Список на светско наследство во Македонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Заклучно со 2021 година, во Македонија има две места на светско наследство кое е впишано во списокот на УНЕСКО — Охридскиот регион, поречието на Длабока Река, и уште четири на опитниот список. Природното и културното наследство на Охридскиот регион е прогласено за светско наследство на третата седница на УНЕСКО во 1979 година. Во 2019 година, ова подрачје е проширено за да го вклучи и албанскиот дел од езерото, и со тоа стана меѓудржавно светско наследство. Поречието на Длабока Река во мавровско е прогласено во јули 2021 г.[1]

Список[уреди | уреди извор]

  * Меѓудржавно место
Место Слика Општина Прогласено Назнака и критериуми Опис
Природно и културно наследство на Охридскиот регион* Црквата „Св. Јован Канео“ во Охрид Охрид 1979 i, iii, iv, vii (мешано) Охрид е една од најстарите човечки населби во Европа со археолошки остатоци од бронзеното време до средновековната ера. Градот е видно сведоштво за византиската уметност и архитектура, такви се црквите Свети Јован Канео и Света Софија. Охрид го има најстариот словенски манастир и првиот словенски универзитет на Балканот. Охридското Езеро датира од предледничката ера и обезбедува уникатно прибежиште за бројни ендемски и реликтни слатководни видови флора и фауна. Подрачјето е проширено во 1980 г. а во 2009 г. се направени мали измени на неговите граници. Во 2019 г. е направено проширување со кое е опфатен албанскиот дел на езерото.[2]
Букови шуми во течението на Длабока Река
(Букови прашуми во Карпатите и други региони на Европа*)
Долината на Длабока Река Маврово и Ростуше 2021 ix (природно) Буковите шуми по течението на Длабока Река се признаени како дел од проширувањето на повеќеделното меѓународно подрачје на Букови прашуми во Карпатите и други региони на Европа во уште десет европски земји поради нивната исклучителна сеопшта вредност и запазеноста. Денес тука спаѓаат 94 составни делови во 18 земји. Дополнетиот дел се однесува на релативно недопрените и сложени умерени шуми кои покажуват широк опсег на сеопфатни еколошки движења и процеси на чиста и мешана европска бука во разновидни околински услови.[3]

Опитен список[уреди | уреди извор]

Покрај местата кои што се впишани на списокот на светското наследство, земјите-членки водат итн. опитен список (на англиски: tentative list) којшто ги вклучува местата кои може да се земат предвид за номинација. Согласно правилата, некое место пред да се најде на списокот на светско наследство мора прво да е вклучено во опитниот список.[4] Согласно 2021 година, Македонија има регистрирано четири места во овој список:[5]

Место Слика Општина Заведено Критериуми Опис
Пештера Слатински Извор Markovi kuli Македонски Брод 2004 vii, viii, ix (природно) Најдолгиот истражен пештерски систем во Македонија. Пештерите се сместени над Слатинска Река, близу поречкото село Слатина и веројатно настанале за времето на последното ледено време. Се среќаваат неколку пештерски образби.[6]
Маркови Кули Маркови Кули Прилеп 2004 vii, viii, ix (природно) Геолошка образба сочинета од магматски и метаморфни карпи. Заради поставеноста на самиот терен и поволната географска положба, ова место е постојано населено барем од бронзеното време.[7]
Археоастрономско наоѓалиште Кокино Кокино Старо Нагоричане 2009 i, ii, iii (културно) Мегалитна астрономска опсерваторија од бронзеното време на возвишението Татиќев Камен. Изрежаните белези во каменот ги означуваат местата каде сонцето изгрева за време на летниот и зимскиот сонцестој, како и пролетната и есенската рамноденица. Други белези го означуваат изгревот на полната месечина на источниот хоризонт, при нејзината најголема и најмала деклинација зиме и лете. Местото е прописно откриено во 2001 г.[8]
Црква „Св. Ѓорѓи“ - Курбиново Church of St George Ресен 2020 i, ii, iii (културно) Православен манастир од XII век во Преспанската област, познат по ретките и скапоцени фрески од периодот на Македонската ренесанса. „Св. Ѓорѓи“ е најголемата црква без бочен брод во земјата.[9]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „УНЕСКО ги призна буковите шуми на Длабока Река како светско природно богатство“. Република. 29 јули 2021. Посетено на 30 јули 2021.
  2. „Natural and Cultural Heritage of the Ohrid region“. UNESCO World Heritage Centre. Архивирано од изворникот 17 December 2017. Посетено на 24 August 2018.
  3. „Ancient and Primeval Beech Forests of the Carpathians and Other Regions of Europe“. UNESCO World Heritage Centre. Посетено на 29 July 2021.
  4. „UNESCO World Heritage Centre Tentative Lists“. UNESCO World Heritage Centre. Архивирано од изворникот 20 јули 2017. Посетено на 26 јули 2020.
  5. „UNESCO World Heritage Centre Tentative Lists: Macedonia“. UNESCO World Heritage Centre. Архивирано од изворникот 1 јули 2012. Посетено на 6 јули 2019.
  6. „Cave Slatinski Izvor“. UNESCO World Heritage Centre. Архивирано од изворникот 24 август 2018. Посетено на 24 август 2018.
  7. „Markovi Kuli“. UNESCO World Heritage Centre. Архивирано од изворникот 25 август 2018. Посетено на 24 август 2018.
  8. „Archaeo-astronomical Site Kokino“. UNESCO World Heritage Centre. Архивирано од изворникот 22 ноември 2012. Посетено на 24 август 2018.
  9. „Church St. George (Sv Gjorgji) Kurbinovo“. UNESCO World Heritage Centre. Посетено на 16 април 2020.