Србофилија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Статии поврзани со јужнословенскиот народ
Срби
Serbian Cross.svg

Српска култура
Книжевност · Музика
Уметност · Кинематографија
Кујна · Народна носија

Историски српски земји
Бела Србија · Рашка · Дукља
Захумје · Босна · Херцеговина
Зета · Косово и Метохија · Војводина
Лика · Кордун · Банија · Славонија

Српски наречја и говори
Српски јазик
Штокавски дијалект · Екавски изговор
Јекавски изговор · Икавски изговор
Торлачки дијалект · Шатровачки говор

Религија
Српска Православна Црква
Свети Сава · Пеќска патријаршија

Историја
Потекло · Владетели
Немањиќи од Србија
Обреновиќи од Србија
Караѓорѓевиќи од Србија

Oстанати статии поврзани со Србите
Србофобија · Србоманија
Велика Србија · Југословенски војни
Познати Срби · Знаме на Србите
Оцила

Србофилија е поим кој во најопшта смисла означува симпатии, наклоност, почит, поддршка кон српската култура, српскиот народ и Србија. Србофилијата е најприсутна кај народите кои се најблиски и сродни со Србите.

Србофилијата може да е последица на различни причини: од едноставна фасцинација и восхит од српската култура и народ, сѐ до наследниот фактор (кај припадниците од етнички мешани бракови кај кои еден од родителите е од српска националност).

Србофилијата е особено присутна меѓу Црногорците и Македонците, но пред сѐ како последица на етнолошко-култоролошка блискост. Кај Македонците особен придонес за ова дал и процесот на присилна србизација спроведуван од српската власт во Македонија во периодот од Балканските војни, па сѐ до крајот на Втората светска војна, како и блиските контакти и заедничкиот живот на овие два народи во поранешна Југославија. Наспроти србофилијата (како условна средина) стојат други два екстремистички поими: србофобијата (одбивност кон српското) и србоманијата (отфрлање на сопствениот етнички идентитет за сметка на српскиот).

Поврзано[уреди | уреди извор]