Список на програмски грешки

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Софтверска грешка (англиски: Software bug) е термин за опишување на грешка или недостаток во софтверски систем која резултира со неочекувани или неточни резултати на работата на софтверот. Најчесто софтверските грешки се резултат на кодот пишуван од страна на програмерите. Но, постојат и софтверски грешки кои се резултат на компајлери.

Софтверските грешки можат да резултираат со многу сериозни последици. Последиците можат да бидат дури и човечки животи, а можат да бидат и многу понесериозни. Системи кај кои последиците од софтверски грешки можат да бидат непроценливо огромни се викаат критични системи. Вакви системи има во медицината, аеродромите, компаниите за истражување на вселената итн., односно во секоја област во која од софтверот зависат човечки животи и/или огромни парични износи. [1]

Медицина[уреди | уреди извор]

Therac-25 бил еден вид на терапевтски систем кој овозможувал два типа на радијација: X-зраци и бета честички ( зраци со помала јачина). Инженерите кои го граделе Therac-25 не знаеле дека Therac-25 и неговиот претходник Therac-20 биле конструирани врз основа на оперативен систем, кој пак бил изграден од програмер без формална обука. софтверската грешка предизвикувала дактилограф кој е многу брз во својата работа случајно да може да го конфигурира Therac-25 така што зраците би биле со голема моќ, но надвор од точната позиција.

  • Направа за срцеви органи предизвикала неколку срцеви удари во март, 2008та година. Компанијата која ја произвела оваа направа претрпела огромни парични штети бидејќи била тужена.
  • Десетици илјади медицински направи биле вратени од употреба во 2007 година, за да се поправи софтверска грешка во нивниот код.
  • Во ноември, 1997 година, акциите на значајна медицинска компанија опаднале за околу 60% поради грешка во софтверот за наплата, проблеми со терапевтски во конверзија базата на податоци и несоодветно тестирање на софтверот. [2]

Истражување на вселената[уреди | уреди извор]

Компјутерски науки[уреди | уреди извор]

  • Една од најпознатите софтверски грешки е грешката предизвикана поради датумот. Овој проблем се случи во 2000 година, а се очекува повторно да се случи во 2038 година. Интересното е тоа што овој проблем беше очекуван. Исто така, очекувано беше и тој да резултира со пад на светската економија. За среќа, грешката била поправена во последен момент. Таа се должи на тоа што многу Unix базирани системи го сметаат времето во секунди и го зачувуваат како 32-битен цел број, за кој да се запише во меморија има само ограничено место.
  • Генераторот на случајни броеви на Kerberos имал софтверска грешка, поради која цели осум години (од 1988 до 19996 година) било возможно лесно да се влезе во секој компјутер кој вршел автентикација според Kerberos. Сеуште не се знае дали некој воопшто го искористил овој пропуст.
  • Во јануари, 1990 година, софтверска грешка во софтверот кој ги контролирал AT&T прекинувачите, предизвикала компјутерите да резултираат со неочекувано однесување кога ќе добијат одредена порака од страна на нивните соседни машини. Пораката се пренесувала кога соседните машини се опоравувале од грешка. Бидејќи секој компјутер предизвикувал неколку други компјутери да се ислучуваат, растот на исклучувањето на компјутерите бил експоненцијален. Набрзо, 60 илјади луѓе останале се соочиле со овој проблем. [4]

Пренос на електрична енергија[уреди | уреди извор]

Медиуми[уреди | уреди извор]

  • Во октомври, 2005 година, компанијата Sony BMG продуцирала музички компакт диск кој содржел начин за заштита од копирање на тој начин што тајно инсталирала штетна програма на секој компјутер. Ова резултирало со сигурносна дупка и голем бран на успешни напади на компјутерите во кои било ставено CD-то во употреба. Компанијата Sony BMG понудила решение за овој проблем кое всушност само го влошило проблемот.
  • Една софтверска грешка резултирала со бришење на погрешен документ во неколку илјадници компјутери. Резултатот бил неможност за подигање на системите. [6]

Влада[уреди | уреди извор]

  • Системот за управување на Владата на Канада не можел да се справи со обично зголемување на стапката на бенефиции. Се смета дека причината за ова е недоволно тестирање.
  • Во август, 2006 година, сервис за студентски заеми во споственост на Владата на САД како резултат на софтверска грешка објавил информации за 21.000 студентски заеми. Грешката набрзо била поправена, а на оштетените студенти им била понудена соодветна надокнада.
  • Во почетокот на 2006 година, се случила софтверска грешка во систем за следење на финансиите на Владата. На веб-сајт биле по грешка прикажани финансиски извештаи. Веб-сајтот бил затворен се дури не била најдена и поправена софтверската грешка.
  • Во септември, 2006 година, се случила софтверска грешка во софтвер кој се користел при изборите за државна власт. Грешката предизвикувала привремено ресетирање на машините за преглед на гласови. Се случила огромна конфузија и временско доцнење на резултатите. Проблемот наводно се случил поради недоволно тестирање. [7]

Војска[уреди | уреди извор]

  • Во јуни, 1995 година, хелихоптерот кој бил дел од Кралските воздухопловни сили се урнал. Оваа несреќа резултирала со 29 смртни случаи. Најпрво се мислело дека ова е резултат на грешка на пилотот, но подоцнежните истражувања покажале дека причината би можела да биде софтверска грешка во компјутерот за контрола на моторот на хелихоптерот.
  • Во април, 1992 година, F-22 Raptor се урнал при слетивање во Калифорнија. Причината била грешка во софтверот за контрола на летањето. Грешката резултирала со неспречување на осцилација забележана од страна на пилотот.
  • На 11 февруари, 2007 година, се случиле неколку паѓања на софтверот на F-22 Raptor, кој во моментот се наоѓал над Хаваи, веднаш над 180 меридијан. Софтверските паѓања се случиле при комуникацијата и навигацијата. Благодарение на добрите климатски услови, луѓето на кои им се случила оваа незгода се спуштиле на земја. софтверската грешка била решена веднаш потоа, во рок од 48 часа.
  • софтверската грешка во MIM-104 Patriot резултирала неговиот системски часовник да греши една третина од секунда. Тоа резултирало со неможност за лоцирање и судир со проектил. Резултатот бил смрт на 28 Американци во воениот комплекс во Саудиска Арабија.
  • На бродот USS Yorktown му се случила почетничка софтверска грешка – делење со нула. Резултатот бил пропаѓање во водата три часа откако се случило делењето. [8]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Статија за софтверски грешки Software bug 
  2. Статија за неодамнешни паѓања на софтвер предизвикани од софтверски грешки Some Recent Software Failures Caused by Software Bugs ! 
  3. Статија за најштетните софтверски грешки во историјата History's Worst Software Bugs, Архивирано од изворникот на 2013-06-30 
  4. Статија за 40 паѓања предизвикани од софтверски грешки 40 IT failures caused by software bugs 
  5. Статија за множество софтверски грешки Collection of Software Bugs 
  6. Листа на софтверски грешки List of software bugs 
  7. Статија за множество софтверски грешки A Collection of Well-Known Software Failures 
  8. Статија за тестирање на софтвер Software QA and Testing Frequently-Asked-Questions, Part 1