Список на загинати учесници во Евромајдан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спомен за убиените во Киев.

Ова е список на загинати учесници во Евромајдан за време на протестите наречени Евромајдан на крајот на 2013-та и почетокот на 2014 година, исто така познати како „Небесните стомина“ или „Небесна сотња“.[1][2] [3][4]. Списоков содржи граѓани на Украина кои имале непосредна поврзаност со идеите и дејствата на Евромајдан. Моментално постојат 101 потврдени жртви. Покрај ова, 16 полицајци исто така загинале, од кои 11 имиња биле потврдени. На 21 февруари 2014 украинските власти законски ги признале загинатите демонстранти на Евромајдан.[5] Според стручната проценка на ситуацијата на Микола Сири, правник и постар научен сорабтник на Институтот за држава и право при Академијата на науките на Украина, украинското „МВР незаконски употребило оружја против демонстрантите“.[6]

Првите смртни случаи настанале на 22 јануари 2014, за време на судири со полицијата на ул. Хрушевски во Киев, каде што 3 активисти на Евромајдан биле застрелани. Истиот ден, телото на уште еден член на Евромајдан било пронајдено надвор од градот. Тој бил киднапиран ден претходно, заедно со Ихор Луценко, кој бил пуштен на слобода. Овие биле првите жртви на демонстрации во Украина од прогласувањето независност во 1991. Овие смртни случаи предизвикале протести ширум земјата.

Уште четири жртви поврзани со Евромајдан биле предизвикани во периодот помеѓу 25 јануари и 13 февруари.

Втората активна фаза почнала на 18 февруари. По кратко примирје на 19 февруари, судирите биле обновени следниот ден. Специјалните сили Беркут и снајпери од Внатрешните единици стрелале луѓе на плоштадот, а други специјалци пукале во протестите со автомати АК-47. Повремено, украинското МВР стрелало по активистите на Евромајдан со огнени оружја од покривот на хотелот Украина и од страните на хотелот Козацки на улицата Михајливска.[7] Според некои извори, помеѓу 40-100 луѓе биле убиени на 20 февруари.[8]

Список на жртвите до 18 февруари[уреди | уреди извор]

Број Презиме/Име/Татково име Детали Датум на смрт Причина за смрт
1 Украина Мазуренко, Павло 41 година, посетувал митинг на Евромајдан[9] 22 декември 2013 Бил истепан од безбедносни сили на покривот на трговска зграда на улицата Хнат Јури. Умрел на 22 декември при реанимација во одделот за интензивна нега на Киевската градска клинична болница бр. 12 од двострана пневмонија.
2 Украина Вербицки, Јуриj Тарасович Работел во Одделот за сеизмичност на Карпатското одделение на Институтот за геофизика НАН во Лавов.[10] 21/22 јануари 2014 Киднапиран од непознати лица од Олександривската болница заедно со активистот Игор Луценко утрото на 21 јануари 2014. Неговото тело било пронајдено на 22 јануари во близина на селото Хнидин во Бориспилскиот реон на Киевската област со знаци на мачење.[11] Според сведочењата на неговиот другар Јури Роман Вербицки, при идентификувањето на телото било очигледно дека нозете му биле скршени со оголени коски, целиот грб му бил модар, скршените ребра биле видливи на неговото торзо, а лицето му било со исекотини.[12] Официјалната причина за смрт според лекарите била хипотермија.
3 Ерменија Нигојан, Сергеј Нахикович Роден во селото Березнувативка во Днепропетровската област.[13] Семејството Нигојан се преселило од Ерменија во Украина како бегалци од Нагорно-Карабаковата војна.[14] Се занимавал со атлетика и источни боречки вештини.[15] Нигојан дошол на Евромајдан на 8 декември и претежно бил вклучен во одржување безбедност. По неговата смрт, украинскиот композитор Валентин Силвестров посветил две песни во негова чест. 22 јануари 2014 Убиен за време на судири со полицијата на улицата Хрушевски. Претрпел три прострелни рани од сачми.[16] [17]
4 Белорусија Жизневски, Михаил Жизневски ја напуштил Белорусија поради политички причини. Во Украина живеел и работел во Киев а потоа Бела Црква.[18] Бил член на украинската националистичка група УНСО 22 јануари 2014 Умрел на 22 јануари за време на нападот на Беркут кога бил застрелан во градите од снајпер.
5 Украина Сеник, Роман Федорович По потекло до Лвовска област, во последните години живеел во Турка. 25 јануари 2014 За време на напад на Беркут на улицата Хрушевски, граната му ја откинала раката и го ранила неколкупати во градите и белите дробови. Погоден со метален куршум во дробот, издржал неколку операции и ампутација на раката, но починал по губење повеќе од 3,5 литри крв.[19][20]
6 Украина Калињак, Бохдан Михајлович 52 години, од Коломија, Ивано-Франкивска област 28 јануари 2014 Умрел во болница во Ивано-Франкивск. Градоначалникот на Коломија, Ихор Сузар, рекол дека добил пневмонија поради водените топови користени од полицијата во Киев и покрај смрзнувачките температури. И покрај тоа што имал братучетка во Киев, не отишол да се загрее кај неа за да не го напушти плоштадот.[21][22]
7 Украина Синенко, Серхиј Петрович Активист на Автомајдан Запорижја. Татко на четири деца. 13 февруари 2014 Непознати лица стрелале во неговиот резервоарот за бензин на неговиот автомобил, предизвикувајќи експлозија и горејќи го Серхиј жив.[23][24] Неговото тело било идентификувано на основа на ДНК-анализа. Во снимено обраќање одговорноста за чинот ја преземале т.н. Привиди Севастопоља.[25]
8 Украина Хомјак, Виктор Борисович р. 1958, с. Холишив, Волинска област 27 јануари Активен учесник на Евромајдан, утрото на 27 јануари бил најден обесен на елката на Плоштадот на независноста.[26][27] Неговите блиски и роднини биле уверени дека човекот не би се самоубил. Од неразбирливи причини, многу фактори околу неговата смрт не биле земени предвид од полицијата, а кои укажуваат на насилна смрт.[28]

Список на жртвите од 18 до 21 февруари[уреди | уреди извор]

Број Презиме/Име/Татково име Детали Датум на смрт Причина за смрт
1 Украина Дидич, Серхиј Васиљович Член на реонскиот парламент на Хороденка од партијата Свобода, 44 години 18 февруари 2014 Починал во Киев при судирите со силите на Беркут. Според негов пријател, граната експлодирала близу него и ја раскинала неговата вратна артерија.
2 Украина Кишчук, Володимир Јуријович 58 години, од Запоришката област 18 февруари Застрелан за време на судирите со Беркут.
3 Украина Шаповал, Серхиј Борисович 45 години, од Киев 45 години, од Киев Пронајден мртов во зградата на офицерите.
4 Украина Сердјук, Ихор 40 години, од Кременчук 18 февруари Нападнат од Беркут и „титушки“ додека градел барикади и застрелан во лицето.
5 Грузија Хурција, Зураб 53 години, од Грузија 18 февруари Починал од срцев напад за време на судирите.
6 Украина Веремиј, Вјачеслав Васиљович Новинар за весникот „Вести“, изгубил едно око за време на судирите на улица Хрушевски, татко на 4-годишен син 18 февруари Извлечен од такси од разбојници платени од владата и претепан, а потоа застрелан во градите.
7 Украина Брездењук, Валериј Олександрович Украински уметник, познат по своите слики на вода, од Жмеринка 18 февруари Застрелан во грбот.
8 Украина Дворјанец, Антонина 62 години, од Броварив 18 февруари Претепана до смрт со палки за време на судирите на улица Институтска.
9 Украина Корчак, Андриј 49 години, од Стриј 18 февруари Бил на Мајдан од ноември. Умрел во болница по откажување на внатрешните органи откако бил претепан од силите на Беркут.
10 Украина Наумов, Володимир Григорович 44 години, од Донечката област 18 февруари 2014 Телото му било пронајдено на островот Труханив близу Днепар. Носел марама од Самоодбрана на Мајдан. Полицијата рекла дека е чин на самоубиство.
11 Украина Капинос, Олександр Анатолијович 29-30 години, активист на партијата „Свобода“, село Дунајив, Тернопилска област 18 февруари 2014 Во 2012-та, протестирал со глад 12 дена против јазичниот закон. Починал од пробиена артерија поради експлодирана граната.
12 Украина Плеханов, Олександр Викторович 22 години, студент на архитектонскиот факултет КНУБиА, следниот ден требал да ја добие неговата диплома 18 февруари 2014
13 Украина Зајко, Јакив Јакович 73 години, Житомир. Член на првиот украински парламент 18 февруари 2014 Умрел од инфаркт, бегајќи од Беркут на ул. Институтска.
14 Украина Куљчицкиј, Володимир Станиславович 65 години, од Киев 18 февруари 2014 Првиот куршум поминал низ срцето и останал во облеката. Вториот го погодил во стомакот.
15 Украина Черненко, Андриј 35 години. Од Полтавската област. Оставил 7-месечно дете. 19 февруари 2014 Идентификувањето на телото било извршено од сестра му.
16 Украина Пасхалин, Јуриј Олександрович 30 години. Од Черкаската област. 19 февруари 2014 Се здобил со три прострелни рани во грбот и пневматична повреда. Прва помош била дадена во Зградата на синдикатите. По палењето на зградата бил евакуиран до 18-тата болница на булеварот Шевченко каде што не успеале да го спасат.
17 Украина Васиљцов, Виталиј Валеријович 36 години, од Бела Црква, имал две деца 18 февруари 2014 Застрелан на улицата Велики Житомир. Починал во Олександривската болница на ул. Шовкович.
18 Украина Пантелејев, Иван Миколајович Роден 1981, Краматорск 20 февруари 2014 Загинал на ул. Институтска. Телото му било идентификувано во хотелот Украина.
19 Украина Точин, Роман Петрович Роден 1969, Ходорив, Лвовска област 20 февруари 2014 Загинал од прострелна рана во главата. Телото му било идентификувано во хотелот Украина.
20 Украина Чмиленко, Виктор Иванович 1961, Кировоградска област 20 февруари 2014 Земјоделец, застрелан од снајпер.
21 Украина Ушневич, Олех Михајлович 31 година, р. Дрогобич 20 февруари 2014 Застрелан од снајпер на ул. Институтска. Телото му било идентификувано во хотелот Украина.
22 Русија Ткачук, Игор Михајлович Украинец, руски граѓанин, р. 1975, живеел во Коломијскиот реон 20 февруари 2014 Пристигнал во Киев на 18 февруари, а загинал на 20-ти. Телото идентификувано во хотелот Украина.
23 Украина Царјок, Олександр Миколајович с. Калинивка 20 февруари 2014 Загинал близу Октомвриската палата. Телото идентификувано во хотелот Украина.
24 Украина Холодњук, Устим Володимирович Роден на 8 декември 1994 во Збараж, Тернопилска област 20 февруари Умрел во хотелот Украина како последица од прострелна рана во главата. Татко му е полицаец кој исто така бил на Мајдан.
25 Украина Шчербањук, Олександр Миколајович 2 јануари 1968, г. Черновци, евреин, воен ветеран од Авганистан 20 февруари 2014 Убиен од полициски снајпер.
26 Украина Костенко, Ихор Ихорович 31 декември 1991, студент по географија, од Лавов, уредник на украинската Википедија 20 февруари Бил убиено околу Октомвриската палата. Според неговиот другар Володимир, кој го пренесол телото на Ихор, неговите нозе биле толку искршени што „можеле да се врзат во јазол“.
27 Украина Шилинх, Јосип Михајлович 14 март 1952, пензионер, од Дрохобич 20 февруари 2014 Загинал од прострелна рана во главата близу Октомвриската палата. Телото му било идентификувано во хотелот Украина.
28 Украина Парашчук, Јуриј Хрихорович 1 јули 1966, г. Таљне, Черкаска област. Имал син од првиот брак и две посвоени ќерки. За време на настаните на Евромајдан, работел како столар во Харков. Закопан во родниот град. 20 февруари 2014 Застрелан во главата од снајпер на ул. Институтска.
29 Украина Ѕјавуљски, Микола Степанович р. 1958, од Шепетивка. Учител по географија и биологија. Член на партијата Свобода. 20 февруари 2014 Застрелан на ул. Институтска.
30 Украина Сољчаник, Бохдан Зиновијович 25 јули 1985, Стариј Самбир, Лавовска област. Имал докторат од полски универзитет и предавал на УКУ (Украински католички универзитет) 20 февруари 2014 Телото му било донесено во дворот на манастирот Свети Михаил.
31 Украина Бондарчук, Серхиј Миколајович 9 септември 1961, од Старокостјантинив, Хмелницка област. Учител по физика, претседател на Старокостјантинивската месна организација на партијата Свобода. 20 февруари 2014 Убиен на ул. Институтска.
32 Украина Захаров, Володимир Константинович 57 години, информатички специјалист 18 февруари 2014 Загинал за време на пожарот во канцеларијата на Партијата на регионите. Според ПР, Володимир починал од чадот откако активисти го претепале со палки. Според останатите извори, активистот бил застрелан во главата.
33 Украина Мојсеј, Васиљ Михајлович 23 март 1992. 21 година. Киверци, Волинска област. Дошол на Мајдан со неговиот брат-близнак ноќта на 18 февруари. Студирал на Универзитетот за човечки развиток „Украина“ во Луцк. 20 февруари 2014 Утрото на 20 февруари на ул. Институтска бил погоден од снајпер. Иако носел цивилен панцир, сепак куршумот оштетил важни крвни садови.
34 Украина Бајдовскиј, Серхиј Романович 24 години, г. Нововолинск. 20 февруари 2014 Застрелан.
35 Ерменија Артјуњан, Хеорхиј Вахаршакович Ерменец, граѓанин на Грузија, 50 години. Од Ровно. Член на партијата Свобода. Оставил 2 ќерки. 20 февруари 2014 Бил застрелан од снајпер близу Споменикот на независноста во Киев. Телото му било пренесено до Св. Михаил.
36 Украина Војтович, Назар Јуријович 17-годишно момче од с. Травневе, Тернопилска област. 20 февруари 2014 Според директорот на Тернопилскиот кооперативен факултет Васиљ Макарчук, бил известен дека телото на Назар се наоѓа во Св. Михаил од сопругата. Назар учел за дизајнер. Денес факултетот го носи неговото име.
37 Украина Хриневич, Едуард Миколајович 28 години. Од Волинската област. 20 февруари 2014 Застрелан од снајпер во главата.
38 Украина Жаловаха, Анатолиј Хрихорович 34 години. Од Лавов. 20 февруари 2014 Телото му било донесено во дворот на Св. Михаил.
39 Украина Жеребниј, Володимир Миколајович 29 години, од с. Рудки, Лвовска област. Работел во Лвовскиот национален земјоделски универзитет. 20 февруари 2014 Загинал на ул. Институтска, откако снајпер го застрелал во вратот и главата. Закопан во родното Рудки.
40 Украина Кемскиј, Серхиј Олександрович 34 години. Од Керч, Крим. Експерт при Институтот за политички и економски ризици и перспективи. 20 февруари 2014 Телото му било донесено во дворот на Св. Михаил.
41 Украина Мовчан, Андриј Серхијович 34 години. Од Киев. Работел во театарот „Иван Франко“. Член на Демократската алијанса. 20 февруари 2014 Убиен од полициски снајпер. Според сведоштвата на пријател, Андриј носел храна на Мајдан кога бил убиен.
42 Украина Смоленскиј, Виталиј Виталијович Од Уманскиот реон, с. Фурманка. Живеел и работел во Киев. Оставил зад себе две мали деца. Закопан во родното село. 20 февруари 2014 Телото му било донесено во дворот на Михајливскиот соборен храм.
43 Украина Чернец, Виктор Хрихорович Роден во 1977. Од с. Подибна, Черкаска област. Имал две деца. 19 февруари 2014 На потегот Одеса-Киев, жителите на Манкивка и Уман близу селото Подибна поставиле блокада на патот за да ги спречат „титушките“ и специјалните сили да стигнат до престолнината. Возач на неидентификуван џип ја пробил блокадата и го прегазил Виктор.
44 Украина Пахор, Дмитриј Олексијович 21 година, с. Хропотова, Хмелницка област. 19 февруари 2014 Загинал навечер во Хмелницки, близу зградата на безбедносните сили откаде што бил отворен оган. Бил ранет во главата и наскоро починал во болница. Чичкото на починатиот изјавил дека во мртовечницата му кажале дека бил застрелан со куршуми од Калашников, меѓутоа не им ги покажале куршумите. Дмитриј штител девојка додека стрелале.
45 Украина Дихдалович, Андриј Иванович 3 јуни 1973, Лавовска област, с. Сокиљники 20 февруари 2014 Застрелан од снајпер додека штител другар.
46 Украина Вајда, Бохдан Иванович 48 години, с. Летња, Лавовска област 20 февруари 2014 Застрелан од снајпер во градите.
47 Грузија Кипиани, Давид Грузиец, имал едногодишен син. 21 февруари 2014 Телото му било пронајдено ноќта на 20 февруари на барикадите близу ЦУМ во униформа на Самоодбраната на Мајдан со две прострелни рани. Умрел бргу. Според информациите на вештаците, умрел од остра исхемија и откажување на срцето.
48 Украина Бондарјев, Серхиј Анатолијович Програмер за GlobalLogic од Киев. По потекло од Краматорск, Донечка област 18 февруари 2014 Загинал од четири прострелни рани за време на првиот напад близу Зградата на синдикатите. Препознаен од роднините во мртовечницата.
49 Украина Хурик, Роман Ихорович 20 години, г. Ивано-Франкивск, студент на филозофскиот факултет при Прикарпатскиот универзитет 19 февруари 2014 Загинал близу пладне во првите редови од снајперски куршум во слепоочницата.
50 Украина Дмитрив, Ихор Федорович 30 години, с. Копанки, Ивано-Франкoвска област 20 февруари 2014 Го барале неколку часа безуспешно. Близу 17.00 часот стигнала информација од 17-тата болница на Киев дека починал.
51 Украина Корнејев, Анатолиј Петрович 53 години, с. Хавриливци 20 февруари 2014 Информацијата за неговата смрт се појавила рано на 20 февруари. Пред пладне, неговата жена заминала за Киев. Неговиот другар се обидел да го добие на телефон, но непознат глас одговорил: „Го нема повеќе вашиот Анатолиј Петрович. Снајпер го застрела во срцето.“
52 Украина Коцјуба, Виталиј Миколајович 7 јули 1982, г. Лавов 20 февруари 2014
53 Украина Опанасјук, Валериј Адамович 20 мај 1971, г. Ровно, имал 4 деца 20 февруари 2014 Не бил достапен два дена пред да стигне информацијата за неговата смрт.
54 Украина Пављук, Володимир 40 години, од Коломија, Ивано-Франковска област 20 февруари 2014 Застрелан 4 пати. Трипати во ногата и еднаш во левото око.
55 Украина Пањкив, Микола Олександрович 39 години, с. Лапајивка, Лавовска област 20 февруари 2014 Убиен од куршум во градите.
56 Украина Храпаченко, Олександр Володимирович 26 години, Здолубнив. Бил театарски режисер. 20 февруари 2014 Снајпер го застрелал право во око. Смртта настапила веднаш.
57 Украина Шимко, Максим Миколајович 33 години, Винницја, учесник во клубот за историска реконструкција „Бел волк“ 20 февруари 2014 Тернопилски известувач нашол непознат човек без документи меѓу загинатите. За да го пронајдат роднините, фотографија од човекот била поставена на Интернет и за неколку часа се открило дека човекот е 33-годишниот Максим Шимко со прострелни рана во главата.
58 Украина Бљок, Иван Иванович 40 години, Хородок, Лавовска област 20 февруари 2014 Умрел од снајперски куршум во срцето, утрото на 20 февруари, на ул. Институтска. Моминското презиме на жена му било Тур и понекогаш така го нарекувале и човекот поради што бил заведен во списокот на загинати како Иван Иванович Тур.
59 Украина Тарасјук, Иван Миколајович 21 година, с. Олика, Волинска област 20 февруари 2014 Убиен од снајпер.
60 Полска Пољански, Леонид Петрович Полјак, граѓанин на Украина, 35 години. Телото му било пронајдено во мртовечницата бр. 1 (Киев, ул. Оранжерејна-9).
61 Украина Сајенко, Андриј Степанович 42 години, од Фастив 20 февруари 2014 7 сотња на Самоодбраната на Мајдан. Убиен од снајпер.
62 Украина Котљар, Јевхен Миколајович 34 години, од Харков. Дипломирал на Харковскиот институт за радиоелектроника (ХИРЕ). Алпинист и активист во еколошката организација „Зелен фронт“ 20 февруари 2014 Бил на Мајдан од почетокот на декември со неколкудневни паузи. Припаѓал на третата сотња. Скоро сите ноќи ги поминал на плоштадот. Бил на барикадите, бранел луѓе од полициските сили со штит, пренесувал ранети. По почетокот на „мирниот настап“ на Беркут, се вратил од Харков, каде што бил во посета на татка си неколку дена, пристигнал во Киев на 18 февруари и повторно се придружил на третата сотња, иако планирал да се придружи на новосоздадената харковска сотња. Последен пат, Жења бил виден на ул. Институтска како пренесува ранети и загинати за време на престрелките. Има и информација дека загинал близу 11 часот кога отишол во напад. Бил закопан во Харков на 23 февруари. Оставил зад себе татко и помлада сестра.
63 Украина Шеремета, Људмила Даниливна 22 февруари 1939, Хмељницки 22 февруари 2014 Работела како лекар-анестезиолог. Ранета на 19 февруари во главата близу зградата на безбедносните сили откако била застрелана со автомат. Умрела во болницата.
64 Украина Максимов, Дмитро Вјачеславович 19 години. Добитник на сребрен и бронзен медал во џудо од Дефлимписките игри (Олимпијада за глуви) во Софија во 2013-та. Кавалер на Орденот за заслуги од III степен. 18 февруари 2014 Дошол во Киев за поддршка на демократска украинска држава на мирен митинг на Плоштадот на независноста. За време на стрелањето, граната му ја откинала раката и починал во Зградата на синдикатите од прекумерно крварење. Неговото тело останало неколку дена во Михајливскиот храм.
65 Украина Швец, Виктор Миколајович р. 1957, од с. Хатное, Киев. 19 февруари 2014 Бивш полицаец во пензија. На 18 февруари отишол на Мајдан, како што рекол, да ги брани младите. Околу 23:00 му се јавил на семејството и рекол дека е во ред. Околу 4:00 утрото, преку телефон ја известиле неговата сопруга дека загинал.
66 Украина Цепун, Андриј Михајлович 35 години, од Киев. 21 февруари 2014 Дури на 23 февруари се дознало за смртта на Андриј. Бил меѓу активистите кои го блокирале влезот во Киев од Хостомељскиот правец. Околу полноќ, Андриј сам тргнал накај дома и бил убиен на патот. Неговото тело било пронајдено на ул. Верболозниј со траги на тепање и мозочна траума.
67 Украина Машков, Максим 21 февруари 2014 Умрел во 17-тата болница во Киев.
68 Украина Хорошин, Максим Максимович 25 години, с. Хрушкивка, Камјански реон во Черкаската област. Закопан во родното село. 18 февруари 2014 Загинал на 18 февруари за време на судирите на ул. Институтска близу Владиниот кварт. Бил отруен од гасот од ескплодирана граната. Умрел во болница.
69 Украина Мељничук, Володимир Валеријович 39 години 20 февруари 2014 Умрел во 17-тата болница од прострелни рани во градите.
70 Украина Пехењко, Ихор Олександрович Киевска област
71 Украина Чаплинскиј, Володимир Володимирович (Влад) р. 1970, татко на две деца, г. Обухив, Киевска област. 20 февруари 2014 Застрелан во вратот од снајпер.
72 Украина Семисјук, Микола Миколајович р. 1986, г. Хмељницки 20 февруари 2014 Прострелна рана во главата.
73 Украина Таршчук, Микола р. 1975 20 февруари 2014 Прострелна рана во вратот.
74 Украина Братушко, Олексиј Серхијович р. 1975, Суми 20 февруари 2014 Прострелна рана во главата.
75 Украина Линијчук, Олех р. 1988 во Винница. Живеел во Иличивск. 20 февруари 2014 Дипломира со почести од Винницкиот политехнички универзитет. Починал од мозочен удар откако черепот му бил скршен од силите на Беркут.
76 Украина Бојкив, Володимир Васиљович 5 февруари 1955, Лавов 19 февруари 2014 Последен пат зборел на телефон со жена си додека бил на ул. Хрушевска. Ноќта на 19 февруари бил ранет во главата, ’рбетот, црниот дроб и слезинката. Неговото тело не можело да биде идентификувано до 24 февруари, кога неговата жена го препознала во мртовечницата. Бил закопан во Лавов на Личаковските гробишта во Алејата на хероите.
77 Украина Хородњук, Иван 29 години, с. Березне, Ровненска област 20 февруари 2014 Умрел во Ровно од болест добиена откако бил полиен од полициски водомет при смрзнувачки температури.
78 Украина Жановачиј, Андриј Бохданович р. 1964
79 Украина Прохорскиј, Васиљ Петрович 4 мај 1980, с. Шчуча Хребља, Бахмацки реон, Черниговска област. Работел во Киев. 18 февруари 2014 Загинал од снајперски куршум додека им помагал на медицински лица. Роднините го барале долго време и го нашле во мртовечница на 22 февруари.
80 Украина Прохорчук, Виктор Олександрович р. 1975
81 Украина Зубок, Володимир Валеријович р. 1985, Чернихивска област 20 февруари 2014
82 Украина Топиј, Володимир Петрович 57 години, с. Вишња, Лавовска област 18 февруари 2014 Го барале од 18 февруари. Син му го нашол во Зградата на синдикатите. Загинал при пожарот на зградата.
83 Украина Нечипорук, Јуриј 40 години, Хмиљник 18 февруари 2014 Убиен од „титушки“ откако бил однесен 30 км од Киев, близу селото Хлеваха. На телото имал 20 убоди од нож од кои два во вратот и девет во пределот на срцето.

Список на жртвите по 21 февруари[уреди | уреди извор]

Број Презиме/Име/Татково име Детали Датум на смрт Причина за смрт
1 Украина Бачински, Ихор 30 години 25 февруари 2014 Бил сирак кој имал само баба и дедо кои живеат во с. Бојарци. Изјавиле дека Ихор се здобил со повреди на Мајдан, за кои бил згрижен, но потоа починал. Според документите, причината за смрт има некриминален карактер.
2 Украина Костишин, Михајло Јосипович р. 1971, с. Нижниј Струтињ, Рожњатовски реон, Ивано-Франкивска област. 26 февруари 2014 Отишол на Мајдан веднаш по тепањето на студентите. Тој исто така бил сурово истепан. На 27 февруари сè уште бил во болница, но не успеале да му го спасат животот.
3 Украина Олех? Борец на 1-та сотња на Мајдан, од Кремечуцкиот реон во Полтавската област 23 февруари 2014 Причината за смртта била рани здобиени ден претходно. Вратната артерија му била зашиена и ги отстраниле шрапнелите, меѓутоа неколку делчиња преостанале кои не биле забележани.
4 Украина Иљкив, Бохдан Иванович 51 година, од Лвовската област. Оставил две ќерки. 22 февруари 2014 Бил ранет двапати во стомакот додека стрелале на Мајдан. Умрел во болница на 22 февруари.
5 Украина Зубенко, Владислав Виталијович 22 април 1991, Харков 28 февруари Починал од раните здобиени на 20 февруари.

Загинати припадници на безбедносните сили[уреди | уреди извор]

Министерството за внатрешни работи на Украина изјавило дека два случаи на смрт не се поврзани со Евромајдан ниту некакви граѓански протести.

На 30 јануари 2014, министерот за внатрешни работи Виталиј Захарченко официјално објавил дека 30-годишниот капетан на Внатрешните единици на Украина Дмитро Донец починал од срцев напад како последица на секојдневен стрес поради судирите на ул. Хрушевски. Подоцна во денот се дознало дека Донец бил веќе мртов кога неговата единица била известена за немирите и се наоѓал во селото Старе (Бориспилски реон). На 18 февруари, шест полицајци биле убиени за време на нападот на камповите на демонстрантите во Киев.

Од февруари 18-21, 11 припадници на безбедносните сили загинале како последица од конфликтот.

Чин Презиме/Име/Татково име Детали Датум на смрт
Поручник Дмитро Власенко р. 1982, Внатрешни единици (Крим) 18 февруари 2014
Поручник Виталиј Хончаров р. 1989, Внатрешни единици (Крим) 18 февруари 2014
Поручник Володимир Јевтушко р. 1971, Патролна служба (Киев) 18 февруари 2014
Постар поручник Андриј Федјук р. 1972, Беркут (Крим) 18 февруари 2014
Олексиј Иваненко р. 1977, Внатрешни единици (Харков) 18 февруари 2014
Поручник Павло Савицкиј р. 1972, Патролна служба (Киев) 18 февруари 2014
Наредник Василиј Булитко р. 1986, Беркут (Киев) 18 февруари 2014
Наредник Серхиј Цвихун р. 1990, Беркут (Запорижја) 18 февруари 2014
Иван Тепљук Р. 1993, Внатрешни единиц (Киев) 18 февруари 2014
Максим Третјак Р. 1993, Внатрешни единици (Киев) 18 февруари 2014
Серхиј Спичак Берѓанск (Запоришка област) 19 февруари 2014

Галерија[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  1. «Небесна Сотня» (на «youtube»)
  2. «Небесная сотня Майдана: в Киеве попрощались с погибшими» — сайт ООО «ДИДЖИТАЛ ВЕНЧЕЗ»
  3. „19.30. на «5 канале» телемарафон «Небесная сотня»“. Архивирано од изворникот на 2014-02-27. Посетено на 2014-03-02.
  4. 5 канал проведет телемарафон памяти «Небесной сотни»
  5. Рада установила помощь семьям погибших активистов (21 февраля 2014, 18:27) — сайт «LB.ua» (руски)
  6. МВС застосовувало зброю проти протестувальників незаконно — юрист (21.02.2014) — сайт «Радіо Свобода» (руски)
  7. Video of snipers shooting people, Ukrpravda, In Ukrainian
  8. http://www.radiosvoboda.org/media/video/25270710.html
  9. „архивска копија“. Архивирано од изворникот на 2014-02-02. Посетено на 2014-03-02.
  10. Вербицький, якого викрадали разом з Луценком, мертвий Архивирано на 25 јануари 2014 г., Високий Замок (22 січня 2014)
  11. Брат Юрія Вербицького упізнав тіло, знайдене у лісосмузі, Радіо Свобода (22 січня 2014)
  12. У Бориспільському районі виявлено два трупи зі слідами тортур, Українська правда (22 січня 2014)
  13. ВІДОМО ІМ'Я ЛЮДИНИ, ЯКУ ЗАСТРЕЛИЛИ НА ГРУШЕВСЬКОГО, Українська правда (22 січня 2014)
  14. Семья погибшего в Киеве активиста Нигояна переехала в Украину, спасаясь от войны в Нагорном Карабахе, Интерфакс-Украина (22 грудня 2014)
  15. Бывший каратист Сергей Нигоян до гибели охранял Евромайдан Архивирано на 3 февруари 2014 г., «Комсомольская правда» в Украине (22 грудня 2014)
  16. „Слідству стали відомі результати експертиз тіл загиблих мітингувальників — керівництво ГСУ, МВС (23 січня 2014)“. Архивирано од изворникот на 2014-02-01. Посетено на 2014-03-02. no-break space character во |title= во положба 73 (help)
  17. Ексклюзив ТВі. Тіла вбитих Жизневського та Нігояна (увага, шокуюче відео), ТВі (22 січня 2014)
  18. ЗМІ: Один з убитих на Грушевського — білорус, Українська правда (22 січня 2014)
  19. Помер ще один активіст, підстрелений на Грушевського. Українська правда. 25.01.2014
  20. Более 200 киевлян уже сдали кровь для пострадавшего на Грушевского, Газета День (24 січня 2014)
  21. [1]. В обласній лікарні Іфано-Франківська помер активіст Богдан Каліняк, ТСН. 1+1. 30.01.2014
  22. Підтвердилася інформація про ще одного загиблого майданівця, Українська правда, 31 січня 2014
  23. У Запоріжжі в автомобілі заживо спалили активіста Автомайдану
  24. „– Інформаційне агентство Сім'я спаленого запорізького автомайданівця: Над вбивством попрацювали професіонали » Galnet - Інформаційне агентство Galnet – Інформаційне агентство“. Galnet. Архивирано од изворникот на 2014-03-03. Посетено на 2014-02-20.
  25. http://www.pravda.com.ua/news/2014/02/16/7014042/ відповідальність за спаленого активіста у Запоріжжі взяли на себе «Привиди Севастополя»
  26. „Всередині «ялинки» на Майдані знайшли повішеного чоловіка“. Архивирано од изворникот на 2014-03-01. Посетено на 2014-03-02.
  27. На каркасі ялинки на Майдані знайшли труп чоловіка. ТСН. 27.01.2014
  28. Загадкова смерть на Майдані