Споменик

Споменик или паметник[1][2] — обично е тримерно дело, чија цел е, преку уметничко-историско, политичко, техничко или архитектонско значење, да почести личност или настан поврзан со општествена група како дел од споменот на историските времиња или културно наследство.[3][4][5]
Видови споменици
[уреди | уреди извор]Некои од најчестите споменици се надгробниците на гробиштата и спомен-обележјата во чест на загинатите во војните. Други видови споменици вклучуваат храмови, скулптури, триумфални споменици, триумфални порти, кенотафи, мавзолеи, кипови, стели, гробници, бисти, релјефи, столбови и обелисци. Одредени споменици често се поставуваат во средината на големи плоштади, служeјќи како обележја и жаришни точки на јавниот простор.
Освен нивната комеморативна улога, спомениците можат да имаат и политичко значење. Впечатлив пример за тоа се бројните статуи на Ленин поставени низ СССР, создадени со цел да ја зацврстат власта и идеологијата на тогашниот режим.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „паметник“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „паметник“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „споменик“ — Дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ „споменик“ — Официјален дигитален речник на македонскиот јазик
- ↑ Caves, R. W. (2004). Encyclopedia of the City. Routledge. стр. 470. ISBN 978-0415252256.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]![]() |
„Споменик“ на Ризницата ? |