Спомен-куќа на Јордан Хаџи-Константинов Џинот

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Спомен куќата на еден од најзначајните македонски просветители и преродбеници Јордан Хаџи Константинов - Џинот е изградена на левата страна на реката Вардар, во велешкиот сокак.

Куќата се одликува со специфична стaроградска архитектура во која доминираат ѕидови од кршен камен, жолта фасада, дрвени столбови и дрвена ограда со тобозани. Чардакот е динамичен, на три нивоа и во квадратна форма се надвиснува над високиот камен.

Поради специфичната стaроградска архитектура и историското значење на куќата на еден од најголемите преродбеници, Министерството за култура и Заводот за заштита на спомениците на културата оваа куќа ја прогласија за споменик на културата. Општина Велес тековно работи на реставрација на куќата која ќе биде претворена во спомен музеј посветен на животот и делото на Јордан Хаџи Константинов-Џинот.