Список на места во Half-Life 2

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Дејството на Half-Life 2 се случува најверојатно некаде во Источна Европа. Ова може да се утврди по некој специфични локации во играта, каде што може да се забележи архитектура од Советската ера. Локациите подетално се опишни подолу.

Главни локации[уреди]

Сити 17[уреди]

Плоштад во Сити 17

Сити 17 претставува голем град некаде во Источна Европа. Тој е главаната локација на Half-Life 2 и нејзината експанзија Episode One. Во градот има измешани видови архитектури, но највеќе има Источно Европска архитектура, од периодот на неокласицизмот пред Втората светска војна, потоа има од Советската ера после војната накај 60-тите и 70-тите години, а најнова е онаа од вонземјаните Алијансата (Combine), како што се метални ѕидови, огромни метални кули итн. Градот е доста голем; во неко може да се видат голем број на железнички пруги и станици, канали, подземни автопати и многу станбени сгради. Во градот има многу натписи и реклами напишани на кирилица. Градот го чува т.н. Тим за Цивилна Заштита, кој ги патролираат улиците и ги отстраниваат сите закани и непријатели.

Сити 17 е главниот град на светот, во чија Тврдина (Citadel) живее администраторот на целата планета, Волас Брин. Тврдината представува огромна метална кула, околу 2,5 километри висока, понегогаш покириена од облаците. Таа се гледа од секоја точка во градот. Во Half-Life 2, играчот доаѓа во градот со воз, и веднаш се гледа дека тој е под целосна контрола на вонземјаните. Откако ќе го откиријат, играчот веднаш треба да избега од градот преку големиот број на канали низ целиот град. Играчот не се враќа во градот скоро половина игра, но кога ќе се врати, се гледа дека тој е претворен во бојно поле; има многу срушени згради, убиени луѓе, се слушаат истели од сите страни и др. Голот на играчот е да се качи на врвот на Тврдината, да го деактивира реакторот за т.н. темна енергија на самиот врв и да го убие администраторот. Откако тоа ќе се заврши, во Episode One има опасност од нуклеарнот реактор на Тврдината да експлодира и да го уништи целиот град. Играчот, заедно за Алекс Венс брза да го стабилизира да им даде на луѓето шанса да избегаат. На крајот нз Episode One, откако скоро сите ќе избегаат, Тврдината ќе експлодира и целиот град ќе се уништи.

Источна Блек Меса[уреди]

Податотека:HalfLife2 BME Eli's lab.jpg
Во една од лабораторииите во Источна Блек Меса

Источна Блек Меса (Black Mesa East) е база на отпорот надвор од Сити 17. Во Half-Life 2 е дел во кој нема акција, само брифинг. Тоа е базата на Илај Венс, лидерот на отпорот на Земјата. Источна Блек Меса е покриена од една хидроелектрана, и се наоѓа под земја, слично на оригиналната Блек Меса. Таа содржи лаборатории, кујни, соби за спиење, соби за заштита итн. Тука живеат и луѓе и т.н. вонземјани Вортиганти, кој се единствените добри вонземјани во играта. Источна Блек Меса е целта на играчот уште од почетокот на играта, кога се расипува телепортот на Др. Клајнер. Но само што играчот доаѓа во Источна Блек Меса, Џудит Мосман им јавува на Алијансата дека Фримен е тука, и тие ја уништуваат цела база. Фримен ќе избега низ Рејвенхолм, но Илај ќе биде заробен и однесен во Нова Проспект.

Рејвенхолм[уреди]

Сцена од Рејвенхолм

Рејвенхолм (Ravenholm) претставува мало градче во Источна Европа, во кое населението се занимава со рударство. Градчето е скриено и се користи како засолниште за сите луѓе од Сити 17. Но тоа брзо е нападнато од Алијансата, користејќи артилериски ракети наполнети со хедкраби (headcrabs), мали вонземјани кој можат да предворат човек во т.н. зомби. Набрзо, градот е масакриран од хедкрабите и секој човек е претворен во зомби. Тунелот кој ги поврзува Источна Блек Меса и Рејвенхолм е запечатен да не се прошират вонземјаните и таму. Кога играчот ќе дојде во Рејвенхолм, веднаш се забележува дека цел град е уништен и масакриран. Многу згради се уништени, а рудникот инфициран од зомбиња и хедкраби. За да избега, на играчот му помага едниствениот преживеан човек во целиот град, попот Григори.

Играчот мора да помине од едниот до другиот крај на градот за да стигне до брегот, одкако Источна Блек Меса ќе биде нападната. Рејвенхолм претставува класична хорор локација; вечер, полна месечина, крикови од зомбиња итн. Играчот треба да помине низ многу темни и тесни песта, од каде што изненадувачки напади се многу веројатни. Тоа е една од најдобро напраенте локации во играта.

Брегот и Автопатот 17[уреди]

Смалено нивото на водата кај едно пристаниште

Автопатот 17 е прикажан како автопат кој ги поврзува Сити 17 и затворот Нова Проспект. Тој се протека по брегот надвор од Сити 17. На брегот исто така владеат вонземјани, наречени мравки-лавови. Тие се големи инсектоидни суштества, скоро колку едно мало пони и сакаат да си ја одбранат територијата во која живеат. На брегот веднаш се забалежува смалувањето на нивото на водата на океаните. Сите пристаништа, докови и сл. некогаш што биле на вода, сега се на копно, околу 100 метри од водата. Можат да се видат превртени бродови и чамци низ целиот брег. Автопатот 17 самиот е многу оштетен. Некој мостови се целосно уништени, некој делови од патот оштетени и срушени. Исто така на него можат да се забележат многу стари оштетени возила, најверојатно од руско потекло, како што се Лада, Волга, Москвич, камиони Камаз итн. На автопатот исто така има многу бази на отпорот, но повеќето се уништени кога играчот ќе стигне кај нив.

Најпознати места на обалата се големиот метален мост, кој треба да се помине со возилото кое Фримен го вози, но притоа треба мостот да се помине низ неговите столбови и метални шипки под него. Мостот е изработен со многу детали, се гледа секоја навртка на сите метални шипки. Исто така познато место на брегот е големиот светилник, кој се корист за да се сруши еден ганшип (gunship), летало за напад користено од Алијансата.

Нова Проспект[уреди]

Нова Проспект гледан од плажата

Нова Проспект претставува институција за безбедност и притвор која е контролирана од Алијансата во Half-Life 2. Нова Проспект е дестинација на играчот од половина на играта, после Источна Блек Меса. Целта на Фримен да дојде до Нова Проспект е да го ослободи лидерот на отпорот и таткото на Алекс Венс, Илај Венс, откако ќе го зароби Алијансата во Источна Блек Меса. Нова Пропект е опишан како негогашен затвор со максимална заштита, кој лежи на карпа на брегот. Интериорот на затворот е прилично запуштен и трошен, во кој може да се видат доста оштетени ќелии, соби за испрашување и безбедносни станици. Вистинската институција која е изградена врз остатоците од стариот затвор има инфраструктура која наликува на Алијансата, телепортер, простор во кој се чуваат затвореници. Во Нова Проспект може да се видат како луѓето се прават во војници или робови на Алијансата. Во Нова Проспект има и железнички перон, од кој пристигаат затворениците од Сити 17. Затворот подоцна е доста оштетен кога Фримен ќе влезе во него, бидејки тој ги пушта сега контролираните мравки-лавови во затворот. Таму со Алекс ќе ја најдат Мосман, која повторно ќе ги предаде и ќе го однесе Илај во тврдината во Сити 17. Алекс и Гордон ќе избегат точно навреме, пред да експлодира телепортот и да го уништи скоро цел затвор.

Извадени локации од играта[уреди]

Св. Олга[уреди]

Св. Олга и манастирот

Св. Олга претставува градче на брегот во играта Half-Life 2: Lost Coast, која требала да биде дел од Half-Life 2. Ова ниво е дадено за проба за новото достигнување на Valve во графиката наречено HDR или High Dynamic Range. Св. Олга е изграден на една карпа покрај еден православен манастир кој се користи од Алијансата за лансирање на ракети наполнети со хедкраби. Фримен се сретнува со еден стар рибар кој му кажува дека треба да се качи до врвот на карпата на која е изграден манастирот, и да го сопре лансирањето.

Надворешни врски[уреди]

Локации во Half-Life, Half-Life Wikia