Список на македонски народни поговорки

Од Википедија — слободната енциклопедија

Ова е список на македонски народни поговорки. Овој список не е целосен и може да подлегне на додатни проширувања. Во прилог следуваат поговорките.

Поговорки[уреди | уреди извор]

  • Брза кучка, слепи кучиња раѓа.
  • Ако баба лажи, трап не лажи.
  • Ако жената ти е многу лична, не пуштај ја сама на свадба.
  • Ако знаев кога ќе умрам, сам ќе си ископав гроб.
  • Ако мажот е пијаница, жената ќе е маченица.
  • Ако не врни, барем ќе капни.
  • Ако се сториш овца, секој ќе те стрижи.
  • Ако си мома, седи си дома.
  • Ако те удри со камен, ти удри го со леб.
  • Ако уште еднаш бидам невеста, знам како да гувеам.
  • Ама што дрвена глава имал.
  • Арен збор царски врати отвора.
  • Арниот јунак дома не умира.
  • Арно јади, ама и арно работи.
  • Без бога нема добрина.
  • Без труд не се ора со плуг.
  • Бели пари за црни дни.
  • Бело му е лицето, а црно му е срцено на нажален човек.
  • Бог да го прости, си почина.
  • Бог да не чува од неразбрани.
  • Бог да те чува од домашен арамија.
  • Брат брата не рани, тешко кој го нема.
  • Брат за брата, сирење за пари.
  • Брза како некоја стрела.
  • Варди се да не се поболиш, оти тешко можеш да оздравиш
  • Работата да се плаши од тебе, а не ти од неа
  • Верата Христова го омекнува човека.
  • Видела камилата уши побарала и рогови
  • Викај по волкот, додека не влегол во булукот.
  • Вјасај брзо да стигнеш, но гледај и да не се препнеш.
  • Во волов рог да се скриеш, смртта пак ќе те најде.
  • Во вреќа скината што да ставиш, сè ќе истечи.
  • Во едното уше му влезе, во другото му излезе.
  • Во Прилеп мајмун не игра. Прилепчани се сметаат за поитри
  • Во сон се родив, со сон живеам, во сон ќе умрам.
  • Времето си врви, нам ни се куси.
  • Врзи прст да најдеш лек, секоја баба ќе ти баи како што знаи.
  • Ѓаволот ни копа ни ора, само ги учи луѓето да се караат.
  • Газ и нос не знаат за чест.
  • Гајрет на болниот, додека не му излези душата.
  • Галена кокошка просо сонува.
  • Галена мачка оро не игра.
  • Галена невеста не ја сака свекрвата.
  • Галени деца и на трпеза се качуваат.
  • Го надул носот како мисир (налутен човек).
  • Го стемнило и не го осамнало (кога некој ненадејно ќе умре).
  • Голем залак голтни и голем збор кажи.
  • Голи сме се родиле, голи в земја ќе влеземе.
  • Голо здравје, готова болка.
  • Господ вели: помогни си сам, та и јас да ти помогнам.
  • Господ да те чува од лоши пријатели, а од душмани сам ќе се чуваш.
  • Господ дал, господ зел.
  • Господ на може на секого да му угоди.
  • Грешен човек, жив во гробот е закопан. Грми, врни, патот врви.
  • Дај милостина, за гревовите да ти се простат.
  • Дал ти господ добро (кога некој ќе рече: „Добро утро“).
  • Два лути камења не мелат брашно.
  • Две раце за една глава.
  • Добра работа човек го збогатува.
  • Добрината со добрина се плаќа (враќа).
  • Добриот владика и на сиромаси помага.
  • Добриот збор се слуша надалеку, а лошиот се слуша уште подалеку.
  • Добрите пријатели и од браќата се помили.
  • Додека не заплачи детето, мајка му не му дава млеко.
  • Дури не посеиш, нема што да жнииш.
  • Дури не фрлиш рипче, не фаќаш крапче.
  • Дури не фрлиш семе во нива, не никнува, а трње никнуваат и несеани.
  • Дури човек е жив, се е пари.
  • Душата ми дошла во забите.
  • Една овца што се дели од булукот, ќе ја изеди волкот.
  • Една прачка полесно се крши, а повеќе помачно.
  • Железото дури е жешко се чука.
  • Жена лоша вечна мака.
  • Жена прокопсана - куќа отвора.
  • Жена, пушка и коњ не се даваат на туѓи раце.
  • Животот со пари не се купува, оти дар од Бога се дава.
  • За светот кој плачи, без очи ќе остани.
  • Заврна снег, се покрија трагите.
  • Залудно работи, залудно не седи.
  • Збирај на младост, да имаш на старост.
  • Зборот дупка не дупнува, ама се памети.
  • Здравиот човек има многу желби, а болниот само една а тоа да оздрави.
  • Здравјето за човекот е најголемото богатство.
  • Јазикот е поостар и од сабјата.
  • Јазикот прави добро, јазикот прави и лошо.
  • Каков што е таткото, таков е и синот.
  • Кој со ѓаолот, тикви сади, ѓаолот на крај очите му ги вади
  • Крушата под круша паѓа.
  • Лозје не бара молитва, туку мотика.
  • Без мака нема наука.
  • Вистинското пријателство е најретката птица на земјата
  • Кога дваица се караат третиот користи
  • Кој ги памети зборовите станува паметен, а кој ги памети бајките станува мудар
  • Кој летоска седи во лад зимуске го чека глад
  • Птиците се познаваат по пеењето а луѓето по зборувањето.....
  • Страв, лозје чува.
  • Трипати мери еднаш крој
  • Убавиот збор и железни порти отвора.
  • Што ќе си посееш, тоа ќе си жнееш.
  • Денешната работа за утре не ја оставај.
  • Долга коса краток ум.
  • Сит на гладен не верува.

Поврзано[уреди | уреди извор]