Список на езера во Русија

Од Википедија — слободната енциклопедија

Списокот на езера во Русија претставува список со поголемите езера во оваа држава. На територијата на Русија има околу 2 милиони езера со вкупна површина од околу 350.000 км2 (без Каспиското Езеро)

Вкупните резерви на вода во езерата на Русија изнесува 26.000 км3. Поголемиот број на езера се со ледничко потекло.

Најголемите езера во европскиот дел на Русија (кои се наоѓаат претежно северозападниот дел ) се: Ладога (17.680 км2) и Онега (9.720 км2)

Најголемото езеро во областа Сибир а и во Русија (освен Каспиското Езеро) е Бајкалското Езеро кое воедно претставува и најдлабоко езеро во светот. Ова езеро содржи околу 85 % слатка езерска вода во цела Русија и 22 % на светските резерви со слатка вода. Должината на Бајкалското Езеро изнесува 636 км, со просечна ширина околу 48 км, а површината на езерото е 31.700 км2.

Список на езера според големината

Поголеми од 200 км2

Езеро Регион Површина во км2 Надморска висина во м Максимална длабочина во м Забелешка
Касписко Езеро Дагестан, Калмикија, Астраханска област 371.000 -28 1.025
Бајкалско Езеро Бургатија, Иркутска област 31.500 456 1.637 Од езерото се создава реката Ангара
Езеро Ладога Карелија, Ленинградска област (област на Санкт Петербург) 17.703 4 225 Од езерото се создава реката Нева
Онега (езеро) Карелија, Ленинградска област (област на Санкт Петербург) и Вологотска област 9.616 32 124
Езеро Тајмир Краснојарски крај 4.560 6 26 Од езерото се создава реката Нижни Тајмир
Езеро Ханка Приморски крај 4.190 68 10
Чудско-Псковско Езеро Псковска област 3.555 30 15
Увс- Нур Езеро Тува 3.350 753 15
Езеро Чани Новосибирска област 1.990 105 12
Бело Езеро Вологотска област 1.290 113 20 Од езерото настанува реката Шексна
Езеро Топозеро Карелија 986 110 56 Од езерото настанува реката Ковда
Иљмењско Езеро Новгородска област 982 18 10 Од езерото настанува реката Волхов
Хантајско Езеро Краснојарски крај 822 65 420
Езеро Сегозеро Карелија 815 120 103 Од езерото настанува реката Сегежа
Езеро Имандра Мурманска област 812 128 67 Од езерото настанува реката Сегежа
Езеро Пјасино Краснојарски крај 735 28 10 Од езерото настанува реката Пјасина
Кулундинско Езеро Алтајски крај 728 98 4
Езеро Пјаозеро Карелија 659 110 49 Од езерото настанува реката Ковда
Езеро Вигозеро Карелија 560 89 24
Езеро Нерпичје Камчатска област 552 0,4 12
Езеро Лабаз Краснојарски крај 470 0 ? Од езерото настанува реката Боганида
Црвено Езеро Чукотски автономен округ 458 0 4
Езеро Кета Краснојарски крај 452 93 180
Убинско Езеро Новосибирска област 440 134 4 Од езерото настанува реката Убинка
Пекуљнејско Езеро Чукотски автомномен округ 435 0,7 ?
Езеро Умбозеро Мурманска област 422 149 115
Езеро Боже Волгоготска област 416 120 4
Кубенско Езеро Волгоготска област 407 109 13
Чукчагирско Езеро Хабаровски крај 366 70 6
Езеро Портњагино Краснојарски крај 360 62 ?
Езеро Манич Гудило Калмикија, ставрополски крај, Ростовска област 344 10 1
Езеро Болољ Хабаровски крај 338 19 4
Езеро Лача Архангелска област 334 118 6
Езеро Удиљ Хабаровски крај 330 12 5
Езеро Моготијево Република Саха 323 0 ?
Езеро Водлозеро Карелија 322 136 4
Езеро Лама Краснојарски крај 318 ?
Езеро Орел Хабаровски крај 314 ?
Езеро Кизи Хабаровски крај 280 ? 4
Езеро Мелкое Краснојарски крај 270 ? 22
Езеро Кунгасалах Краснојарски крај 270 76 ?
Езеро Сјамозеро Карелија 266 ? 24
Езеро Кујто Карелија 257 101 ?
Езеро Бустах Република Саха 249 ? ?
Езеро Јапото 1 Тјуменска област 247 ? *
Кроночко Езеро Камчатски крај 242 372 148
Езеро Сартлан Новосибирска област 238 ? 6
Езеро Јесеј Краснојарски крај 238 266 ?
Езеро Нерпичје Република Сах 237 ? ?
Езеро Виви Краснојарски крај 229 ? ?
Езеро Ковдозеро Мурманска област 224 37 63
Езеро Керет Карелија 223 91 5 Од езерото настанува реката Керет
Телетско Езеро Алтајска република 223 434 325
Езеро Селигер Новогоротска област 222 134 24
Езеро Љук Карелчија 214 134 40
Езеро Ловозеро Мурманска област 209 ? 35
Големо морско езеро Република Саха 205 ? ?