Спомен-костурница (Кавадарци)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спомен-костурница
Поглед кон споменикот
Карта
Општи податоци
ГрадКавадарци
ЗемјаМакедонија
Завршена7 септември 1976
СопственикОпштина Кавадарци
Проектирање и изградба
ИнженерПетар Муличковски

Спомен костурницата во Кавадарци — монументален споменик кој симболизира стара македонска куќа која претставува вечен дом на паднатите борци. Во неа се сместени посмртните остатоци на загинатите борци од Кавадарци, жртви на фашистичкиот терор од НОВ во периодот од 1941-1945 година, кои се наоѓале во непосредна близина на Кавадарци. Во нејзината внатрешност на гранитни плочи се испишани нивните имињата. Спомен костурницата е изработена од бетон. Откриена е на 7 септември 1976 година. Таа е дело на Петар Муличковски, професор на Архитектонскиот факултет во Скопје.[1]

Опис[уреди | уреди извор]

Објектот се наоѓа на надморска височина од 305 метри и од таму се гледа панорамата на Кавадарци и на Тиквешијата. Таа претставува стилизирана македонска куќа оградена со бетонски ѕидови со дебелина од 3 метри. Долниот заграден дел го претставува внатрешниот двор на куќата кој продолжува во надворешен двор во форма на амфитеатар. Во долниот дел се влегува преку две железни врати (јужна и северна) на кој се претставени гроздови. Тие водат во отворениот дел на костурницата каде е сместена галеријата на хероите. Порано ѕидовите биле празни и во нив биле сместени моштите на загинатите, но во последните неколку години нивните ковчежиња за да се заштитат се преместени во Градскиот музеј. Тука се наоѓаат дваесетина формирани мермерни плочи на кои се испишани повеќе од триста имиња, поточно 328 имиња на борци кои се загинати во НОВ. Потоа преку скалила во средината на објектот кои спирално водат нагоре, се влегува во затворениот дел со висина од 12 метри, кој претставува стилизирана македонска куќа со испирација од охридска куќа. Овој затворен дел е поделен на два спрата кои асоцираат на чардаци во чии ѕидови има отвори кои ги симболизираат прозорците.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Споменици“. Општина Кавадарци. Посетено на 2011-06-19.[мртва врска]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]