Средорек (село)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Средорек, Прилепско)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Средорек
Средорек is located in Македонија
Средорек
Местоположба на Средорек во Македонија
Координати 41°24′36″N 21°21′41″E / 41.41000° СГШ; 21.36139° ИГД / 41.41000; 21.36139Координати: 41°24′36″N 21°21′41″E / 41.41000° СГШ; 21.36139° ИГД / 41.41000; 21.36139
Општина Општина Долнени
Население 52 жит.
(поп. 2002)
Средорек на општинската карта
Средорек во Општина Долнени.svg

Атарот на Средорек во рамките на општината

Средорек е село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.



Географиja и местоположба[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во Прилепското Поле, оддалечено 11 километри западно од општинскиот центар Долнени и 23 километри северозападно од Прилеп.

Историja[уреди | уреди извор]

Во пописните дефтери од 1467/68 година во Средорек имало 14 христијански семејства; во 1481/82 – 17 семејства; во 1544/45 – 29 семејства, 4 неженети и 2 вдовици, како и 13 муслимански семејства; во 1568/69 – 7 христијански семејства, 2 неженети и 2 вдовици.

Економија[уреди | уреди извор]

Демографија[уреди | уреди извор]

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Средорек живееле 210 жители, сите Македонци.

Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Средорек имало 120 Македонци, егзархисти.[1]

Според пописот од 2002 година, во селото Средорек живеат 52 жители, сите Македонци.[2]

На табелата е прикажан бројот на население низ сите пописни години:[3]

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 540[4] 120[1] 140 156 182 179 141 82 71 52

Родови[уреди | уреди извор]

Средорек е македонско село.

Родови во селото се: Качаровци (4 куќи) доселени се од селото Дабјани, а некогаш живееле и во Кривогаштани; Филиповци (3 куќи) доселени се од селото Кутлешево; Шамаковци (3 куќи) Доселени се од селото Горно Житоше, ја знаат следната генеологија Ристе (жив на 28 год. во 1950тите) Нове-Ташко-Толе-Момир-Костадин, од Горно Житоше се доселил предокот Ташко; Мавцовци (3 куќи) потекнуваат од тројца браќа кои се доселиле од Прилеп; Зиско (1 куќа) доселени се од Крушево, овде живеат само преку лето; Клаповци (2 куќи) доселени се од Новоселани; Гулевци (2 куќи) од Горно Житоше најпрво се иселиле во Сарандиново, а во 1930 година дошле овде; Блажевци (1 куќа) доселени се од селото Кошино каде род им биле Стојчевци, и таму биле староседелци; Цуцуловци (4 куќи) од Горно Житоше најпрво се населиле во Бело Поле, па од таму во 1928 година дошле во Средорек; Поречанци (1 куќа) доселени се од поречкото село Могилец во 1935 година.

Албанци: во селото има и еден албански род, тоа е Ајдаровци (1 куќа) доселени се во 1947 година од кичевското село Папрадиште. Овде живеат само преку лето.

Општествени институции[уреди | уреди извор]

Администрација и политика[уреди | уреди извор]

Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]

Цркви[5]
Археолошки локалитети[6]
  • Гробишта - некропола од непознат период;[7]
  • Чука - неопределено од непознат период;[7]

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Личности[уреди | уреди извор]

Култура и спорт[уреди | уреди извор]

Иселеништво[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp.150-151.
  2. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.
  3. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година) *Државен завод за статистика http://makstat.stat.gov.mk.
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.237.
  5. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  6. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. ISBN 9989649286. 
  7. 7,0 7,1 Јован Ф. Трифуновски, Битољско - Прилепска котлина, Антропогеографска проучавоња, Београд 1998

Надворешни врски[уреди | уреди извор]