Соборени светла

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Средни светла)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карактеристики на снопот на соборените светла
Пиктограми на соборените светла на инструмент-таблата

Соборени светла или средни светла – делови од возилата кои служат за осветлување и се користат за осветлување на патот ноќе или во услови на намалена видливост. Истите служат и возилата да бидат лесно забележливи од другите учесници во сообраќајот.

Користење[уреди | уреди извор]

Во сообраќај на пат, дење и ноќе, за време на управување со возилото, возачот на возилото задолжително треба да ги има запалено најмалку соборените светла за осветлување на патот. [1]

Предвиденото користење на соборените светла и дење е со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. За зголемување на безбедноста на патиштата Европската комисија дала препорака сите возила произведени после 2011 година да бидат опремени со дневни светла[2]. Во Македонија употребата на дневни светла не е законски регулирана.


Користење на дневни светла (соборените или посебните дневни светла) е задолжително покрај другите и во следниве земји (нецелосен список): Австрија, Бугарија (од 1 ноември до 1 март), Данска, Естонија, Исланд, Италија, Канада, Кипар, Летонија, Литванија, Македонија, Молдавија, Норвешка, Полска, Словенија, Србија, Унгарија, Финска, Црна Гора, Чешка, Швајцарија и Шведска.

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]