Спортска сала Борик
Спортска сала Борик — повеќенаменска спортска сала во Борик, Бања Лука, РС, БиХ . Салата има капацитетот од околу 4.000 седишта. Моментално е домашен терен за БК Борац и РК Борац, како и за многу други спортски клубови од Бања Лука. Покрај спортски настани, во салата се одржуваат и музички концерти, саеми и други културни настани.
Салата Борик официјално била отворена на 20 април 1974 година во 18 часот и 30 минути со ракометен натпревар помеѓу Борац и Витекс од Високо, во кој Борац победил со резултат 29:25, а првиот гол во новата спортска сала го постигнал играчот на Витекс, Фикрет Хурем.
По повод 20-годишнината од основањето на Република Српска и Денот на Република Српска, салата на 9 јануари 2012 година се одржала свечена академија на која присуствувале многу официјални лица.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Јавна установа СЦ Борик -
- Борик сала на (језик: српски)