Споменик на г.г. Доситеј (Скопје)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Поглед кон споменикот

Доситеј претставува бронзена скулптура на првиот Архиепископ на возобновената Македонска православна црква, г.г. Доситеј. Споменикот се наоѓа на платото пред соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје и е подигнат по повод 40 години од возобнувањето на Македонската православна црква.[1] Споменикот свечено бил откриен на 8 декември 2007 година, веднаш по утринската литургија на која учествувале сите владици на МПЦ. Споменикот е дело на академикот Томе Серафимовски, а бил донација на тогашниот скопски градоначалник Трифун Костовски.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Орден за Кирил, споменик за Доситеј“. Вечер. 8 декември 2007. Посетено на 2011-08-03.
  2. „Споменик на архиепископ Доситеј“. Дневник. 6 декември 2007. Посетено на 2011-08-03.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]