Српски конзулат во Битола

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Српскиот конзулат во Битола

Српскиот конзулат во Битола бил отворен во 1889 година како последица на конзуларната конвенција меѓу Кралството Србија и Османлиското Царство. Конвенцијата подразбирала отворање на српски конзулати во Косовскиот, Солунскиот и Битолскиот вилает, односно во Скопје, Солун и Битола. Конзулатот почнал со работа на 9 мај 1889 година со задача да ги штити интересите на Србите во оваа област, како и да работи на отворање на српски училишта. Прв конзул бил Димитрије Боди.[1]

Извештај на конзулот Михаило Ристиќ до министерот на надворешни работи за настаните во Битолскиот вилает по Илинденското востание. (Битола, 29 јули, 1903 година)

Конзули[уреди | уреди извор]

Име Година
1. Димитрије Боди (1889 – 1895)
2. Миливоје Васиљевиќ (1895 – 1896)
3. Милојко Веселиновиќ (1897 – 1899)
4. Михаило Ристиќ (1899 – 1903)
5. Светислав Станојевиќ (1903 – 1907)
6. Живојин Балугџиќ (1907)
7. Љубомир Михаиловиќ (1907 – 1912)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]