Прејди на содржината

Список на добитниците на Нобеловата награда за книжевност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Матс Малм, тековниот постојан секретар на Шведската академија, ја објавува добитничката на Нобеловата награда за книжевност за 2022 година

Нобелова награда за книжевност (шведски: Nobelpriset i litteratur) — награда што се доделува годишно од Шведската академија на творци за извонреден придонес во областа на книжевноста. Таа е една од петте Нобелови награди утврдени со завештанието на Алфред Нобел од 1895 година, кои се доделуваат за извонреден придонес во хемијата, физиката, книжевноста, мирот и физиологијата или медицината.[1] Како што е наведено во Нобеловото завештание, наградата ја администрира Нобеловата фондација и ја доделува Шведската академија.[2] Секој добитник добива одличје, диплома и парична награда која се менувала низ годините.[3] Во 1901 година, првиот лауреат Сили Придом добил 150.782 шведски круни, што е еквивалентно на 8.823.637,78 шведски круни во јануари 2018 година. Наградата се доделува во Стокхолм на годишна церемонија на 10 декември, годишнината од смртта на Нобел.[4]

До 2024 година, Нобеловата награда за книжевност е доделена на 121 лице.[5] Од нив 18 се жени, втор најголем број од сите Нобелови награди, зад Нобеловата награда за мир.[6][7] До 2024 година, имало 29 лауреати на Нобеловата награда за книжевност кои зборувале англиски јазик, по што следуваат францускиот јазик со 16 лауреати и германскиот јазик со 14 лауреати. Франција има најголем број на Нобелови лауреати.

1900 - 1910 - 1920 - 1930 - 1940 - 1950 - 1960 - 1970 - 1980 - 1990 - 2000 - 2010 - 2020

Нобелова награда за книжевност, 1900-ти
Година Слика Име Држава јазик/ци Причина

(од официјалното соопштение)

Книжевен вид
1901 Сили Придом Франција француски „ во посебно признание за неговата поетска композиција, која сведочи за возвишен идеализам, уметничка совршеност и ретка комбинација на квалитети и на срцето и на интелектот”[8] поезија, есеј
1902 Теодор Момзен Германија германски „ најголемиот жив мајстор на уметноста на историското пишување, со посебен осврт на неговото монументално дело „Историја на Рим“”[9] историографски и правни дела
1903 Бјернстјерне Бјернсон Норвешка норвешки „ во знак на признание за неговата благородна, величествена и разновидна поезија, која отсекогаш се истакнувала со својата свежина на вдахновение и ретка чистота на духот”[10] поезија, роман, драма
1904 Фредерик Мистрал Франција окситански „во знак на признание за свежата оригиналност и вистинското вдахновение на неговото поетско дело, кое верно го одразува природниот крајолик и духот на неговиот народ, како и за неговата значајна работа како провансалски филолог”[11] поезија, филологија
Хосе Ечегарај и Еизагире Шпанија шпански „ во знак на признание за бројните и сјајни композиции кои, на индивидуален и оригинален начин, ги оживеаја големите традиции на шпанската драма”[12] драма
1905 Хенрик Шенкевич Полска полски „за неговиот извонреден придонес во епското творештво”[13] роман
1906 Џозуе Кардучи Италија италијански „не само како признание за неговата длабока ученост и критички истражувања, туку пред сè како почит кон творечката енергија, свежината на стилот и лирската моќ што ги одликуваат неговите поетски ремек-дела”[14] поезија
1907 Радјард Киплинг Обединето Кралство англиски „ во знак на признание за моќта на воочување, оригиналноста на имагинацијата, моќните идеи и исклучителната раскажувачка дарба што го одликуваат делото на овој светски познат автор”[15] роман, расказ, поезија
1908 Рудолф Кристоф Ојкен Германија германски „во знак на признание за неговата искрена потрага по вистината, продорната моќ на мислата, ширината на визијата и топлината и силата на презентацијата, со кои во своите бројни дела ja оправда и разви идеалистичка филозофија на животот”[16] филозофски дела
1909 Селма Лагерлеф Шведска шведски „во знак на благодарност за возвишениот идеализам, живата имагинација и духовното восприемање што ги одликуваат нејзините дела”[17] роман, расказ
Нобелова награда за книжевност, 1910-ти
Година Слика Име Држава јазик/ци Причина

(од официјалното соопштение)

Книжевен вид
1910 Паул Хајзе Германија германски „како оддавање почит на врвната уметност, исполнета со идеализам, што го демонстрираше за време на својата долга продуктивна кариера, како лирски поет, драматург, романописец и автор на светски познати кратки раскази"[18] поезија, драма, роман, расказ
1911 Гроф Морис Метерлинк Белгија француски „во знак на благодарност за неговите разновидни книжевни активности, а особено за неговите драмски дела, кои се одликуваат со богатство на имагинација и поетски фантазии, кои, понекогаш во облик на бајка, откриваат длабоко вдахновение, додека на мистериозен начин повикуваат на чувствата на читателот и ја поттикнуваат неговата имагинација"[19] драма, поезија, есеј
1912 Герхарт Хауптман Германија германски „првенствено како признание за неговата плодна, разновидна и исклучителна работа во областа на драмската уметност"[20] драма, роман
1913 Рабиндранат Тагоре Индија бенгалски „за неговата длабоко чувствителна, свежа и прекрасна поезија, со која, со врвна вештина, ги направи своите поетски мисли, изразени на англиски јазик, дел од книжевноста на Западот"[21] поезија, роман, драма, расказ, есеј, преводи
1914 наградата не е доделена
1915 Ромен Ролан Франција француски „како оддавање почит на возвишениот идеализам на неговото книжевно дело и сочувството и љубовта кон вистината со кои ги опишуваше различните видови човечки суштества"[22] роман
1916 Вернер фон Хајденштам Шведска шведски „во знак на признание за неговата важност како водечки претставник на новата ера во нашата книжевност"[23] поезија, роман
1917 Карл Адолф Гјелеруп Данска дански „за неговата разновидна и богата поезија, која е вдахновена од возвишени идеали"[24] поезија
Хенрик Понтопидан Данска дански „за неговите веродостојни описи на современиот живот во Данска”[25] роман
1918 наградата не е доделена
1919 Карл Шпителер Швајцарија германски „во знак на посебна благодарност за неговиот еп, Olympian Spring"[26] поезија
Нобелова награда за книжевност, 1920-ти
Година Слика Име Држава јазик/ци Причина

(од официјалното соопштение)

Книжевен вид
1920 Кнут Хамсун Норвешка норвешки „за неговото монументално дело, Growth of the Soil"[27] роман
1921 Анатол Франс Франција француски „Во знак на признание за неговите сјајни книжевни достигнувања, кои се обележани со благородност на стилот, длабоко човечко сочувство, грациозност и вистински галски темперамент"[28] роман, поезија
1922 Хасинто Бенавенте Шпанија шпански „за среќниот начин на кој ги продолжи славните традиции на шпанската драма"[29] драма
1923 Вилијам Батлер Јејтс Ирска англиски „за неговата секогаш вдахновена поезија, која го изразува духот на цела нација во висок уметнички облик"[30] поезија
1924 Владислав Рејмонт Полска полски „за неговиот голем национален еп „Селаните“[31] роман
1925 Џорџ Бернард Шо Ирска англиски „за неговите дела обележани и со идеализам и со хуманост, чија стимулирачка сатира често содржи единствена поетска убавина"[32] драма, есеј
1926 Грација Деледа Италија италијански „ за нејзините идеалистички вдахновени дела, кои го прикажуваат животот на нејзиниот роден остров со пластична јасност и се занимаваат со човечките проблеми со длабочина и сочувство"[33] поезија, роман
1927 Анри Бергсон Франција француски „во знак на признание за неговите богати и освежителни идеи и сјајната вештина со која беа претставени"[34] филозофски дела
1928 Сигрид Унсет Норвешка норвешки „првенствено поради нејзините моќни описи на северниот живот во текот на средниот век"[35] роман
1929 Томас Ман Германија германски „првенствено за неговиот голем роман „Буденбрукови“, кој постојано добива признание како едно од класичните дела на современата книжевност"[36] роман, расказ, есеј
Нобелова награда за книжевност, 1930-ти
Година Слика Име Држава јазик/ци Причина

(од официјалното соопштение)

Книжевен вид
1930 Синклер Луис САД англиски „ за неговата енергична и живописна уметност на опишување и неговата способност, со духовитост и хумор, да создава нови типови ликови”[37] роман, расказ, драма
1931 Ерик Аксел Карлфелт Шведска швдска „за поезијата на Ерик Аксел Карлефелт”[38] поезија
1932 Џон Голсворди Обединето Кралство англиски „ за неговата истакната уметност на раскажување, која го достигнува својот највисок облик во „Сагата за Форсајтови“”[39] роман
1933 Иван Алексејевич Бунин СССР руски „за строгиот уметнички пристап со кој ги продолжи класичните руски традиции во прозното пишување”[40] расказ, поезија, роман
1934 Лујџи Пирандело Италија италијански „за неговото смело и иновативно обновување на драмските и сценските уметности”[41] драма, роман, расказ
1935 наградата не е доделена
1936 Јуџин О'Нил САД англиски „за силата, искреноста и длабоките емоции на неговите драмски дела, кои отелотворуваат оригинална концепција на трагедијата.”[42] драма
1937 Роже Мартен ди Гар Франција француски „за уметничката моќ и вистината со која ги прикажал човечките судири, како и некои основни аспекти на современиот живот во неговиот роман Тибоови”[43] роман
1938 Перл Бак САД англиски „за нејзините богати и навистина епски описи на селскиот живот во Кина и за нејзините биографски ремек-дела”[44] роман, биографија
1939 Франс Емил Силанпе Финска фински „за неговото длабоко разбирање на селаните од неговата земја и прекрасната уметност со која го прикажал нивниот начин на живот и односот со природата”[45] роман
Нобелова награда за книжевност, 1940-ти
Година Слика Име Држава јазик/ци Причина

(од официјалното соопштение)

Книжевен вид
1940 наградата не е доделена
1941 наградата не е доделена
1942 наградата не е доделена
1943 наградата не е доделена
1944 Јоханес Вилхелм Јенсен Данска дански „за ретката снага и плодност на неговата поетска имагинација, комбинирана со широка интелектуална љубопитност и смел, свеж творечки стил”[46] роман, расказ
1945 Габриела Мистрал Чиле шпански „ за нејзината лирска поезија, која, вдахновена од силни чувства, го прави нејзиното име симбол на идеалистичките стремежи на целиот латиноамерикански свет”[47] поезија
1946 Херман Хесе Германија
Швајцарија
германски „за неговите вдахновени дела, кои, иако растат во смелост и продорност, претставуваат класични хуманитарни идеали и високи квалитети на стилот.“[48] роман, поезија
1947 Андре Жид Франција француски „за неговите сеопфатни и уметнички значајни дела, во кои човечките проблеми и состојби се претставени без страв од вистината и со длабок психолошки увид.“[49] роман, есеј, драма, мемоари
1948 Томас Стернс Елиот САД
Обединето Кралство
англиски „за неговиот извонреден, пионерски придонес на денешната поезија”[50] поезија, есеј, драма
1949 Вилијам Фокнер САД англиски „за неговиот моќен и уметнички единствен придонес во современиот американски роман”[51] роман, расказ
Нобелова награда за книжевност, 1950-ти
Година Слика Име Држава јазик/ци Причина

(од официјалното соопштение)

Книжевен вид
1950 Бертранд Расел Обединето Кралство англиски „во знак на признание за неговите разновидни и значајни дела во кои се залага за хуманитарни идеали и слобода на мислата”[52] филозофски дела, есеј
1951 Пер Лагерквист Шведска шведски „за уметничката моќ и вистинската независност на умот со кои тој се стреми во својата поезија да најде одговори на вечните прашања со кои се соочува човештвото”[53] поезија, роман, расказ, драма
1952 Франсоа Шарл Моријак Франција француски „за длабокиот духовен увид и уметничкиот интензитет со кои во своите романи ја проникнал драмата на човечкиот живот”[54] роман, расказ
1953 Винстон Черчил Обединето Кралство англиски „за неговиот мајсторски приказ на историските и биографските, како и за неговата сјајна реторика во одбрана на возвишените човечки вредности”[55] историографски дела, есеи, мемоари
1954 Ернест Хемингвеј САД англиски „за неговото владеење на уметноста на раскажување, што неодамна го покажа во делото Старецот и морето, и за влијанието што го изврши на современиот стил”[56] роман, расказ, сценарио
1955 Халдор Лакснес Исланд исландски „за неговата живописна епска моќ, која ја обнови големата уметност на исландското раскажување”[57] роман, расказ, драма, поезија
1956 Хуан Рамон Хименес Шпанија шпански „за неговата лирска поезија, која на шпански јазик претставува пример за возвишен дух и уметничка чистота”[58] поезија, роман
1957 Албер Ками Франција француски „за неговото важно книжевно дело, кое со прониклива сериозност ги осветлува проблемите на човековата совест во нашето време”[59] роман, расказ, драма, филозофски дела, есеј
1958 Борис Пастернак СССР руски „за неговото значајно достигнување и во современата лирска поезија и во областа на големата руска епска традиција”[60] роман, поезија, преводи
1959 Салваторе Квазимодо Италија италијански „за неговата лирска поезија, која со класичен жар го изразува трагичното искуство на животот во нашево време”[61] поезија
Нобелова награда за книжевност, 1960-ти
Година Слика Име Држава јазик/ци Причина

(од официјалното соопштение)

Книжевен вид
1960 Сен Џон Перс Франција француски „за возвишената и вдахновена сликовитост на неговата поезија, која ги одразува условите на нашето време на визионерски начин”[62] поезија
1961 Иво Андриќ Југославија српски „за епската моќ со која ги обликуваше мотивите и судбините на историјата на својата земја”[63] роман, расказ
1962 Џон Стајнбек САД англиски „ за неговите реалистични и имагинативни дела, кои комбинираат сочувствителен хумор и остро општествено согледување”[64] роман, расказ, сценарио
1963 Јоргос Сеферис Грција грчки „за неговото угледно лирско дело, инспирирано од длабоко чувство за културата на хеленскиот свет”[65] поезија, есеј, мемоари
1964 Жан-Пол Сартр (ја одбил наградата) Франција француски „ за неговото дело, кое е богато со идеи и исполнето со духот на слободата и потрагата по вистината, има далекусежно влијание врз нашата доба”[66] филозофски дела, роман, драма, есеј, расказ, сценарио
1965 Михаил Шолохов СССР руски „за уметничката моќ и интегритет со кои тој изрази една историска фаза од животот на рускиот народ во својот еп за Дон”[67] роман
1966 Шмуел Јозеф Агнон Израел хебрејски „за неговата длабоко препознатлива раскажувачка уметност со мотиви од животот на еврејскиот народ”[68] роман, расказ
Нели Закс Западна Германија
Шведска
германски „за нејзиното исклучително лирско и драматично дело, кое ја толкува судбината на Израел со трогателна моќ”[69] поезија, драма
1967 Мигел Анхел Астуријас Гватемала шпански „за неговото живописно книжевно достигнување, длабоко вкоренето во националните особености и традиции на домородните народи на Латинска Америка”[70] роман, поезија
1968 Јасунари Кавабата Јапонија јапонски „за неговото раскажувачко мајсторство, кое со голема чувствителност ја изразува суштината на јапонскиот ум”[71] роман, расказ
1969 Семјуел Бекет Ирска англиски /
француски
„за неговото пишување, кое – во новите облици на романот и драмата – ја наоѓа својата возвишеност во оскудицата на современиот човек”[72] роман, драма, поезија
Нобелова награда за книжевност, 1970-ти
Година Слика Име Држава јазик/ци Причина

(од официјалното соопштение)

Книжевен вид
1970 Александар Солженицин СССР руски „за етичката сила со која ги следеше неизбежните традиции на руската книжевност”[73] роман, есеј, расказ
1971 Пабло Неруда Чиле шпански „за поезија која, со дејството на елементарната сила, ја оживува судбината и соништата на еден континент”[74] поезија
1972 Хајнрих Бел Западна Германија германски „за неговото творештво, кое, преку комбинација на широк поглед на неговото време и чувствителна вештина во карактеризацијата, придонесува за обнова на германската книжевност”[75] роман, расказ
1973 Патрик Вајт Австралија англиски „за епската и психолошката раскажувачка уметност, која во книжевноста воведе нов континент”[76] роман, расказ, драма
1974 Ејвинд Јонсон Шведска шведски „за раскажувачката уметност, која се протега низ земјите и епохите, а во служба на слободата”[77] роман
Хари Мартинсон Шведска шведски „за дела што ја фаќаат росата и го одразуваат космосот”[78] поезија, роман, драма
1975 Еуџенио Монтале Италија италијански „за неговата особена поезија, која ги толкуваше човечките вредности со голема уметничка чувствителност под знакот на поглед на животот без илузии”[79] поезија
1976 Сол Белоу Канада
САД
англиски „за човечкото разбирање и суптилната анализа на современата култура што се комбинирани во неговото дело”[80] роман, расказ
1977 Висенте Алеиксандре Шпанија шпански „за креативното поетско дело, кое ја осветлува човечката состојба во космосот и во современото општество, а воедно претставува големо обновување на традициите на шпанската поезија меѓу војните”[81] поезија
1978 Исак Башевис Сингер Полска
САД
јидиш „за неговата страсна раскажувачка уметност која, со корени во полско-еврејската културна традиција, ги оживува универзалните човечки услови”[82] роман, расказ, мемоари
1979 Одисеас Елитис Грција грчки „за неговата поезија, која, спротивно на грчката традиција, со сензуална моќ и интелектуален увид ја прикажува борбата на современиот човек за слобода и креативност”[83] поезија, есеј
Нобелова награда за книжевност, 1980-ти
Година Слика Име Држава јазик/ци Причина

(од официјалното соопштение)

Книжевен вид
1980 Чеслав Милош Полска
САД
полски „кој со непомирлива јасност ја изразува изложената состојба на човекот во свет на сериозни судири”[84] поезија, роман, есеј
1981 Елијас Канети Обединето Кралство германски „за пишување обележано со широк видик, богатство од идеи и уметничка моќ”[85] роман, драма, мемоари, есеј
1982 Габриел Гарсија Маркес Колумбија шпански „за неговите романи и кратки раскази, во кои фантастичното и реалното се спојуваат во богато составен свет на имагинација, одразувајќи го животот и судирите на континентот”[86] роман, расказ, сценарио
1983 Податотека:Vilijam golding.jpg Вилијам Голдинг Обединето Кралство англиски „за неговите романи, кои, со проникливоста на реалистичната раскажувачка уметност и разновидноста и универзалноста на митот, ја осветлуваат човечката состојба во денешниот свет”[87] роман, поезија, драма
1984 Јарослав Сајферт Чехословачка чешки „ за неговата поезија, која, збогатена со свежина и богата иновативност, дава ослободителна слика за непобедливиот дух и разноврсноста на човекот”[88] поезија
1985 Клод Симон Франција француски „кој во својот роман ја комбинира креативноста на поет и сликар со подлабоко разбирање на времето во приказот на човечката состојба”[89] роман, есеј
1986 Воле Шоинка Нигерија англиски „кој, во широка културна перспектива и со поетски тонови, ја обликува драмата на постоењето”[90] драма, роман, поезија, сценарио
1987 Јосиф Бродски Русија
САД
руски/англиски „за сеопфатното авторско дело, исполнето со јасност на мислата и поетски интензитет”[91] поезија, есеј
1988 Нагиб Махфуз Египет арапски „кој, преку дела богати со нијанси – сега јасно реалистични, сега евокативни двосмислени – создаде арапска раскажувачка уметност што се однесува на целото човештво”[92] роман, расказ
1989 Камило Хосе Села Шпанија шпански „за богата и интензивна проза, која со воздржано сочувство создава предизвикувачка визија за човечката ранливост”[93] роман, расказ, есеј, поезија
Нобелова награда за книжевност, 1990-ти
Година Слика Име Држава јазик/ци Причина

(од официјалното соопштение)

Книжевен вид
1990 Октавио Паз Мексико шпански „за страсно пишување со широки хоризонти, обележано со сензитивна интелигенција и хуманистички интегритет”[94] поезија, есеј
1991 Надин Гордимер Јужна Африка англиски „која, преку нејзиното величествено епско пишување, според зборовите на Алфред Нобел, беше од голема корист за човештвото”[95] роман, расказ, есеј, драма
1992 Дерек Волкот Света Луција англиски „за поетски опус со голема светлост, поткрепен со историска визија, резултат на мултикултурна посветеност”[96] поезија, драма
1993 Тони Морисон САД англиски „која во романите обележани со визионерска моќ и поетско значење, му дава живот на суштински аспект на американската стварност”[97] роман, есеј
1994 Кензабуро Ое Јапонија јапонски „кој, со поетска моќ, создава замислен свет, каде што животот и митот се кондензираат во збунувачка слика за човечката ситуација денес”[98] роман, расказ, есеј
1995 Шејмас Хини Северна Ирска
Ирска
англиски „за дела со лирска убавина и етичка длабочина, кои ги возвишуваат секојдневните чуда и живото минато”[99] поезија, драма, преводи, есеј
1996 Вислава Шимборска Полска полски „за поезија која, со иронична прецизност, дозволува историскиот и биолошкиот контекст да излезат на површина во фрагменти од човечката стварност”[100] поезија, есеј, преводи
1997 Дарио Фо Италија италијански „кој ги подражава дворските шутови од средниот век за да ги казни властите и да го одржи достоинството на угнетените”[101] драма, текстови песама
1998 Жозе Сарамаго Португалија португалски „кој, преку параболи потпомогнати со имагинација, сочувство и иронија, постојано ни овозможува повторно да ја разбереме недостижната стварност”[102] роман, драма, поезија
1999 Гинтер Грас Германија германски „чии весели црни раскази го прикажуваат заборавеното лице на историјата.”[103] роман, драма, поезија, есеј
Нобелова награда за книжевност, 2000-ти
Година Слика Име Држава јазик/ци Причина

(од официјалното соопштение)

Книжевен вид
2000 Гао Сјингѓен Кина
Франција
кинески „за опус со универзална валидност, горки увиди и јазична генијалност, кој отвори нови патеки за кинескиот роман и драма”[104] роман, драма, есеј
2001 Видјадар Сураџпрасад Најпол Тринидад и Тобаго
Обединето Кралство
англиски „затоа што ги обедини перцептивната нарација и непоколебливата анализа во дела што нè принудуваат да го видиме присуството на потиснатите повести”[105] роман, есеј
2002 Имре Кертес Унгарија унгарски „во своето дело, застанува во одбрана на кревкото искуство на поединецот против варварската произволност на историјата.”[106] роман
2003 Џон Максвел Куци Јужна Африка
Австралија
англиски „кој во безброј облици ја покажува изненадувачката вклученост на аутсајдерите.”[107] роман, есеј, преводи
2004 Елфриде Јелинек Австрија германски „за нејзиниот музички тек на гласови и контрагласови во романите и делата кои, со исклучително јазично внимание, ја откриваат апсурдноста на општествените клишеа и нивната покорувачка моќ”[108] роман, драма
2005 Харолд Пинтер Обединето Кралство англиски „во своите драми ја открива бездната зад секојдневното муабетење и пробива влез во затворените простории на угнетувањето.”[109] драма, сценарио, поезија
2006 Орхан Памук Турција турски „кој, во потрага по меланхоличната душа на својот роден град, Истанбул, пронајде нови симболи на судири и преплетувањето на различни култури”[110] роман, сценарио, автобиографија, есеј
2007 Дорис Лесинг Обединето Кралство англиски „епска раскажувачка дарба за женското искуство, која ја набљудува цивилизацијата со скептицизам, страст и визионерска моќ”[111] роман, расказ, мемоари/автобиографија, драма, поезија, есеј
2008 Жан Мари Гистав Ле Клезио Франција француски „автор на нови одредишта, поетски авантури и сензуална екстаза, истражувач на човештвото вон и под владејачката цивилизација”[112] роман, расказ, есеј, преводи
2009 Херта Милер Германија
Романија
германски „со концентрираноста на својата поезија и искреноста на својата проза, ги опишува пејзажите на обесправените”[113] роман, расказ, поезија, есеј
Нобелова награда за книжевност, 2010-ти
Година Слика Име Држава јазик/ци Причина

(од официјалното соопштение)

Книжевен вид
2010 Марио Варгас Љоса Перу шпански „ за неговата картографија на структурите на моќ и неговите живописни слики на отпор, бунт и пораз на поединецот”[114] роман, расказ, есеј, драма, мемоари
2011 Томас Транстремер Шведска шведски „затоа што преку неговите згуснати, прозрачни слики, тој ни дава свеж пристап кон стварноста”[115] поезија, преводи
2012 Мо Јен Кина кинески „кој со халуцинаторен реазлим ги спојува народните приказни, историјата и современоста”[116] роман, расказ
2013 Алис Манро Канада англиски „на мајсторот на современ краток расказ”[117] расказ
2014 Патрик Модијано Франција француски „за уметноста на сеќавањето со која ги евоцира најмалку разбраните човечки судбини и го открива животот за време на германската окупација”[118] роман, сценарио
2015 Светлана Алексиевич Белорусија руски „за нејзините полифонични дела, споменик на страдањето и храброста во нашето време”[119] историографска дела, есеј
2016 Боб Дилан Соединети Американски Држави англиски[120] „за создавање нов поетски израз во рамките на извонредната американска поетска традиција”[121] поезија, текстови на песни
2017 Казуо Ишигуро Обединето Кралство англиски „кој, во романи со голема емоционална моќ, го откри понорот под нашето илузорно чувство за поврзаност со светот”[122] роман, сценарио, расказ
2018 Олга Токарчук Полска полски „за наративна имагинација што со енциклопедиска страст го претставува преминувањето на границите како облик на живот”[123] роман, расказ, поезија, есеј, сценарио
2019 Петер Хандке Австрија германски „за влијателно дело кое, со јазична досетливост, ги истражува периферијата и специфичноста на човечкото искуство”[124] роман, расказ, драма, есеј, преводи, сценарио
Нобелова награда за книжевност, 2020-ти
Година Слика Име Држава јазик/ци Причина

(од официјалното соопштение)

Книжевен вид
2020 Луиз Глик САД англиски „за нејзиниот недвосмислен поетски глас кој, со строга убавина, го прави постоењето на поединецот универзално”[125] поезија, есеј
2021 Абдулразак Гурна Обединето Кралство англиски „за неговиот сочувствителен продор во последиците од колонијализмот и тешката положба на бегалците низ културите и континентите”[126] роман, расказ, есеј
2022 Ани Ерно Франција француски „за храброста и клиничката острина со која ги открива корените, далечините и колективните ограничувања на личната меморија”[127] мемоари, роман
2023 Јун Фосе Норвешка норвешки „за неговите иновативни драми и проза што му даваат глас на неискажливото”[128] драма, роман, поезија, есеј
2024 Хан Канг Јужна Кореја корејски „за нејзината интензивна проза што се соочува со историските трауми и ја открива ранливоста на човечкиот живот”[129] роман, расказ, поезија
2025 Ласло Краснахоркаи Унгарија унгарски „за неговото убедливо и визионерско творештво кое, среде апокалиптичен ужас, ја потврдува моќта на уметноста”[130] роман, расказ, есеј, сценарио
  1. ↑ „Alfred Nobel – The Man Behind the Nobel Prize“. Nobel Foundation. Архивирано од изворникот на 2007-10-25. Посетено на 2008-10-16.
  2. ↑ „The Nobel Prize Awarders“. Nobel Foundation. Архивирано од изворникот на 2008-10-15. Посетено на 2008-10-16.
  3. ↑ „The Nobel Prize“. Nobel Foundation. Архивирано од изворникот на 2008-10-15. Посетено на 2008-10-07.
  4. ↑ „The Nobel Prize Award Ceremonies“. Nobel Foundation. Архивирано од изворникот на 2008-08-22. Посетено на 2008-10-16.
  5. ↑ „All Nobel Laureates in Literature“. Nobel Foundation. Архивирано од изворникот на 2008-10-15. Посетено на 2008-10-16.
  6. ↑ „Women Nobel Laureates“. Nobel Foundation. Архивирано од изворникот на 2008-09-28. Посетено на 2008-10-16.
  7. ↑ „Nobel Prize Winners: How Many Women Have Won Awards?“. telegraph.com. Архивирано од изворникот на 2017-08-24. Посетено на 2018-04-05.
  8. ↑ „Nobel Prize in Literature 1901“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  9. ↑ „Nobel Prize in Literature 1902“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  10. ↑ „Nobel Prize in Literature 1903“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  11. ↑ „Nobel Prize in Literature 1904“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  12. ↑ „Nobel Prize in Literature 1904“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  13. ↑ „Nobel Prize in Literature 1905“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  14. ↑ „Nobel Prize in Literature 1906“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  15. ↑ „Nobel Prize in Literature 1907“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-17. Посетено на 2008-10-17.
  16. ↑ „Nobel Prize in Literature 1908“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  17. ↑ „Nobel Prize in Literature 1909“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-17. Посетено на 2008-10-17.
  18. ↑ „Nobel Prize in Literature 1910“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  19. ↑ „Nobel Prize in Literature 1911“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  20. ↑ „Nobel Prize in Literature 1912“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  21. ↑ „Nobel Prize in Literature 1913“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-15. Посетено на 2008-10-17.
  22. ↑ „Nobel Prize in Literature 1915“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  23. ↑ „Nobel Prize in Literature 1916“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  24. ↑ „Nobel Prize in Literature 1917“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  25. ↑ „Nobel Prize in Literature 1917“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  26. ↑ „Nobel Prize in Literature 1919“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  27. ↑ „Nobel Prize in Literature 1920“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  28. ↑ „Nobel Prize in Literature 1921“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  29. ↑ „Nobel Prize in Literature 1922“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  30. ↑ „Nobel Prize in Literature 1923“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-19. Посетено на 2008-10-17.
  31. ↑ „Nobel Prize in Literature 1924“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-15. Посетено на 2008-10-17.
  32. ↑ „Nobel Prize in Literature 1925“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-17. Посетено на 2008-10-17.
  33. ↑ „Nobel Prize in Literature 1926“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  34. ↑ „Nobel Prize in Literature 1927“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  35. ↑ „Nobel Prize in Literature 1928“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  36. ↑ „Nobel Prize in Literature 1929“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  37. ↑ „Nobel Prize in Literature 1930“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-17. Посетено на 2008-10-17.
  38. ↑ „Nobel Prize in Literature 1931“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  39. ↑ „Nobel Prize in Literature 1932“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  40. ↑ „Nobel Prize in Literature 1933“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  41. ↑ „Nobel Prize in Literature 1934“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  42. ↑ „Nobel Prize in Literature 1936“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  43. ↑ „Nobel Prize in Literature 1937“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  44. ↑ „Nobel Prize in Literature 1938“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2009-02-18. Посетено на 2008-10-17.
  45. ↑ „Nobel Prize in Literature 1939“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  46. ↑ „Nobel Prize in Literature 1944“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  47. ↑ „Nobel Prize in Literature 1945“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  48. ↑ „Nobel Prize in Literature 1946“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-20. Посетено на 2008-10-17.
  49. ↑ „Nobel Prize in Literature 1947“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  50. ↑ „Nobel Prize in Literature 1948“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  51. ↑ „Nobel Prize in Literature 1949“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-19. Посетено на 2008-10-17.
  52. ↑ „Nobel Prize in Literature 1950“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  53. ↑ „Nobel Prize in Literature 1951“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  54. ↑ „Nobel Prize in Literature 1952“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  55. ↑ „Nobel Prize in Literature 1953“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  56. ↑ „Nobel Prize in Literature 1954“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-17. Посетено на 2008-10-17.
  57. ↑ „Nobel Prize in Literature 1955“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  58. ↑ „Nobel Prize in Literature 1956“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-08. Посетено на 2008-10-17.
  59. ↑ „Nobel Prize in Literature 1957“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  60. ↑ „Nobel Prize in Literature 1958“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  61. ↑ „Nobel Prize in Literature 1959“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  62. ↑ „Nobel Prize in Literature 1960“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  63. ↑ „Nobel Prize in Literature 1961“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  64. ↑ „Nobel Prize in Literature 1962“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  65. ↑ „Nobel Prize in Literature 1963“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-08. Посетено на 2008-10-17.
  66. ↑ „Nobel Prize in Literature 1964“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-20. Посетено на 2008-10-17.
  67. ↑ „Nobel Prize in Literature 1965“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  68. ↑ „Nobel Prize in Literature 1966“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  69. ↑ „Nobel Prize in Literature 1966“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  70. ↑ „Nobel Prize in Literature 1967“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  71. ↑ „Nobel Prize in Literature 1968“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  72. ↑ „Nobel Prize in Literature 1969“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  73. ↑ „Nobel Prize in Literature 1970“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  74. ↑ „Nobel Prize in Literature 1971“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  75. ↑ „Nobel Prize in Literature 1972“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  76. ↑ „Nobel Prize in Literature 1973“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  77. ↑ „Nobel Prize in Literature 1974“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  78. ↑ „Nobel Prize in Literature 1974“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  79. ↑ „Nobel Prize in Literature 1975“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  80. ↑ „Nobel Prize in Literature 1976“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-19. Посетено на 2008-10-17.
  81. ↑ „Nobel Prize in Literature 1977“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  82. ↑ „Nobel Prize in Literature 1978“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2011-02-22. Посетено на 2008-10-17.
  83. ↑ „Nobel Prize in Literature 1979“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-08. Посетено на 2008-10-17.
  84. ↑ „Nobel Prize in Literature 1980“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  85. ↑ „Nobel Prize in Literature 1981“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-19. Посетено на 2008-10-17.
  86. ↑ „Nobel Prize in Literature 1982“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-17. Посетено на 2008-10-17.
  87. ↑ „Nobel Prize in Literature 1983“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  88. ↑ „Nobel Prize in Literature 1984“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  89. ↑ „Nobel Prize in Literature 1985“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-17. Посетено на 2008-10-17.
  90. ↑ „Nobel Prize in Literature 1986“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  91. ↑ „Nobel Prize in Literature 1987“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-19. Посетено на 2008-10-17.
  92. ↑ „Nobel Prize in Literature 1988“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  93. ↑ „Nobel Prize in Literature 1989“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  94. ↑ „Nobel Prize in Literature 1990“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-19. Посетено на 2008-10-17.
  95. ↑ „Nobel Prize in Literature 1991“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  96. ↑ „Nobel Prize in Literature 1992“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-17. Посетено на 2008-10-17.
  97. ↑ „Nobel Prize in Literature 1993“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2009-03-21. Посетено на 2008-10-17.
  98. ↑ „Nobel Prize in Literature 1994“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-19. Посетено на 2008-10-17.
  99. ↑ „Nobel Prize in Literature 1995“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-19. Посетено на 2008-10-17.
  100. ↑ „Nobel Prize in Literature 1996“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-19. Посетено на 2008-10-17.
  101. ↑ „Nobel Prize in Literature 1997“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-11. Посетено на 2008-10-17.
  102. ↑ „Nobel Prize in Literature 1998“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-19. Посетено на 2008-10-17.
  103. ↑ „Nobel Prize in Literature 1999“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-17. Посетено на 2008-10-17.
  104. ↑ „Nobel Prize in Literature 2000“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-17. Посетено на 2008-10-17.
  105. ↑ „Nobel Prize in Literature 2001“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2016-02-01. Посетено на 2008-10-17.
  106. ↑ „Nobel Prize in Literature 2002“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  107. ↑ „Nobel Prize in Literature 2003“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-19. Посетено на 2008-10-17.
  108. ↑ „Nobel Prize in Literature 2004“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-21. Посетено на 2008-10-17.
  109. ↑ „Nobel Prize in Literature 2005“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-17. Посетено на 2008-10-17.
  110. ↑ „Nobel Prize in Literature 2006“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-16. Посетено на 2008-10-17.
  111. ↑ „Nobel Prize in Literature 2007“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2008-10-16. Посетено на 2008-10-17.
  112. ↑ „Nobel Prize in Literature 2008“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 12 October 2008. Посетено на 14 October 2008.
  113. ↑ „Nobel Prize in Literature 2009“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 11 October 2009. Посетено на 8 October 2009.
  114. ↑ „Nobel Prize in Literature 2010“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 9 October 2010. Посетено на 7 October 2010.
  115. ↑ „Nobel Prize in Literature 2011“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 7 October 2011. Посетено на 6 October 2011.
  116. ↑ „Nobel Prize in Literature 2012“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 10 October 2012. Посетено на 11 October 2012.
  117. ↑ „Nobel Prize in Literature 2013“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 10 October 2013. Посетено на 27 January 2013.
  118. ↑ „Nobel Prize in Literature 2014“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 31 December 2014. Посетено на 24 December 2014.
  119. ↑ „Nobel Prize in Literature 2015“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 21 September 2015. Посетено на 8 October 2015.
  120. ↑ „The Nobel Prize in Literature 2016: Bob Dylan” Архивирано на 13 октомври 2016 г.. nobelprize.org. 13. 10. 2016.
  121. ↑ „Nobel Prize in Literature 2016“ (PDF). Нобелова фондација. Архивирано од изворникот (PDF) на 2017-09-20. Посетено на 13 October 2016.
  122. ↑ „The Nobel Prize in Literature 2017 – Press Release“. Nobel Prize. Архивирано од изворникот 5 October 2017. Посетено на 5 October 2017.
  123. ↑ „Nobel Prize in Literature 2018“. Нобелова фондација. Архивирано од изворникот 2020-06-01. Посетено на 2019-10-10.
  124. ↑ „The Nobel Prize in Literature 2019“. NobelPrize.org (англиски). Архивирано од изворникот 2019-09-26. Посетено на 2019-10-10.
  125. ↑ „The Nobel Prize in Literature 2020“. NobelPrize.org (англиски). Архивирано од изворникот 8 October 2020. Посетено на 8 October 2020.
  126. ↑ „The Nobel Prize in Literature 2021“. NobelPrize.org (англиски). Архивирано од изворникот 7 October 2021. Посетено на 7 October 2021.
  127. ↑ „The Nobel Prize in Literature 2022“. NobelPrize.org (англиски). Архивирано од изворникот 6 October 2022. Посетено на 6 October 2022.
  128. ↑ The Nobel Prize in Literature 2023 Архивирано на 5 октомври 2023 г. nobelprize.org
  129. ↑ „The Nobel Prize in Literature 2024“. NobelPrize.org (англиски). Архивирано од изворникот 29. 10. 2024. Посетено на 2024-10-11. Проверете ги датумските вредности во: |archive-date= (help)
  130. ↑ The Nobel Prize in Literature 2025 nobelprize.org
Нобелова награда
Економија | Физика | Хемија | Физиологија или медицина | Мир | Литература