Струмичанка под маска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Струмичанка под маска
Strumičanka pod maska, Strumica, 2017-10-19.jpg
Координати41°26′20.1″N 22°38′16.2″E / 41.438917° СГШ; 22.637833° ИГД / 41.438917; 22.637833Координати: 41°26′20.1″N 22°38′16.2″E / 41.438917° СГШ; 22.637833° ИГД / 41.438917; 22.637833
МестоПлоштад „Гоце Делчев“
ПроектантНаташа Божарова - Пијанманова
МатеријалБронза
Отворен10 декември 2010 г.
Посветен наСтрумички карневал

Струмичанка под маскаспоменик на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица, кој ја претставува карневалската традиција како важен елемент на културниот идентитет на градот и неговите жители.

Споменикот е поставен на платото од плоштадот, како дел од реконструкцијата на градскиот плоштад, која официјално завршила на 10 декември 2010 година. Автор на споменикот е македонската вајарка Наташа Божарова – Пијанманова.[1], а самиот споменик го симболизира значењето на Струмичкиот карневал за градот.[2]Изработен од бронза, споменикот му е посветен на познатиот струмички карневал кој традиционално секоја година се оджува по повод тримерските празнувања и почетокот на големите велигденски пости.

Бронзената фигура, изработена во природна големина, во едната рака држи карневалска маска, а во другата знаме со релјеф на грбот на Струмица. На четирите страни од мермерното постолје се испишани податоци за надморската височина, географската широина и други корисни информации поврзани со Струмица и регионот.

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]