Средна Данска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Средна Данска
Region Midtjylland
—  Регион во Данска  —
Најголем град Орхус
главен Виборг
Градови во Данска
Управа
 • Претседател Бент Хансен
Површина
 • Вкупна 13.053 км2
Население (2008)
 • Вкупно 1.237.041 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Портал regionmidtjylland.dk

Средна Данска или Среден Јитланд (дански: Region Midtjylland) — еден од 5-те региони во Данска, сместен во средишниот и западниот дел на државата, а во средината на островот Јитланд. Управното седиште е градот Виборг, а најголем е Орхус.

Положба и граници[уреди]

Средна Данска го опфаќа средишниот и заадниот дел на Данска и се простира повеќе на копното, а помалку на островите. Границите на регионот се:

Природни услови[уреди]

Средна Данска е претежно на копно, т.е. на олуостровот Јитланд, додека со помал источен дел на повеќе мали острови. Најголем остров од нив е островот Семсе, а Анхолт е познат по положбата во рамките на протокот Категат. Западниот брег(Северно Море) исто така е разгранет, но е во вид на лагуна и крајбрежни превлаки.

И копнениот и островскиот дел се претежно рамничарски, а надморската височина е до 100 м(на северот на регионот ). Меѓутоа, тука се наоѓа и највисоката точка во државата, Мелехеј(170м). На даденото подрачје нема значајни водотеци, а постојат многу мали езера со ледничко потекло. Во крајбрежното подрачје има многу мочуришта, а поголемиот дел е под земјоделско одгледување.

Население[уреди]

Според последниот попис од 2010 година во регионот Средна Данска живеат 1,2 милиони жители. Поголемиот дел од населението се етнички Данци, а насеението е претежно рурално, за разлика од просекот на државата.

Густина на населеност на регионот е близу 95 жит/км², што е доста испод државниот просек (127 жит/кm²). Источниот дел на копното е подобро населен отколку зпадниот дел и малите острови.

Општини во Средна Данска[уреди]

Во регионот има вкупно 19 општини и тоа:

Градови во Средна Данска[уреди]

Значајни градови во Средна Данска се:

Види исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]