Сребро (хералдика)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Сребрена (хералдика))
Сребрена боја на штит, колоритна и шпартана (празно поле)
Сребрена боја на штит, колоритна и шпартана (празно поле)

Во хералдиката, сребрената е боја на сребро, и припаѓа на класата светли бои, наречени „метали“. Оваа боја мошне често се среќава како бела и обете се сметаат за еквивалентна и меѓусебно заменливи. При шпартање, полињата кои треба да бидат сребрени се оставаат празни, или се означуваат со кратенката С[1] во нив.

Кај некои историски ликовни прикази на грбови среќаваме примена на сребрен лист на полињата кои тоа го означуваат. Со време, сребрениот слој потемнувал, и затоа денес стручњаците наоѓаат на потешкотии да ги различат деловите што треба да се сребрени и оние што треба да се црни. Ова доведува до погрешен заклучок дека се работи за кршење на правилото за бои. Во вакви случаи сребрената била поставена веднаш до темна боја, но сега изгледа како црна до темна боја како резултат на потемнувањето.

Сребрена и бела[уреди | уреди извор]

Во португалската хералдика белата и сребрената се сметаат за засебни бои, за што сведочи грбот на општината Сантјаго до Касем Архивирано на 3 февруари 2008 г. во Португалија, каде белата боја на облеката на Арапот и коњот се разликува од сребрената боја на оддалечениот замок. Истото се среќава и на грбот на Логистичката и административна команда на Португалското воздухопловство.

Симболика[уреди | уреди извор]

Сребрената боја се смета дека ги претставува следниве нешта:

Наводи[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]