Сребреник

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Сребреник
Сребреник
Местоположба на градот
Местоположба на градот
Сребреник се наоѓа во Босна и Херцеговина
Местоположба на градот
Координати: 44°42′ СГШ 18°29′ ИГД / 
Земја  Босна и Херцеговина
Entity Федерација Босна и Херцеговина
Кантон Тузлански кантон
Управа
 • Општина Градоначалник Нихад Омеровиќ
Површина
 • Вкупна 248 км2
Надм. вис. 252 м
Население (2013)
 • Вкупно 42.762
 • Густина 172/км2
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Повик. бр. +387 35
Мреж. место http://www.srebrenik.ba

Сребреник — град и општина во североисточниот дел на Босна и Херцеговина, како дел од Тузланскиот кантон. Најблискиот град од Сребреник е градот Тузла кој се наоѓа северозападно. Според податоците од пописот во 2013 година, Сребреник има 7.163 жители.

Историја[уреди | уреди извор]

Сребреник во историјата за прв пат се споменува во 1333 година. Првите пишани документи за постоењето на овој град се доаѓаат од Повелбата на Стефан II Котроманиќ, кој како босански бан ги отстапил на Република Дубровник градовите Стон и Пелешац, отварајќи ги трговските патишта на Дубровник кон Босна.

Во тоа време Сребреник бил главен град на средновековна Босна со која владееле династијата Котромановиќ. Во тоа време Босна се простирала на територијата од Савс на север, Задар и Книн на запад и Херцег Нови на југоисток. Унгарскиот кралот Матијаш Корвин во октомври 1464 со својата војска извршил инвазија во североисточна Босна и го освоил Сребреник. Во овој дел била формирана бановина на чело со Никола Иљочки.

Географија[уреди | уреди извор]

Сребреник се наоѓа во долината на Тиња, на патниот и железничкиот правец Брчко-Тузла-Сараево. Просечната надморска височина е 199 метри, на подрачјето на општината е 249 km². Во оваа област во 1991 година живееле 40.796 луѓе. Општина Сребреник е опкружена со планинските масиви и Мајевице и Требаве. Населението во градот и околните села главно се занимаваат со сточарството и овоштарство.

Население[уреди | уреди извор]

Сребреник
Година 1991. 1981. 1971.
Муслимани 4.532 (85,44%) 3.625 (87,37%) 2.023 (93,13%)
Срби 172 (3,24%) 147 (3,54%) 80 (3,68%)
Хрвати 87 (1,64%) 69 (1,66%) 31 (1,42%)
Југословени 351 (6,61%) 257 (6,19%) 15 (0,69%)
Останати 162 (3,05%) 51 (1,22%) 23 (1,05%)
Вкупно 5.304 4.149 2.172

Спорт[уреди | уреди извор]

Во градот се наоѓа и седиштето на фудбалските клубови ОФК Градина кој настапува во Првата фудбалска лига на Босна и Херцеговина. ОФК Градина своите домашни натпревари ги игра на Градскиот стадион кој има капацитет од 5.000 гледачи. ОФК Градина бил основан во 1953 година и како најголем успех го има постигнато во сезоната 2011-12 кога бил шампион како дел од Босанската фудбалска лига.

Освен фудбалскиот клуб, во градот се наоѓаат и седиштата на КК Сребреник, ОК Сребреник и РК Сребреник 04.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]