Споменик на Ѓорче Петров (Скопје-Ѓорче Петров)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Споменик на Ѓорче Петров
250п
Општи податоци
Видспоменик
МестоНа кружниот тек во истоимената скопска општина
ГрадСкопје
ЗемјаМакедонија
Темелот удрен2011
Почната2011
Завршена28 јуни 2011 [1]
Трошок за изградба350 000 евра
СопственикОпштина Ѓорче Петров
Проектирање и изградба
АрхитектДамјан Ѓуров

Споменикот на Ѓорче Петров се наоѓа во истоимена населба во скопската општина Ѓорче Петров, Скопје. Споменикот е висок 6,5 метри и поставен на постамент висок 3,5 метри. Постаментот е украсен со релјеф на кој е прикажан животот на револуционерот.

Тој се наоѓа на кружниот тек во истоимената скопска општина. Излеан е во бронза, во српската леарница „Јеремиќ“. Идејното решение е на авторот Дамјан Ѓуров.

За споменикот се потрошени над 350 000 евра – најголем дел се дадени за леење 270 000 евра и овие пари се обезбедени од централниот буџет, за постаментот се потрошени 73 000 евра и во него инвестирале општината Ѓорче Петров и градот Скопје [2]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. „Споменикот на Ѓорче Петров ќе биде поставен на 28 јуни“. Архивирано од изворникот на 2011-06-06. Посетено на 2012-02-27.
  2. „350.000 евра за споменик на Ѓорче Петров во Скопје“. Архивирано од изворникот на 2012-09-12. Посетено на 2012-02-27.