Спомен-куќа - музеј на НОВ и револуција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спомен-куќа музеј на НОВ и револуцијата
Основан28 септември 1981
МестоБулевар „Гоце Делчев“
Скопје, Македонија
Типмеморијален музеј

Спомен куќа – музеј на НОВ и револуцијата, се наоѓа на булеварот „Гоце Делчев“ меѓу Институтот за национална историја, Судската палата и факултетскиот комплекс „Св. Кирил и Методиј“, изградена врз темелите на урнатиот објект. Нејзини автори се архитектите Александар Николски и Владимир Пота, а откриена е на 28 септември 1981 година.[1]

Историска позадина[уреди | уреди извор]

Спомен-плоча која првично се наоѓала на овој објект

Членовите на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија ја зеле под наем оваа куќа, уште пред почеток на Втората светска војна, во која непречено можеле да ги обавуваат своите активности. За да се избегне сомневање, во куќата се вселило семејството на Глигор Михајловски – Гиго, комунист и револуционер, а низ годините, во куќата престојувале: Светозар Вукмановиќ – Темпо, Сретен Жујовиќ, Кузман Јосифовски Питу, Орце Николов, Цветан Димов, Мирче Ацев, Блажо Орландиќ, Добривое Видиќ и други револуционери.

Во текот на НОБ, во куќата престојувало највисокото партиско и воено раководство на Македонија. Овде се одржувале состаноците на Покраинскиот комитет. Во мај 1941 година Лазар Колишевски во оваа куќа се состанал со Методија Шаторов - Шарло, а едно од судбинските решенија што биле донесени во оваа куќа било решението за вооружено востание на македонскиот народ. По ова решение, Покраинскиот комитет ги организирал партизанските одреди.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Крсто Здравковски: „Да не се заборави“, Архив на Скопје, 1982 г., стр. 27
  2. Крсто Здравковски: „Да не се заборави“, Архив на Скопје, 1982 г., стр. 28