Споменик на депортираните Евреи (Битола)
Споменик на депортираните Евреи | |
---|---|
![]() Поглед кон споменикот | |
Општи податоци | |
Стил | апстрактен стил |
Град | Битола |
Земја | Македонија |
Координати | 41°01′59″ N; 21°19′59″ E / 41.0329952° СГШ; 21.3329526° ИГД |
Завршена | 1958 |
Сопственик | Општина Битола |
Технички податоци | |
Големина | преку 2 м |
Проектирање и изградба | |
Инженер | непознат |

Споменик на депортираните Евреи — споменик подигнат во чест на депортираните Евреи од Битола за време на Втората светска војна. Споменикот бил изграден во 1958 година. Авторот на споменикот не е познат.[1]
Местоположба[уреди | уреди извор]
Споменикот се наоѓа пред здравствениот дом „Д-р Хаим Абраванел“ во Битола. [1]
Позадина[уреди | уреди извор]
На 11 март 1943 година, се случил актот на геноцидот, најстрашната трагедија врз битолските односно македонските Евреи.
Од Битола 3351 лице од еврејско потекло со другите Евреи од Македонија заклучно со 5 април биле одведени во логорите на смртта во Треблинка, од каде ниту еден Евреин од Македонија не се вратил.[2]
Опис[уреди | уреди извор]
Споменикот претставува стилизирана менора во апстрактен стил. Висок е над 2 метра. Изработен е од сив камен.[1]
На споменикот е испишан текстот:
МАРТ 1943
НА 3013 ЕВРЕИ
НАШИ СОГРАЃАНИ
ЖРТВИ НА ФАШИСТИЧКИОТ ТЕРОР
ГРАЃАНИТЕ НА БИТОЛА
11 МАРТ 1958
Поврзано[уреди | уреди извор]
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ 1,0 1,1 1,2 „Bitola - Monument to Deported Jews“. Посетено на 22 октомври 2022.
- ↑ „Евреите од Битола“. НУ Завод и музеј Битола. март 2011. Посетено на 22 октомври 2022. Укажано повеќе од еден
|lang=
и|language=
(help)