрост е да се трпи она што е за трпење.
  • Празното буре повеќе ѕвечи.
  • Пократкиот пат колата ја крши.
  • Во таа грмушка лежи зајакот.
  • Кој ќе му украде на крадецот?
  • Кој искусил, знае другите да ги советува.
  • Не врзувај го туѓото ѕвонче на својот овен.
  • Не се прашува каде седнал, туку како зборувал.
  • Старата лисица се чува од железото.
  • Кога будалата молчи, луѓето мислат дека е паметен.
  • Да можеше човекот да се роди двапати, секој ќе беше паметен.
  • Ништо поцрно од лошата памет.
  • Бројот чува сè.
  • Никој учен не се родил.
  • Знаење - имање.
  • Мудрата бубачка преде свила, а не пајажина.
  • Младата крв вели „да скокнеме“, старата „да седнеме“.
  • Човекот има само една пролет.
  • Да се ожениш млад рано е, а стар доцна е.
  • Веселата младост е најголема радост.
  • Младото дрво се витка, а старото се крши.
  • Кај стариот глава, кај младиот снага.
  • И на стариот волк му е мило јагненце да задави.
  • Ќе те праша староста каде ти помина младоста.
  • Стариот боледува, младиот не му верува.
  • Стариот Влав не може да се потурчи.
  • Стариот човек не го прашуваат што те боли, туку каде не те боли.
  • Никој не ја сака староста.
  • Старото дрво не се исправа.
  • Не стареат годините, туку деновите.
  • Староста е болест од која секој умира.
  • Младоста предлага, староста одлага, средината извршува.
  • Лошото говедо јунец до века.
  • Младите жени браќата ги делат.
  • Младото да го бакнеш и богатиот да го украдеш не е грев.
  • Младата утроба плод дава.
  • Младо - лудо.
  • Младост - радост.
  • Држи сè до старото вино и стариот пријател.
  • Кога стариот пес лае треба да се види што е.
  • Староста и сонот нè привикнуваат на смртта.
  • Кој не го сака братот за брат, тој ќе го добие туѓинецот за господар.
  • Секаде помини, но дома дојди си.
  • Секоја птица во своето јато лета.
  • Оној што го молиш не треба да го лутиш.
  • Двајца лоши го совладаа Милош.
  • Вчера везир денес резил.
  • Оној што слуша секого, лошо прави; оној што не слуша никого, уште полошо.
  • Со својот јади и пиј, но не тргувај.
  • Никој без маана не се родил.
  • Најширокото и најдолгото поле е меѓу човекот и нечовекот.
  • Тешко на овцата што се отуѓува од своето стадо.
  • Во туѓото око гледа сламка, а во своето греда не гледа.
  • Не може да му се погоди на светот.
  • Враната не ѝ копа очи на враната.
  • Кога си во орото, треба да играш.
  • Најтешко е да се биде човек.
  • Ако не можеш да ми помогнеш, не ми одмагај.
  • Општата мака не е тешка.
  • Кој падне сам нека не го обвинува другиот.
  • Дрвтото се потпира на дрво, а човекот на човек.
  • Без друштво нема јунаштво.
  • На немото дете ни мајката не може да му помогне.
  • Прво погледни се себеси, а потоа другите.
  • Најпрвин пред својата куќа исчисти.
  • Никому не му пишува на челото што е во него.
  • Никогаш не жали му се на оној што не страда како тебе.
  • Прво купи го соседот, па потоа куќата.
  • По мене, ако сака гората нека роди бисер.
  • Додека на еден не му се стемни, на друг не му се разденува.
  • Крвта не е вода.
  • Најдобриот разговор е со гусли.
  • Колку одиш повисоко, толку гранката е потенка.
  • Својот леб го јаде, туѓата грижа ја гледа.
  • Каде што нема мачка, таму глувците оро водат.
  • Во какво оро ќе се влета, таква песна се пее.
  • Во орото кога сакаш, од орото кога ќе те пуштат.
  • На другите прави им го она што сакаш тебе да ти прават.
  • Не кажувај сè што знаеш, не прави сè што можеш, не верувај во сè што ќе чуеш.
  • Тој би ја дал и крвта под грлото.
  • Кроткото јагне од две мајки цица.
  • Човекот не е јаболко за да го помирисаш.
  • Без луѓето нема живот.
  • Од еден камен не се прави град.
  • Во своето јато, гулабу!
  • Подобро гледаат четири очи отколку две.
  • Луѓето се густо посеани, а ретко никнуваат.
  • Во туѓата рака парчето секогаш е поголемо.
  • Туѓата коза има повеќе лој.
  • И злото и доброто – до луѓето.
  • Ничија заслуга ни добрина не треба да се гази.
  • Тешко на агата кого го фалат кметовите.
  • Облеката не го прави човекот.
  • Кој ќе тргне по туѓата волна, самиот дома истрижен се враќа.
  • Кој се крие од луѓето, подобро да го нема.
  • На високите смреки виорот врвовите им ги крши.
  • Нема потешко бреме од лошиот сосед.
  • Кого не го познаваш, гледај со кого се меша.
  • Каде и да се состанат луѓето, ги оценуваат другите, а не себе.
  • Отсекогаш посилниот го кршеле.
  • Лицето девојката ја мажи.
  • Лицето не ги крие годините.
  • Убавата жена ретко е чесна.
  • Каде си видел убава баба и мирно дете?
  • Убавото секому му е мило.
  • Убавите орото го водат, а грдите куќата ја водат.
  • Убавиот збор железна врата отвора.
  • И на трупецот стави му костум – ќе биде убав.
  • Не се живее од убавината, туку од добрината.
  • Богат е оној што не е должен, а малд е оној што е здрав.
  • Богат е оној што не бара од другите.
  • Богатиот јаде кога сака, а сиромашниот кога може.
  • Тешко е ситиот да го нагостиш, а богатиот да го даруваш.
  • Богатството никогаш не е сито.
  • Голиот не може да се соблече.
  • Во празна куќа ни кученцето не сака да влезе.
  • Просјаците не раздаваат.
  • Сиромавиот нема никаде пријател.
  • Голем град – голем глад.
  • На гладниот не треба да му проповедаш, туку да му дадеш да јаде.
  • Сиромаштијата нема родбина.
  • На сиромашниот лесно можеш да му помогнеш, но тешко можеш оној кој бил богат, па пропаднал.
  • Се најаде како сираче на задушница.
  • Сеното нека ни роди, а житото некаде ќе роди.
  • На срамежливиот слепец торбата му е празна.
  • Кога има добра волја, има сè.
  • Ако не сака Божиќ каша, тогаш децата сакаат.
  • Кога има леб, нема сол, кога има сол, нема леб.
  • Гладниот го разбира гладниот.
  • На гладниот пес и дивјачките му се слатки.
  • Жедниот и матна вода пие.
  • Просјакот има златен занает – шест дена лежи, а седмиот пред црквата седи.
  • Од празната куќа и глувците бегаат.
  • Ситиот не му верува на гладниот.
  • Каде што е тенко таму се кине.
  • Сиромаштијата не е срамота.
  • Не е богат оној што има, туку оној што бара малку.
  • Гладот нема очи.
  • На ситиот стомак ни добриот леб не му чини.
  • Залудно царот ми е роднина, кога јас сум просјак.
  • Што ако градот чини динар, кога немам динар.
  • Гозбата на сиромасите секогаш се претвора во пеење.
  • Нека се знае чија куќа е мрсна.
  • Додека има луѓе ќе има и капи.
  • Нуждата не купува, туку продава.
  • Окото на господарот коњот го гои.
  • Повеќе вреди жената што ќе заштеди отколку мажот што ќе заработи.
  • Со туѓи раце лесно е змии да фаќаш.
  • Ситата мачка глувци лови, а гладната краде по куќата.
  • Најтешко е да се започне.
  • Кој се плаши од работата, тој живее во беда.
  • На добриот слуга што и да му дадеш, малку е, а на лошиот што и да му дадеш – многу е.
  • За завршената работа нема приговор.
  • Железото се кова додека е жешко.
  • Загради плитко, а посеј ретко; загради ниско, па ајде веднаш на пазар по жито.
  • Кој се надева во другиот, слаба му е надежта.
  • Кокошката што многу кокодака, малку јајца носи.
  • Јас со окото, тој со скок.
  • Волците не јадат месо по порачка.
  • Занаетот е секојдневна добивка.
  • Зрно по зрно – погача, камен по камен – палата.
  • Ретко знае добро да стопанисува оној кој никогаш не служел.
  • На туѓите плеќи лесен е товарот.
  • Не се гои прасето пред Божиќ.
  • За тврдото дрво треба и тврд клун.
  • Каде што многу се зборува, малку се работи.
  • Кај ковачот најлоша секира.
  • Не сонувај колку што не можеш да исткаеш.
  • Оној што секогаш започнува, никогаш не завршува.
  • Теле за теле, иако не е шарено.
  • Дај со рацете, а барај со нозете.
  • Уште двата краја и средината, па сè е готово.
  • Изгубеното време тешко се надоместува.
  • Кај земјоделецот црни раце, ама бела погача.
  • Кој не градел куќа и не мажел ќерка, не знае што е трошок.
  • Без алат нема занает.
  • Мравката и пчелата нè учат како се печали.
  • Мувата орала стоејќи на рогот на волот.
  • Тивката вода брег рони.
  • Мрзата е полоша од болест.
  • Работи, па не плаши се од гладот.
  • Заборавеноста е знак на мрза.
  • Додека има грбови, ќе има и самари.
  • Добрата овца многу не блее, ама многу волна дава.
  • Ралото и мотиката светот го хранат.
  • Од мрзата нема поголем товар.
  • Силно е магарето, ама двајца товарат.
  • Женската работа никогаш нема крај.
  • Туѓата рака не печали.
  • На вредната девојка брзо ѝ доаѓаат сватови.
  • Еден час спиење пред полноќ е подобар од два по полноќ.
  • Полесно е да се стекне отколку да со сочува.
  • Нема леб без мотика.
  • Кој ја гледа туѓата работа, својата ја заборава.
  • Кој не умее да штеди, работата не му помага.
  • И белата брада лаже, а наѓубрената нива не лаже.
  • Колку што грмеше и немаше толку дожд.
  • По завршената работа нема многу каење.
  • Длабок е туѓиот џеб.
  • Лозјето не бара молитва туку мотика.
  • Бистра водичка, мирна главичка.
  • Подобро сит да пиеш вода отколку гладен вино.
  • Кој пие ќе се опие – кој игра на коњот ќе се убие.
  • Кој многу испил, тој среќа не донел.
  • Ракија никого никогаш не го направила човек.
  • Кој вечера вино, тој руча вода.
  • Кафето и ракијата ја растурија куќата.
  • Пијаното и лудото се исто.
  • Виното нема раце, ама за очи фаќа.
  • Виното и мудриот го спобудалува.
  • Од пијаниот и лудиот бега.
  • Човекот во пиењето, а коњот во калта се познаваат.
  • Ако е мажот пијаница, жената е маченичка.
  • На пијаниот морето му е до колена.
  • Виното и старецот го разигрува.
  • Оние што не пијат ракија, не знаат што е уживање.
  • Што мисли трезниот, пијаниот го кажува.
  • Пијаната глава не носи барјак.
  • Винце кисело – срце весело.
  • Човекот се надева додека има здив во него.
  • Децата се чудат на сè, а луѓето на ништо.
  • Не барај ручек во Бања Лука, кога ти е во раката.
  • Држам врабец, а чекам сокол.
  • На оној што сака да игра, лесно му се свири.
  • Никој не дава ништо за нешто.
  • Пуштија мувата на дланката, таа ќе замине во брадата.
  • Зајакот во шумата, а тој прави ражен.
  • Подобро врабец во раката отколку сокол во планината.
  • Подобро врабец во раката отколку гулаб на гранката.
  • Нема пари – нема ни пазар.
  • Она што не можеш да го имаш, немој да го посакуваш.
  • И сите овци и волците сити, тоа не може да биде.
  • Не ја чува торбата свети Никола, туку добрата врвка.
  • Подобро е своето јајце отколку туѓата кокошка.
  • Ние за волкот, а волкот меѓу овците.
  • Кој се фали, самиот се расипува.
  • Повеќе има денови од колбаси.
  • И парите и јарето – не може.
  • Водата и огнот се добри слуги, а лоши господари.
  • До средината на зимата ни глад ни студ.
  • Убава зима – сиромашна мајка.
  • Нема зима додека не помине Божиќ.
  • По утрото денот се познава.
  • Летото ќе светне и ќе помине.
  • На летната облачност и на зимската ведрина не треба да им се верува.
  • Зимо, бел гулабе, имаш волчји заби.
  • Сонцето секого еднакво го грее.
  • Да не беше ветрот, пајаците небото би го премрежиле.
  • Она што ќе го зафатат огнот, војската и водата, не може да остане.
  • Тивкиот дожд подобро ја натопува земјата.
  • Пролетниот снег од денес до утре.
  • Пред зората не може да се раздени.
  • Една ластовица не ја прави пролетта.
  • Огнот со слама не се гаси.
  • Шумата е најтоплата кошула.
  • Есента е богата, а зимата рогата.
  • Кога грми пред да капи, нема да има дожд.
  • Кој сака чесно, не може лесно.
  • Раката ја мие раката – образот двете.
  • Сè за образот, а образот за ништо.
  • Своето не го давај, а туѓото не го посакувај.
  • Едно мисли, друго зборува, а трето прави.
  • Потребата чесноста ја крати.
  • Нуждата законот го менува.
  • Злобата ја јаде душата како ‘рѓата железото.
  • Туѓото невратено – непростен грев.
  • Ветувањето – тешко долгување.
  • Ветувањето – на лудиот радување.
  • Чесниот човек лесно е да го измамиш.
  • Водата може да измие сè, освен црниот образ.
  • Сечие дело ќе излезе на виделина.
  • Кој ѕида куќа со туѓи воздишки, во неа нема да му седат внуците.
  • Најскапо е она што не е за продажба.
  • Чесноста е еднаква со животот.
  • На златото ‘рѓа не се нафаќа.
  • ‘Рѓата не се фаќа на злато.
  • Скриениот јаглен најлошо ќе те испече.
  • Никој никого не може да го засрами додека самиот не се засрами.
  • Нашла вреќата закрпа.
  • Волот се врзува за рогот, а човекот за јазикот.
  • Јазикот пресекол повеќе глави отколку сабјата.
  • Ќе се најде давател, ама нема враќач.
  • Најтежок товар е немирната совест.
  • Неплатен долг – непростен грев.
  • Готово како созлите кај жената.
  • Волкот влакното го менува, ама карактерот никогаш.
  • Златната облека срамот не го покрива.
  • Секоја мака некое време, а срамот цел век.
  • Птицата по перјето, а човекот по говорот се познава.
  • Подобро добар глас отколку златен пес.
  • Ако човекот не може да биде убав и богат како што би сакал, може да биде добар и чесен.
  • Малку има вистинска мера и цврста вера.
  • Една грижа лесно се носи, но не сто и една.
  • Лагата има плитко дно.
  • Лагата има кратки нозе.
  • Чаша по чаша, а по чашата вистината.
  • Со лажицата го залажува, а со дршката очите му ги копа.
  • Кој ќе излаже еднаш, другпат не му се верува дури и да ја зборува вистината.
  • На панаѓур девојка и на роса ливада никогаш не купувај.
  • Раната од ножот зарастува, а од јазикот никогаш.
  • Секоја шега – половина вистина.
  • Не можеа, а светот го изедоа.
  • И ѕидот има уши, и плотот има очи.
  • Не постои тајна која не се дознава.
  • Не постои волк по кој не лаат кучињата.
  • Во доброто е лесно да се биде добар.
  • Доброто лесно се заборава, а лошото никогаш.
  • Секому добар, а себеси најлош.
  • За еден добар ден многу лоши се претрпуваат.
  • Лоша сум, лошо ми е!
  • Лошо правел, полошо дочекал.
  • Покрај сувото и суровото дрво ќе изгори.
  • Во секое жито има плевел.
  • Бркајќи ја лисицата, го избркал волкот.
  • Секој човек е добар кога му е добро.
  • Добриот глас далеку се слуша, а лошиот уште подалеку.
  • Прави добро, не кај се, прави лошо, надевај се.
  • Подобро е од половина пат да се вратиш отколку по лошиот до крај да одиш.
  • Од лошото ждребе многупати добар коњ излегува.
  • Сребреното седло не го прави коњот добар.
  • Добрата овца малку блее, но многу млеко дава.
  • Полош е женскиот јазик отколку турската сабја.
  • Кој е лош дома, на пат е уште полош.
  • Добрата стока сама се продава, а девојката сама се мажи.
  • Кој им простува на лошите, им наштетува на добрите.
  • Инаетот е лош занает.
  • По секој дожд сонце грее.
  • Орото се врти наоколу.
  • Да правиш лошо и да се надеваш на добро не е можно.
  • Злото со зло се брка.
  • Кој прави зло, ќе го дочека.
  • Кој не го знае, скапо би го платил.
  • Злото нема да донесе добро.
  • На јазикот мед, а на срцето јад.
  • На човекот направи му стопати добро, а еднаш не направи му – сè е заборавено.
  • Ако ти е срцето како говорот, добар си.
  • Од лошото полошо и од доброто подобро има.
  • Што ми велиш, нека ми биде, што ми посакуваш, нека ти биде.
  • Лошата трева и по каменот расте.
  • Не треба бисерот пред свињите да се растура.
  • Добриот коњ има сто маани, а лошиот само една.
  • Додека е добар косачот, добра е и косата.
  • Никој не знае што е добро, само оној кој страдал од злото.
  • Косово Поле – почеток на неволјата.
  • Не си бил на Косово.
  • Поминал како Јанко на Косово.
  • Прокопсал како турскиот цар на Сента.
  • Од искра изгорела Москва.
  • Би го пуштил јас него, а тој не сака мене.
  • Навиката е една мака, а одвикнувањето две.
  • Тешкото време го расипува обичајот.
  • Ти стар, а јас млад.
  • Кажи Маро, од каде ќе дојдат сватовите.
  • Остана како мостот на Дрина.
  • Излези сонце да ги огреам рацете.
  • Времето ги прегради луѓето.
  • Додека има среќа, никогаш нема да има штета.
  • На несреќниот терзија иглата му се криви.
  • Никој никому не може да му ја земе среќата.
  • Среќната мајка децата ја закопуваат, а несреќната ги закопува децата.
  • Среќниот тешко се раѓа, но лесно живее.
  • Среќата никогаш не трае до крајот.
  • На несреќниот никогаш не може ситно да му се сомеле.
  • Несреќата не брка, туку чека.
  • Кога господ дава среќа, не прашува чиј си син.
  • Кога господ не дава, сè е попусто.
  • Со божја помош сè се може.
  • Господ е бавен, ама сè стигнува.
  • Постара е божјата од царевата.
  • Маката не ја зема душата, туку судниот ден.
  • Многупати најдобриот пливач се дави.
  • Кој се родил за бесилка, од пушка не погинува.
  • Не е кому е речено, туку кому е судено.
  • Нсреќен живот – долг век.
  • Децата се среќа.
  • Среќата суди, а паметот се труди.
  • Лошата судбина го натерала орелот да зимува со кокошките.
  • Од судбината никој не може да побегне.
  • Средната среќа е најдобра.
  • Во среќата се надева лудиот, а паметниот во својот труд.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Narodne poslovice. Beograd: Rad, 1964.