Список на команданти на ОНА

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ова е список на команданти на т.н. ОНА во Македонија. За повеќе информации видете ја главната статија Ослободителна народна армија
Логото на УЧК во Македонија

Ослободителната народна армија (ОНА) како и секоја паравоена формација била структурно поделена и водена од лица кои имале разни функции во организацијата. Следува листа на командантите и политичките претставници на ОНА.

Членови[уреди | уреди извор]

Команданти[уреди | уреди извор]

  • Али Ахмети (4 јануари 1959 во Зајас, Кичевско) - главен командант на ОНА, познат по псевдонимот Абаз;
  • Г’зим Острени (1942 во Дебар) - главен командант на ОНА (генерал-мајор). Висок офицер на КЗК суспендиран од Агим Чеку поради поврзаноста со ОНА;
  • Муса Демири (1955 во Србица, Кичевско) - командант
  • Даут Харадинај (6 април 1978 во Голдане, Србија) - командант Малиќи. Одговорен за обука на војниците од Македонија кој се бореле за ОВК и командант во 113 регионална бригада „Исмет Јашари“ на ОНА;
  • Шефит Џафери 1960 во Чајле, гостиварско, Македонија.
  • Мустафа Рустеми (27 февруари 1971 во Подујево, Србија) - командант Реми
  • Џавит Асани (5 мај 1957 во Танушевци, скопско) -
  • Хисни Шаќири (1 март 1949 во Отља, општина Липково, Македонија) - требало политички да ја представува ОНА во случај на „преговори“ пред меѓународната јавност со македонските власти, бидејки другите членови од Главниот штаб на ОНА не се од Македонија
  • Џеват Адеми (8 декември 1962 во Голема Речица, Тетовско) - Член на ОНА. Шеф на тајната полиција на ОВК за Македонија. Лидер на АКШ „Албанска Национална Армија“. Преседател на здружението на политички затвореници со седиште во Тетово.
  • Емруш Сума (27 мај 1974 во Димце близу Качаник, Србија) - командант Оџа. Раководител на Одделот за борба против организираниот криминал и шверц во 6 заштитна зона, член на генералштабот на ОНА и командант на ОНА во Арачиново;
  • Иса Лика (1973 во Тетово) - командант Илир. Командант на ОНА во 112 регионална бригада (Тетовско);
  • Астрит Бехадини (1973 во Порој, Tетовско) - командант Чели, Командант на ОНА во 112 регионална бригада (Тетовско);
  • Даут Реџепи (1966 во Порој, Tетовско) - командант Лека. Командант на ОНА во 112 регионална бригада (Тетовско);
  • Сами Шакири (1952 во Матејче, кумановско) - командант Сами. Командант на ОНА во 113 регионална бригада (Кумановско)
  • Џезаир Шаќири (1965 во Танушевци, скопско) - командант Оџа[1]. Контактирал со Мухамед ал-Завахири, организатор на муџахедини на Балканот.
  • Рафис Алити (29 април 1965 во Радуша, скопско) - командант Месуси[1]. Командант на ОНА во 112 регионална бригада (Тетовско)
  • Раим Лимани (1978 во Грчец, скопско) - командант Горанце
  • Шеваљ Етхеми (Палатица, тетовско) -командант Ваљони. Командант на ОНА во 112 регионална бригада (Тетовско) и Шеф на оператива.
  • Шемседин Хазири (Шипковица, Тетовско) - Раководител на огранокот во диаспората на ОНА, брат на Џемаил Хазири
  • Џемаил Хазири (Шипковица, Тетовско) - Одговорен од диаспората за префрлување на оружје и доброволци за ОНА, брат на Шемседин Хазири
  • Ферит Селими (??? во Скопје) - Командант на муџахединска единица, дејствувал во кумановскиот регион - 113 регионална бригада.;
  • Хајрула Мисини (од Куманово) - Командант Шпати. Командант на ОНА во 113 регионална бригада (Кумановско);
  • Семи Хебиби (Тетово, 16 август 1973) - член на ОНА, познат по нападот врз полициската станица во Теарце;
  • Сами Хајдари (од Гостивар) - Председател на „Трета алтернатива“ и председател на КОАТ;
  • Сабедим Селими (Липково, Кумановско) - Командант со муџахедински вод во кумановскиот регион - 113 регионална бригада;
  • Рахим Самиу (Шемшево, Тетовско) - Командантите на ОНА, еден од организаторите на гранатирањето на полицискиот пункт во Шемшево. Дејвувал на Тетовското кале;
  • Нури Беџети (од Тетово) - член на ОНА;
  • Назим Буши - капетан Адаши.Командант на ОНА во 114 регионална бригада (Кумановскиот регион);
  • Насуф Камери (од Тетово) - Еден од главните активисти на „НДК“ во дијаспората;
  • Мухамет Џемајли (Миховац, Србија, 8 февруари 1958) - Командант Ребели. Командант на ОВПБМ на зона Чар, но навлегува преку Гнилане во Македонија и со своја група од 25-30 поранишни членови на ОВПМБ се приклучува на ОНА и дејствува во Матејче, Кумановско;
  • Мурат Јашари (од Оризари, Кумановско) - Командант Баци. Висок функционер во НДК, член на ОВПМБ, претседател на организацијата РИЗО од Куманово и член на ОНА;
  • Малиќ Дречај - Локален командант на ОНА за регионот Малино-Танушевци;
  • Љуљзим Исмаили - Командант Љуљи. Командант на ОНА во 112 регионална бригада (Тетовско);
  • Изаир Сами (од Шемшево, Тетовско) - Командант Шурли.
  • Емруш Ќамили (од Гостивар) - Член на НДК и благајник во дијаспората во Германија на „Глас на татковината“. Собирач на средства за ОНА;
  • Дестан Ајдини (од Куманово) - Член на раководството на НДК, резервен офицер и главен во обезбедувањето на финансиски средства и оружје за ОВК и ОНА;
  • Беќир Халими - Заменик командант на муџахедински единица, која дејствувала во кумановскиот регион - 113 регионална бригада;
  • Адем Имери - Белаја (Кондово, скопско) - Шеф на експозитурата „КОКА“ (Нарко мафијашко крило на ОНА) во Скопје на Мендух Тaчи;
  • Адем Бајрами -Командант ветеран на УЧК кој помага во координирање на нападите на Тетово;
  • Агим Ахмети (од Гостивар) - Лидер на екстремната вооружена групација „Албански национален фронт за Илирида“ - АНФИ. Поврзан со активностите на ОНА;
  • Абедин Зибери (од Слупчане, Кумановско) - Командант на полицијата во 113 регионална бригада „Исмет Јашари“ на ОНА. Шеф на единица за разузнавање и контра разузнавање, составена од 30-35 души кој дејствуват во цивилна облека како локално население.
  • Лефтер Коџај (од Албанија ? - 7 август 2001) - Командант Тели. Командант во 113 регионална бригада. Убиен[2]
  • Ружди Матоши - Командант Матош[1];
  • Нури Мазари (5 мај 1978- 11 јули 2005) - Командант Струга. Тој како член на УЧК учествувал во операциите во Прешево, Бујановац и во Медвеѓа во СРЦГ, а во 2001 година како командант Струга во операциите на ОНА кај Танушевци, Брес и Малино

Политички претставници[уреди | уреди извор]

  • Муса Џафери (1959 во Зајас, Кичевско) - Координатор на политички преставници на ОНА во дијаспората, председател на фондот „Национална слобода“, шеф на ОНА фондовите.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Блажевски, Иван. „Новите македонски парламентарци добија колеги од поранешната ОНА“, Дневник (посет. 24 декември 2010 г). (на македонски)
  2. „Убиени пет албански терористи“ (македонски). А1. 07.08.2001. конс. 2010-12-24.