Список на коските на човечкиот скелет
Најчесто се наведува дека скелетот на возрасен човек е составен од 206 коски.[1] Извештаите за типичниот број на коски историски варирале во зависност од тоа како различните извори избираат да ги бројат особеностите како што се споените коски (на пример, градната коска).[2] Вистинскиот број на коски во секој поединечен скелет варира во зависност од чинители како што се возраста и анатомските варијации.
Списокот од 206 коски во скелетот на возрасните може да се подели на оскин скелет (80 коски) и апендикуларен скелет (126 коски). 172 од 206-те коски се удвоени, а преостанатите 34 се неудвоени.[3] Многу мали помошни коски, како што се сезамоидните коски, не се вклучени во стандардниот список.
Вовед
[уреди | уреди извор]
Доенчињата се раѓаат со околу 270 коски.[4] Во текот на нормалниот човечки развој, многу коски сраснуваат, процес кој е активен во текот на детството и пубертетот, но обично продолжува до некаде во третото десетлетие од животот. Затоа, бројот на коски кај поединецот може да се оценува различно во текот на животот. Покрај тоа, коските на черепот и лицето се сметаат како посебни коски, и покрај тоа што се природно споени. Некои сигурни сезамоидни коски како што се грашкестите се бројат, додека други, како што се сезамоидните коски на прстите на стапалата, не се бројат.
Поединци може да имаат повеќе или помалку коски од просекот (дури и земајќи ја предвид фазата на развој) поради анатомски варијации. Најчестите варијации вклучуваат сутурални (вормови) коски, кои се наоѓаат по должината на сутуралните линии на задниот дел од черепот, и сезамоидни коски кои се развиваат во рамките на некои тетиви, главно на рацете и на нозете. Некои поединци може да имаат и дополнителни (т.е. вишок) цервикални ребра или слабински прешлени. Ампутации или други повреди може да резултираат со губење на коски. Целосни скршеници на коски може да ја поделат едната коска на повеќе парчиња. Други генетски состојби може да резултираат со абнормално поголем (на пр. полидактилија или сијамски близнаци) или помал (на пр. олигодактилија) број на коски.
Коски
[уреди | уреди извор]
Оскиниот скелет, кој го опфаќа ‘рбетот, градите и главата, содржи 80 коски. Апендикуларниот скелет, кој ги опфаќа горните и долните екстремитети, вклучувајќи го карличниот и раменскиот појас, содржи 126 коски, со што вкупниот број на целиот скелет изнесува 206 коски.
Глава
[уреди | уреди извор]
Во черепот има 22 коски. Вклучувајќи ги коските на средното уво и хиоидната коска, вкупно има 29 коски.
- Черепни коски (8)
- Тилна коска (1)
- Темена коска (2)
- Челна коска (1)
- Слепоочна коска (2)
- Клинеста коска (1) (понекогаш се смета за лицева)
- Ситеста коска (1) (понекогаш се смета за лицева)
- Коски на лицето (14)
- Носна коска (2)
- Горна вилица (2)
- Солзна коска (2)
- Јаболчна коска (2)
- Непчена коска (2)
- Долна носна коска (2)
- Вомер (1)
- Долна вилица (1)
- Коски на средното уво (6)
- Подјазична коска (1)
Граден кош (торакс)
[уреди | уреди извор]Во градниот кош има 25 коски:
- Градна коска (1)
- Ребра - 12 пара (24)
- Цервикалните ребра се дополнителни или надбројни ребра кои можат да се појават патолошки кај некои луѓе.
'Рбет ('рбетен столб)
[уреди | уреди извор]‘Рбетот кај возрасни е составен од 24 прешлени, сакрумот (образуван од пет споени прешлени) и кокцигеалниот дел („опашна коска“, образувана од 3-5 споени пршлени), вкупно 26 коски.
- Вратни прешлени (7)
- Градни прешлени (12)
- Слабински прешлени (5)
- Крсна коска (1)
- Опашна коска (1)
Карлица
[уреди | уреди извор]Карлицата се состои, странично и напред, од карличниот појас и, позади, од карличниот 'рбет. Карличниот 'рбет, кој се состои од крсната и опашната коска, е веќе земен предвид (видете погоре). Карличниот појас е составен од две апендикуларни коски на колкот, секој образуван од три дела (тие се споени и не се бројат одделно).
Рамо
[уреди | уреди извор]Рамениот зглоб е зглоб на горниот екстремитет со рамениот појас. Секој рамен појас е образуван од две коски, клучната коска напред и скапулата назад.
- Раменски појас (4)
- Клучна коска (2)
- Плешка (2)
Горен екстремитет (рака и подлактица) и дланка
[уреди | уреди извор]Секој горен екстремитет се состои од 30 коски: 3 долги коски на раката и подлактицата и 27 коски на дланката. Во горните екстремитети има вкупно 60 коски.
- Рамена коска (2)
- Лакотна коска (2)
- Палечна коска (2)
- Дланка (27 коски во секоја, вкупно 54)
- Корен на дланката (8 по зглоб, вкупно 16)
- Скафоид (2)
- Полумесечеста коска (2)
- Триаголна коска (2)
- Грашочна коска (2)
- Трапезна коска (2)
- Трапезоидна коска (2)
- Главеста коска (2)
- Кукеста коска (2)
- Дланчница (5 по рака, вкупно 10)
- Прва дланчница (2)
- Втора дланчница (2)
- Трета дланчница (2)
- Четврта дланчница (2)
- Петта дланчница (2)
- Коски на прстите (14 по рака, вкупно 28)
- Проксимални фаланги (5 по рака, вкупно 10)
- Средни фаланги (4 по рака, вкупно 8)
- Дистални фаланги (5 по рака, вкупно 10)
- Корен на дланката (8 по зглоб, вкупно 16)
Долен екстремитет (бут и нога) и стапало
[уреди | уреди извор]Секој долен екстремитет се состои од 30 коски: Вкупно има 4 коски во бутот, коленото и ногата, а 26 во стапалото. Вкупно има 60 коски во долните екстремитети.
- Ивер (2)
- Патела или капаче на коленото (2)
- Голема писка (2)
- Мала писка (2)
- Стапало (26 коски по стапало, вкупно 52 коски)
- Коски на стапалата (7 по стапка, вкупно 14)
- Петна коска (2)
- Скочна коска (2)
- Чунеста коска (2)
- Медијална клинеста коска (2)
- Средна клинеста коска (2)
- Латерална клинеста коска (2)
- Кубоидна коска (2)
- Метатарзални коски (5 по стапка, вкупно 10)
- Фаланги на стапалото (14 по стапало, вкупно 28)
- Проксимални фаланги (5 по стапало, вкупно 10)
- Средни фаланги (4 по стапало, вкупно 8)
- Дистални фаланги (5 по стапало, вкупно 10)
- Коски на стапалата (7 по стапка, вкупно 14)
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Klein, Eric. „The 206 Bones of the Human Body“. Rensselaer Polytechnic Institute. Архивирано од изворникот на 2022-03-16. Посетено на 2025-11-08.
- ↑ Neumann, Paul E.; Gest, Thomas R. (22 June 2019). „How many bones? Every bone in my body“. Clinical Anatomy (English). New York, NY: 2019 Wiley Periodicals, Inc. 33 (2): 187–191. doi:10.1002/ca.23425. PMID 31228290. Посетено на 8 November 2025.CS1-одржување: непрепознаен јазик (link)
- ↑ Beck, Kevin. „How Many Bones Are in a Body?“. Sciencing. Посетено на 21 August 2023.
- ↑ Mammal anatomy : an illustrated guide. New York: Marshall Cavendish. 2010. стр. 129. ISBN 9780761478829.