Список на споменици на природата на Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ова e список на спомениците на природата на Македонија. Некои од нив се прогласени со посебен закон донесен во Собранието на РМ, а некои со одлуки на општините. Според Законот за заштита на природата, овие заштитени подрачја припаѓаат на категоријата III на МСЗП.[1]

Список на споменици на природата[уреди | уреди извор]

Име на споменикот Површина
(хектари)[2]
Прогласен[2] Место и општина Координати Опис
Бањичко Кале 200 1983 Бањица, Чашка 41°41′41″N 21°37′41″E / 41.6947° СГШ; 21.6280° ИГД / 41.6947; 21.6280 (Бањичко Кале) Наоѓалиштето се наоѓа околу 3 км западно над селото. Во варовнички плочи била најдена богата морска фауна составена од школки, амонити и полжави. Профилот е особенит за базалтниот дел на горна креда и по богатството на фосилните асоцијации спаѓа во редот на најинтересните наоѓалишта.
Белешничка Река 3,906 2001 Белица, Македонски Брод 41°41′16″N 21°18′39″E / 41.6878° СГШ; 21.3107° ИГД / 41.6878; 21.3107 (Белешничка Река) Извориштето и се наоѓа на западните падини на Јакупица, на селото, на надморска височина од 570 м. Иако оваа река има кус водотек од 5,2 км, таа има многу интересен пејсаж, особено во нејзиниот горен тек. Во сливот на реката има поголем број на спелеолошки предмети кои се истакнуваат по богатството со украси.
Вевчански Извори 1,370[3] 1999
20.03.2012[3]
Вевчани, Вевчани 41°14′27″N 20°33′44″E / 41.2408° СГШ; 20.5622° ИГД / 41.2408; 20.5622 (Вевчански Извори)
Див Прнар на Висока Чука 1977 Петрово и Габрово, Гевгелија 41°16′26″N 22°19′26″E / 41.2738° СГШ; 22.3238° ИГД / 41.2738; 22.3238 (Висока Чука) Дивиот прнар или бодилката (Ilex aquifolium) се наоѓа на точката Висока Чука на шумското стопанство Кожуф - Гевгелија.
Гладница 52 1988 Гевгелија Оваа елова состоина се наоѓа во шумско стопанската единица Долница II која е сопственост на шумското стопанство „Кожуф“ од Гевгелија, во изворишниот дел на реката Дешница. Состоината е една од најзачуваните во шумскиот слив од источниот дел на Кожуф и се наоѓа на надмоска височина од 1560 до 1700 м. Тука се наоѓа асоцијацијата Fago-Abietetum meridionale.
Новоконска шума од гол човек 5 1987[4] Ново Конско, Гевгелија 41°10′00″N 22°25′00″E / 41.1666° СГШ; 22.4166° ИГД / 41.1666; 22.4166 Наоѓалиштето на видот гол човек (Arbutus andrachne) се наоѓа 2,5 км западно од селото Ново Конско, од десната страна на Конска Река. Особенита е асоцијацијата Phillyreo - Carpinetum arientalis. Во Македонија, Arbutus-от се наоѓа оддалечен од својот главен ареал по засолети и реликтни страништа и тоа само во кањонскиот дел на Црна Река и по долината на Конска Река.
Горна Слатинска Пештера 2 1953[5] Слатина, Македонски Брод 41°35′00″N 21°29′00″E / 41.5833° СГШ; 21.4833° ИГД / 41.5833; 21.4833 (Горна Слатинска Пештера)
Градешка Река ? 1996[4] Зовиќ, Новаци 41°06′32″N 21°43′51″E / 41.1088° СГШ; 21.7309° ИГД / 41.1088; 21.7309 (Градешка Река)
Демиркаписка Клисура 334 1960[5] Демир Капија 41°24′07″N 22°15′41″E / 41.4019° СГШ; 22.2615° ИГД / 41.4019; 22.2615 (Демиркаписка Клисура)
Дојранско Езеро 2,720[6] 1977
12.04.2011[6]
Дојран 41°12′42″N 22°44′49″E / 41.2116° СГШ; 22.7469° ИГД / 41.2116; 22.7469 (Дојранско Езеро)
Дојрански платани ? 1970[5] Нов Дојран и Стар Дојран, Дојран Чинарските стебла (Platanus orientalis) се наоѓаат покрај бреговата линија на Дојранското Езеро на потегот од пред влезот на Нов Дојран до Стар Дојран.
Дреновска Клисура 241 1991, 2017 Дреново и Раец, Росоман 41°26′12″N 21°52′10″E / 41.4366° СГШ; 21.8694° ИГД / 41.4366; 21.8694 (Дреновска Клисура) Наоѓалиштето се наоѓа во самата Дреновска (Дреначка) Клисура, на патниот правец Кавадарци-Прилеп. Границите на наоѓалиштето се природно определени, а порано зафаќала површина од 260 хектари. Тука е присутен сојузот Phragmition. Застапени видови: Moli nia coerulea Vor., Erianthus hostii, Adiantum copillus veneris, Pyracantha coccinea, Carex cuspidata.
Дувало 1979 Косел, Охрид 41°10′09″N 20°50′14″E / 41.1693° СГШ; 20.8371° ИГД / 41.1693; 20.8371 (Дувало)
Зрзе 135 1996 Зрзе, Долнени 41°30′45″N 21°20′00″E / 41.5126° СГШ; 21.3334° ИГД / 41.5126; 21.3334 (Зрзе)
Прељубишка јасика ? 1967 Прељубиште, Јегуновце Јасиковото стебло (Populus tremula) се наоѓа во непосредната близина до селото. Тоа е едно од најзачуваните и најзабележителните стебла од овој вид во Македонија. Височината на стеблото е преку 24 м, обемот е преку 8,60 м, а проекцијата на крошната е преку 18 м.
Калница 0.67 1960[5] Ваташа, Кавадарци 41°25′21″N 22°01′37″E / 41.4226° СГШ; 22.0270° ИГД / 41.4226; 22.0270 (Калница) Палеонтолошко наоѓалиште со множество на фосилни коски од ’рбетници главно од пикермиска фауна.
Камени Кукли 55 01.08.2008[7] Куклица, Кратово 42°06′19″N 22°03′18″E / 42.1052° СГШ; 22.0551° ИГД / 42.1052; 22.0551 (Камени Кукли)
Каласлари 153 29.04.1983 Горно и Долно Каласлари, Велес 41°41′48″N 21°49′08″E / 41.6968° СГШ; 21.8189° ИГД / 41.6968; 21.8189 (Караслари) Фосилното наоѓалиште било откриено во 1973 година при изградбата на автопатот Велес-Гевгелија. По множеството на пронајдените фосилизирани цицачи (коњи, жирафи, газели, свињи, кучиња и др.), ова наоѓалиште се вбројува во едно од најпознатите наоѓалишта кои досега биле откриени во светот.
Калиштански платани ? 1961[5] Калишта, Струга Чинарското стебло (Platanus orientalis) се наоѓа во дворното место на Калишкиот манастир на брегот на Охридското Езеро во Калишта.
Карши Бавчи 15 1967 Кратово, Кратово 42°04′34″N 22°10′43″E / 42.0760° СГШ; 22.1785° ИГД / 42.0760; 22.1785 (Карши Бавчи) Се наоѓа на падините на возвишението Баба кај градот. Претставува формација на вулкански карпи. Во непосредна близина се и кратовските борови кои исто така се споменик на природата.
Катлановски Предел 5,442[5] 1991[5][8] Петровец 41°52′05″N 21°42′32″E / 41.8681° СГШ; 21.7088° ИГД / 41.8681; 21.7088 (Катлановски Предел) Се наоѓа на местото каде што реката Пчиња во всекла своето корито во Катлановскиот Рид и изградила куса клисура. На овој простор е присутна специфична појава на отворена пукнатина од неотектонско потекло, низ која повремено се дистрибуираат термоминерални води, од кои биле наталожени впечатливи драперасти наслаги на бигор. Должината на пукнатината изнесува 350 м, а ширина на отворот е до 30 см. Тука се среќава асоцијацијата Erythronio - Carpinetum orientalis. На левата страна на Приња непосредно крај одморалиштето на пензионерите, на падината околу 50 м над домот се среќава флората: Erythronium dens canis, Galanthus graecus, Scilla bifolia, Fritillaria graeca var. gussichiae, Anemone ranunculoides и други.
Кожле 85 27.01.1985 Кожле, Петровец Се наоѓа во Бадерската Клисура на Пчиња, југоисточно од селото Кожле. На овој простор во месноста Прнар и Корија постои своевидна мешана флористичка состоина од питома и дива фоја (Juniperus foetidissima и Juniperus excelsa). Пределот претставува северозападна ареална граница во Македонија.
Колешински Водопади 254 1985 Колешино, Ново Село 41°21′06″N 22°48′00″E / 41.3516° СГШ; 22.8001° ИГД / 41.3516; 22.8001 (Колешински Водопади)
Колешински платан 1986[5] Колешино, Ново Село 41°21′06″N 22°48′00″E / 41.3516° СГШ; 22.8001° ИГД / 41.3516; 22.8001 (Колешински Водопади) Две чинарски стебла (Platanus orientalis) кои се наоѓаат на мегданот во селото, чии висини изнесуваат преку 20-22 м.
Конопиште 69 1986 Конопиште, Кавадарци 41°14′12″N 22°05′01″E / 41.2366° СГШ; 22.0835° ИГД / 41.2366; 22.0835 (Конопиште) Се наоѓа на 1,5 км јужно од селото и претставува геоморфолошки предмет - природна појава на земјени столбови (земјени пирамиди), кои претставуваат исклучително интересни и многу ретки облици на интензивна ерозија на земјиштето. Предметот се наоѓа во една куса суводолница на десната долинска страна од реката Бошава, на надморска височина од 740 м.
Конче 66 1986 Конче, Конче Група од десет стебла од орев (Juglans regia), четири стебла од липа (Tilia grandifolia Ehrh.) и едно стебло од чинар (Platanus orientalis). Оваа група на стебла се наоѓа во дворното место на црквата „Св. Илија“ во селото.
Горнобелички костен 1996 Горна Белица, Струга Костеновото стебло (Castanea sativa) се наоѓа во атарот на селото и е едно од најзачуваните стебла од овој вид до Македонија. Висината на стеблото е преку 20 м, обемот му е преку 6,30 м, а проекцијата на крошната е преку 23 м.
Кратовски борови 1967 Кратово, Кратово Боровите стебла (Pinus sylvestris) се наоѓаат во местото викано Карши Бавчи во самиот град. Висината на стеблата е преку 18 м, а обемот на стеблата е преку 2,40 м, односно преку 2,80 м.
Локви - Големо Коњари 15[9] 14.09.2010[9] Големо Коњари, Прилеп Наоѓалиштето се наоѓа во Горна Пелагонија. Тоа се неколку дождовни локви расфрлени на необработена засолена почва која е користена како пасиште, наспроти селото Големо Коњари покрај патот Прилеп-Крушево. Досега ова е единствено наоѓалиште за ендемичниот вид вилинско радче (Chirocephalus pelagonicus). Типичниот биотоп на видот се неколкуте алкални темпорални локви со висока содржина на растворени соли. Од биогеографски аспект, видот припаѓа кон средоземниот комплекс на арбореални елементи, во епирската група на видови кои потекнуваат од терциерното рефугијано средиште на југозападен Балкан. Според Европскиот црвен список на без’рбетни претставници за слатководни екосистеми, видот Chirocephalus pelagonicus е сместен во категоријата загрозен (EN) B2c. Во рамките на заштитеното подрачје се среќаваат и други ретки видови: Imnadia yeyetta - критично загрозен (CR), Tanymastix motasi - загрозен (ED) и други.
Македонски даб во Трпејца ? 1967[5] Трпејца, Охрид Дабовото стебло (Quercus Macedonica) се наоѓата во селото и истото е најголемото стебло од овој вид во Македонија. Височината му изнесува преку 18 м, а обемот на стеблото е преку 4,60 м.
Манастир 35 1961 Манастир, Прилеп 41°10′59″N 21°43′31″E / 41.1831° СГШ; 21.7252° ИГД / 41.1831; 21.7252 (Манастир) Наоѓалиштето се наоѓа кај месноста Пули во близина на мариовското село. Претставува значајно наоѓалиште со фосилни остатоци од ’рбетници и макрофлора (Castana ataria, Querqus pseudocactanea Fagus, Populus (јасика), Acer (јавор) и други), кои се наоѓаат во вулканогено-седименталната низа со слојот на дијатомејска земја.
Маркови Кули 3,647 10.04.2006[10] Прилеп, Прилеп 41°24′36″N 21°33′30″E / 41.4101° СГШ; 21.5584° ИГД / 41.4101; 21.5584 (Маркови Кули)
Мајден 2003 Мајден, Кавадарци 41°09′29″N 21°56′43″E / 41.1581° СГШ; 21.9452° ИГД / 41.1581; 21.9452 (Мајдан)
Матка 6,575 1944, 1994 Матка, Сарај, Сопиште, Желино 41°55′12″N 21°14′28″E / 41.9200° СГШ; 21.2410° ИГД / 41.9200; 21.2410 (Матка)
Мачевска црна топола 1983 Мачево, Берово Црна топола (Populus nigra) која се наоѓа на 1 км источно од селото, од десната страна на реката Брегалница. Оваа топола е најголемото стебло од овој во источниот дел од Републиката. Височината на стеблото е преку 26 м, а обемот е преку 8,30 м.
Млечник 21 1964[5] Ташмаруништа, Струга 41°16′48″N 20°39′01″E / 41.2800° СГШ; 20.6502° ИГД / 41.2800; 20.6502 (Млечник) Се наоѓа на планината Караорман, на падините ориентирани кон Струшката Котлина, на надморска височина од 980 м. Поточна таа лежи под стрмнините на гребенот Млечник. Пештерата се состои од две сали меѓусебно поврзани со мал отвор. Во првата сала, на левата страна од влезот, се наоѓаат неколку прекрасни столбови, а на дното од десната страна се издига масивен сталагмит покрај кој се влегува во втората сала. Пештерата има спелеолошко знаење.
Мокрински платани 2 1988 Мокрино, Ново Село Состоината од чинар (Platanus orientalis), во која има поединечна примеси од костен (Castanea sativa), габер (Carpinus betulus) и евла (Alnus glutinosa) се наоѓаат во атарот на Мокрино и се распоредени во круг. Димензиите на сите стебла се прилично изедначени со висина од преку 18 до 22 метри, и пречник од преку 50 до 60 см.
Моноспитовско Блато 851 1987 Моноспитово и Банско, Струмица 41°23′39″N 22°46′21″E / 41.3941° СГШ; 22.7725° ИГД / 41.3941; 22.7725 (Моноспитовско Блато) Блато кое се наоѓа во подножјето на Беласица во Струмичкото Поле со надморска височина од 240 м. Во самото Блато растат Glyceria fluitans, Sparganium neglectum, Scirpus maritimus, Typha angustifolia, а по работ на Блатото каде што осцилира нивото на водата, се среќава шумска растителност со Alnus glutinossa, Periploca graeca, Acer tataricum, потоа Osmunda regalis, Pteridium aquilinum, Nephrodium thelipteris. Тука се среќава асоцијацијата Periploco - Alnetum glutinosae. Овде се мешаат средоземните со евроазиските видови кои секако се остатови од глацијалниот период во нашите краишта.
Мурите 62 1987 кај Бреза, Берово 41°41′30″N 22°58′37″E / 41.6916° СГШ; 22.9769° ИГД / 41.6916; 22.9769 (Мурите) Наоѓалиштето се наоѓа кај месноста Мурите на Малешевските Планини, на надморска височина од 1200-1400 м. Местото претставува мешана состоина од обична ела (Abies alba), балканска бука (Fagus moesiaca), бел бор (Pinus sylvestris) и европска смрека (Picea excelsa). Главен момент за прогласување на местото е што на релативно мал простор се среќаваат четири вида на дрвни видови и што смреката овде ја достигнуца најјужната и најисточната граница на нејзиниот ареал. Оваа состоина се наоѓа 16 к североисточно од Берово (оддел 10, потоддели б и в од шумско-стопанската единица Малешевски Планини II). Главен вид е елата бидејќи таа тука го достигнува најисточниот ареал во Републиката, додека пак смреката покрај најисточниот, го зазема и најјужниот ареал.
Смоларски платан ? Смолари, Ново Село Чинарски стебла (Platanus orientalis) со висина преку 21 м.
Орашац[11] 3 1967 Орашац, Куманово Наоѓалиштето се наоѓа на ридот, околу 500 м западно од селото, во седименти на горно јурски фли (титонски кат) биле откриени претставници на морска фауна - амонити, белемнити и школки, во литолошка средина од плочести песочници и варовници. Овој геотоп е особен дел од средоземната морска провинција од горна јура на територијата на Република Македонија, значаен за реконструкцијата на палео еколошкиште услови во геосинкалниот развој од тој период.
Орашачки даб 1967[11][12] Орашац, Куманово Дабовото стебло (Quercus pubescens Wild-Lanunginosa thuill) се наоѓа во близина на црквата „Св. Илија“, во атарот на селото. Стеблото е високо преку 20 м, со преку обем од 6 м, и распод на гранки од преку 20 м.
Орлово Брдо 2,241 01.04.2003 Црвени Брегови и Шеоба, Неготино 41°34′12″N 22°07′53″E / 41.5700° СГШ; 22.1313° ИГД / 41.5700; 22.1313 (Орлово Брдо)
Острово 29 1976 Трубарево, Гази Баба По осушувањето на Катлановското Блато во 1965 година, со мелиотаривните зафати во Скопската Котлина, како единствено одморалиште на птици преселници останала месноста Острово кај Трубарево. Тука се задржуваат поголем број од птиците пејачки кои се среќаваат во околината на Скопје.
Охридски алепски борови Охрид, Охрид
Охридски чемпреси Охрид, Охрид
Охридски чемпреси во црквата „Св. Климент“ Охрид, Охрид
Охридско Езеро 24,700 1977 Охридско и Струшко 41°02′14″N 20°43′08″E / 41.0372° СГШ; 20.7188° ИГД / 41.0372; 20.7188 (Охридско Езеро)
Превалец 14 1960 Превалец, Велес 41°42′18″N 21°45′09″E / 41.7049° СГШ; 21.7524° ИГД / 41.7049; 21.7524 (Превалец) Значењето на местото е во тоа што претставува прво откриено наоѓалиште со фосилни коски од цицачи - пикермиска фауна во Македонија. Наоѓалиштето случајно било откриено од германскиот истражувач Југман во 1917 година за време на Првата светска војна. Староста на фауната е одредена како долно плиоценска, а утврдени се многубројни родови и видои на фосилизирани цицачи и тоа: мајмуни, хипариони, жирафи, антилопи, газели, елени, мастодони, носорози, свињи, хиени и други животни. Помеѓу останатите видови, пронајдени биле и: Mesopithecus pentelici, Hipparion graciee, Traqoceras amaltheus и други.
Прељубишки тополи ? Прељубиште, Јегуновце
Преспанско Езеро 17,788.61[13] 1977
12.04.2011[13]
Ресен 40°53′07″N 21°00′32″E / 40.8852° СГШ; 21.0088° ИГД / 40.8852; 21.0088 (Преспанско Езеро)
Речица 1986[5] Голема Речица, Тетово 41°59′24″N 20°56′39″E / 41.9900° СГШ; 20.9443° ИГД / 41.9900; 20.9443 (Речица) Шестаесте стебла од липа (Tilia sp.). Истите се високи преку 18 до 28 м, со пречник од преку 40 до 76 см.
Ручица 1785 1969 Јакупица, Студеничани[14] Поранешен посебен резерват со борова шума од кривул (Pinus mugo) на планината Јакупица.[15] Првично бил прогласен за посебен резерват во 1969 година.[16] Се наоѓа северно од Солунска Глава кај месноста Ручица на надморска височина од 1500-2000 м. Подрачјето е заштитено поради што има единствена компактна зачувана состоина од борот кривул во Македонија, а истовремено тоа е најјужното наоѓалиште на ареалот на распростанување на Балканскиот Полуостров.
Скопска тврдина 1.34 (вкупно)
0.67 (Кале-Скопска тврдина)
0.67 (Скопска тврдина)
1987 Центар (Скопје) 42°00′09″N 21°26′00″E / 42.0025° СГШ; 21.4334° ИГД / 42.0025; 21.4334 (Скопска тврдина) Наоѓалиштето именувано Кале-Скопска тврдина се наоѓа на старите отсеци на југозападниот дел на тврдината. Се состои од плиоценски седименти во кои се наоѓаат бројни мошне добро зачувани остатоци од флора, но исто така и на слатководна езерска фауна.
Наоѓалиштето наречено Скопска тврдина се наоѓа на западната страна од тврдината и се состои од палеонтолошко наоѓалиште на зачувана без’рбетна ’рбетна фосилна фауна со посебни геолошко-палеонтолошки особености.
Слатински Извор 414 22.02.2011[17] Македонски Брод 41°35′42″N 21°11′23″E / 41.5949° СГШ; 21.1897° ИГД / 41.5949; 21.1897 (Слатински Извор)
Смоларски Водопад 695 16.03.2006[18] Смолари, Ново Село 41°21′24″N 22°53′40″E / 41.3568° СГШ; 22.8945° ИГД / 41.3568; 22.8945 (Смоларски Водопад)
Струмички платани и брестови ? 1986 Струмица, Струмица
Теовски платани ? 05.07.1983 Теово, Велес
Тетовски црн бор ? 1967 Тетово, Тетово
Тетовски чинари ? 1967 Тетово, Тетово Чинарското стебло (Platanus orientalis) се наоѓа во непосредна близина на Арабати баба-теќе. Висината на стеблото е 16,5 м, додека обемот му е 5,40 м.
Трубаревски дендропарк (Арборетум) 3,3 1965,[19] 1976 Трубарево, Гази Баба 41°58′48″N 21°30′45″E / 41.9801° СГШ; 21.5126° ИГД / 41.9801; 21.5126 (Острово) Арборетумот бил создаден од страна на Земјоделско-шумарскиот факултет во 1953 година, на површина од 3,3 хектари. Застапени се околу 600 видови дрвја и грмушки кои потекнуваат од сите континенти, пред сѐ од Европа, Азија и Северна Америка. Објектот служи за разновидни биоеколошки набљудувања и има значење како дендролошки инвентар, а има и општообразовно значење.
Убавица (Ѓоновица) 121 1968[5] Горна Ѓоновица, Гостивар 41°42′08″N 20°55′07″E / 41.7023° СГШ; 20.9187° ИГД / 41.7023; 20.9187 (пештера Убавица) Се наоѓа на планината Буковиќ покрај стариот пат Гостивар-Кичево. Располага со изворедно множество на пештерски накит обоен со најразлични бои, што е реткост при создавањето на подземните карстни облици. Низ пештерата тече подземен водотек кој понира во еден нејзините ходници и се појавува надвор од неа како силен карстен вруток. Во неа има водопад висок 5-6 м. Во пештерата е регистрирана рецентна пештерска фауна на ендемскиот претставник на родот Ceutnophies bukoviki.
Демиркаписки црни ореви ? 1963[5] Демир Капија, Демир Капија Групата на четири стебла црни ореви (Juglans nigra) кои претставуваат ретки примероци од овој вид со така огромни димензии и старост, кои се одржале во потполно градска средина. Стеблата се високи околу преку 20 м, со обем од преку 3,60 до 5,80 м.

Список на поранешни споменици на природата[уреди | уреди извор]

Име на споменик на култура Површина
(км2)
Прогласен Место и општина Координати Опис
Белски Даб 1983[20] Бели, Кочани 41°56′14″N 22°22′21.3″E / 41.93722° СГШ; 22.372583° ИГД / 41.93722; 22.372583 Прогласен е како природна реткост на 25 септември 2019 година.[21]
Охридски чинар 1967[5] Охрид, Охрид 41°6′57.6″N 20°48′0.72″E / 41.116000° СГШ; 20.8002000° ИГД / 41.116000; 20.8002000 Чинарското стебло (Platanus orientalis) се наоѓа на ул. „Гоце Делчев“. Високо е преку 24 м, обемот е преку 6,20 м, а проекцијата на крошната е преку 20 м. Прогласен е како природна реткост на 25 септември 2019 година.[22]
Црна дудинка во Лесновски манастир 1962[5] Лесново, Злетово 42°00′48.1″N 22°13′41.7″E / 42.013361° СГШ; 22.228250° ИГД / 42.013361; 22.228250 Стеблото од црна дудинка (Morus nigra) се наоѓа во дворното место на Лесновскиот манастир. Сметано е за најстаро стебло од дудинка во Македонија. Прогласен е како природна реткост на 25 септември 2019 година.[23]
Ѕвегор 7,5[19] 21.02.1986[24] Ѕвегор, Делчево 41°58′20.5″N 22°48′45.8″E / 41.972361° СГШ; 22.812722° ИГД / 41.972361; 22.812722 Се наоѓа кај месноста Илин Камен. Претставува особенит геолошки профил каде се регистрира навлекување на тријаски варовници преку седименти на палеогенот - флиш и присуство на млади вулкански пробои. Прогласен е како природна реткост на 25 септември 2019 година.[25]
Мородвишки платани 0,5 28.06.1984[24] Мородвис, Зрновци Група чинарски стебла (9), што се наоѓаат во средиштето на Мородвис. Оваа група на стебла е од најзачуваните од овој вид во источниот дел на Републиката. Прогласен е како природна реткост на 17 март 2016 година.[26]
Охридски платани[27] 1967 Охрид, Охрид Расформиран е. Поединечните чинари се прогласени како природна реткост во 2021 година.[28][29][30]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Закон за заштита на природата (член 66)“ (PDF). Министерство за животна средина и просторно планирање. Архивирано од изворникот (PDF) на 12 јули 2019. Посетено на 28 март 2022.
  2. 2,0 2,1 „2018 United Nations List of Protected Areas of Macedonia, The former Yugoslav Republic of“. protectedplanet.net. јули 2018.
  3. 3,0 3,1 „Указ за прогласување на Законот за прогласување на „Вевчански Извори" за споменик на природа и Закон за прогласување на „Вевчански Извори" за споменик на природа“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (39): 2–4. 22 март 2012. Архивирано од изворникот (PDF) на 17 март 2022. Посетено на 17 март 2022.
  4. 4,0 4,1 „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. Посетено на 13 јуни 2019.
  5. 5,00 5,01 5,02 5,03 5,04 5,05 5,06 5,07 5,08 5,09 5,10 5,11 5,12 5,13 5,14 „Статистички годишник на република Македонија 2020 - Животна средина и географија“ (PDF). Државен завод за статистика. 2020. стр. 21.
  6. 6,0 6,1 „Указ за прогласување на Законот за прогласување на Дојранското Езеро за споменик на природата и Закон за прогласување на Дојранското Езеро за споменик на природата“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (51): 56–57. 13 април 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 20 јануари 2022. Посетено на 17 март 2022.
  7. „Указ за прогласување на Законот за прогласување на локалитетот „Куклица" за споменик на природата и Закон за прогласување на локалитетот „Куклица" за споменик на природата“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (103): 88–90. Архивирано од изворникот (PDF) на 28 јануари 2022. Посетено на 17 март 2022. Text "date19 август 2008 " ignored (help)
  8. „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 6. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јули 2021. Посетено на 8 април 2022.
  9. 9,0 9,1 „Указ за прогласување на Законот за прогласување на локалитетот „Локви - Големо Коњари" за споменик на природата и Закон за прогласување на локалитетот „Локви - Големо Коњари" за споменик на природата“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (124): 52–53. 20 септември 2010. Архивирано од изворникот (PDF) на 22 декември 2021. Посетено на 17 март 2022.
  10. „Указ за прогласување на Законот за прогласување на локалитетот „Маркови Кули" за споменик на природата и Закон за прогласување на локалитетот „Маркови Кули" за споменик на природата“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (49): 8–9. 14 април 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 27 февруари 2012. Посетено на 17 март 2022.
  11. 11,0 11,1 ЕкоМозаик (јуни 2021). „Извештај за стратегиска оцена на Државна урбанистичко - планска документација за брана и акумулација „Слупчанска Река" (PDF). Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола: 33. Архивирано (PDF) од изворникот 2022-01-09. Посетено на 11 април 2022.
  12. Глобал Проект Консалтинг (март 2016). „Регистар на потенцијали за развој на рурален туризам во Североистичниот плански регион“ (PDF). Универзитет „Св. Климент Охридски“ - Битола: 25. Архивирано (PDF) од изворникот 2022-04-11. Посетено на 11 април 2022.
  13. 13,0 13,1 „Указ за прогласување на Законот за прогласување на Преспанското Езеро за споменик на природата и Закон за прогласување на Преспанското Езеро за споменик на природата“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (51): 53–54. 13 април 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 20 јануари 2022. Посетено на 17 март 2022.
  14. „Application Guidelines“ (PDF). Protecting Nature for Suistanable Future. стр. 9. Архивирано од изворникот на 2018-07-28. Посетено на 29 април 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  15. „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 4. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јули 2021. Посетено на 29 април 2022.
  16. „Листа на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 3. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 јули 2021. Посетено на 21 април 2022.
  17. „Указ за прогласување на Законот за прогласување на пештерата „Слатински Извор" за споменик на природата и Закон за прогласување на пештерата „Слатински Извор" за споменик на природата“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (23): 33–34. 24 февруари 2011. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јануари 2020. Посетено на 17 март 2022.
  18. „Указ за прогласување на Законот за прогласување на локалитетот „Смоларски Водопади" за споменик на природата и Закон за прогласување на локалитетот „Смоларски Водопади" за споменик на природата“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (35): 48–50. 23 март 2006. Архивирано од изворникот (PDF) на 18 февруари 2022. Посетено на 17 март 2022.
  19. 19,0 19,1 „Статистички годишник на република Македонија 2020 - Животна средина и географија“ (PDF). Државен завод за статистика. 2020. стр. 20.
  20. „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 6. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јули 2021. Посетено на 7 април 2022.
  21. „Решение за прогласување на Даб благун - с. Бели за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (205): 2–5. 7 октомври 2019. Архивирано (PDF) од изворникот 2020-01-10. Посетено на 7 април 2022.
  22. „Решение за прогласување на Чинар - Охрид за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (205): 2. 7 октомври 2019. Архивирано (PDF) од изворникот 2020-01-10. Посетено на 7 април 2022.
  23. „Решение за прогласување на Црна Дудинка - Лесново за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (205): 5. 7 октомври 2019. Архивирано (PDF) од изворникот 2020-01-10. Посетено на 7 април 2022.
  24. 24,0 24,1 „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 5. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јули 2021. Посетено на 7 април 2022.
  25. „Решение за прогласување на Карактеристичен геолошки профил - Звегор за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (205): 6–9. 7 октомври 2019. Архивирано (PDF) од изворникот 2020-01-10. Посетено на 7 април 2022.
  26. „Решение за прогласување на Платанови стебла (Platanus orientalis)-Мородвис за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (65): 64–65. 5 април 2016. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 март 2022. Посетено на 7 април 2022.
  27. „Прилог 7: Список на Природни заштитени зони и преглед на постојните акти со кои се уредуваат заштитените области и предмети“ (PDF). ЦеПроСАРД. стр. 3. Архивирано од изворникот (PDF) на 11 јули 2021. Посетено на 7 април 2022.
  28. „Решение за прогласување на Чинар-Пензионерско за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (141): 19–21. 24 јуни 2021. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 април 2022. Посетено на 8 април 2022.
  29. „Решение за прогласување на Чинар - Воска за природна реткост“ (PDF). Службен весник на Република Македонија (141): 21–22. 24 јуни 2021. Архивирано од изворникот (PDF) на 7 април 2022. Посетено на 8 април 2022.
  30. „Седумте чинари прогласени за природна реткост“. Општина Охрид. 30 септември 2021. Архивирано од изворникот на 7 април 2022. Посетено на 8 април 2022.