Сретсело (Мршевци)

Координати: 42°2′20″N 21°38′58″E / 42.03889° СГШ; 21.64944° ИГД / 42.03889; 21.64944
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сретсело


Местоположба 42°2′20″N 21°38′58″E / 42.03889° СГШ; 21.64944° ИГД / 42.03889; 21.64944
Основни податоци
Место Мршевци
Општина Илинден
Тип

 населба


Период младо камено време
Портал „Археологија“

Сретселоархеолошко наоѓалиште во скопското село Мршевци. Претставува населба од младото камено време.

Опис[уреди | уреди извор]

Старото селско јадро „Сретсело“ лежи на издолжена тераса, со површина од 3 хектари, која на западната страна е засечена со суводолица, на јужната е отворена кон полето, а на другите две страни е поткрената и поврзана со околните височинки. Куќите на овој дел на селото се подигнати на теренот од некогашната младо камена населба. Првите информации за нејзиното постоење потекнуваат од двајца мештани кои во текот на 1987 година, при копање на темели за новоградби, оддалечени околу 100 м една од друга, откриле интересен керамички материјал. Интервентното ископување покажало дека се работи за останоци од населба со два хоризонта на живеење. Во постариот хоризонт биле откриени две огништа направени од глина врз подлога од камен и керамички делови, делови од куќен лепеж, голем број делови од керамички садови, култни предмети и орудија од кремен и камен. Временски и културно овие наоди се идентични со наодите од Тумба од Маџари, што кажува дека населбата од овој хоризонт му припаѓа на средното младо камено време од културната група Анзабегово-Вршник (II-IV). Керамиката од помладиот хоризонт е разновидна и мошне квалитетна и кај неа се издвојуваат садови од двоконусн профилиран стомак, украсувани со канелури и врежување и со држалки во облик на рокче, кршало или петлица. Типолошки е слична со керамиката од Зелениково II, што значи дека овој слој од населбата е од времето на доцното младо камено време.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 379-380. ISBN 9989649286.