Посавски статистички регион

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Посавски статистички регион
Posavska statistična regija
Статистички регион
Lower Sava Statistical Region in Slovenia.svg
Општини6
Најголем градКршко
Површина
 • Вкупна885 км2 (342 ми2)
Население (2020)
 • Вкупно70.349
 • Густина79/км2 (210/ми2)
Статистика
 • Домаќинства30.147
 • Вработени23.414
 • Невработени4.695
 • Студенти на факултет/универзитет3.019
 • Регионален БДП (2019):EUR 1,475 млд
(EUR 19.456 по глава на жител)
ИЧР (2019)0.888
многу високо

Посавски статистички регион (Словенечки: Posavska statistična regija) — еден од 12-те статистички региони на Словенија. Има добра сообраќајна пристапност и поврзаност и се наоѓа во долините Сава и Крка, со ридски предели со лозја и изобилство на вода. Тој е вториот најмал статистички регион во Словенија. Единствената нуклеарна централа во земјата и бањата Чатеж се наоѓаат во регионот. Најголемо културно и економско средиште на овој статистички регион е градот Кршко. Регионот годишно троши 22 милиони евра за заштита на животната средина.[1][2][3]

Во 2013 година стапката на вработеност во регионот изнесуваше 57,5%. Регионот се карактеризираше со најголема разлика помеѓу стапката на вработеност кај мажите и кај жените (кај мажите таа беше за 12 процентни поени повисока отколку кај жените). Овој регион во 2013 година се издвоил и по број на осудени лица на 1.000 жители (8,3). Населението во 2020 година изнесувало 70.349 жители. Има вкупна површина од 885 квадратни километри. Структура на вработеност: 45,8% услуги, 50% индустрија, 4,2% земјоделство. Привлекува 5,1% од вкупниот број туристи во Словенија, а најмногу се од Словенија (53%).[4][5]

Список на општини[уреди | уреди извор]

Посавскиот статистички регион има шест општини:

Општина Грб Површина Население (2020)
Бистрица на Сутла Bistrica ob Sotli.png 31,1 км2 1.336
Брежице BreziceGRB.png 268,1 км2 24.051
Костањевица на Крка Coat of arm of Kostanjevica na Krki.png 58,3 км2 2.432
Кршко Krško.png 286,5 км2 26.224
Радече Wappen Radeče.png 52 км2 4.139
Севница Grb logotip obcina sevnica.png 272,2 км2 17.642

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Žibert, Mojca. 2014. Energetika v Spodnjeposavski statistični regiji (bachelor's thesis). Ljubljana: University of Ljubljana, Department of Geography, p. 37.
  2. OECD. 2012. OECD Environmental Performance Reviews: Slovenia 2012. OECD Publishing, p. 324.
  3. Lapuh, Lucija. 2016. Measuring the Impact of the Recession on Slovenian Statistical Regions and their Ability to Recover. Acta geographica Slovenica 56(2): 247–256, pp. 252ff.
  4. Šprah, Lilijana, Tatjana Novak, & Jerneja Fridl. 2016. The Wellbeing of Slovenia's Population by Region: Comparison of Indicators with an Emphasis on Health. Acta geographica Slovenica 54(1): 67–87, p. 68.
  5. Boršič, Darja, & Alenka Kavkler. 2009. Modeling Unemployment Duration in Slovenia Using Cox Regression Models. Transition Studies Review 54(1): 145–156, p. 148.