Список на делегати од АСНОМ пратеници за АВНОЈ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Првото заседание на АСНОМ е одржано на 2 август 1944 година во манастирот Свети Прохор Пчински. Избрани биле делегати од АСНОМ како пратеници за АВНОЈ. Биле избрани вкупно 47 делегати, од кои седум се претставници за Президиумот на АВНОЈ.[1]

Список на делегати испратени од АСНОМ во АВНОЈ, прва страница
Список на делегати испратени од АСНОМ во АВНОЈ, втора страница

Списокот на делегати[уреди | уреди извор]

Делегатите избрани на АСНОМ како пратеници за АВНОЈ, со реден број како во оригиналниот документ, со наведени населени места на делегирање:

  1. Тодор Пецов Циповски, работник, Тетово
  2. Јордан Блажевски, инж. агр., Тетово
  3. Чедо Филиповски, работник, Гостивар
  4. Владимир Полежиноски, д-р, правник, Кичево
  5. Злате Тренески, земјоделец, Кичево
  6. Кемал Аголи, судија, Дебар
  7. Владо Малески, чиновник, Струга
  8. Петре Пирузе, адвокат, Охрид
  9. Лазар Гиновски, земјоделец, Струга, Белчишта
  10. Цветко Узуновски, работник, Ресен
  11. Наум Веслиевски, заменик командант на III -та бригада, Ресен
  12. Наум Наумовски, работник, политички комесар на II-та бригада, Крушево
  13. Тома Кутурец, приватен чиновник, Крушево
  14. Методие Андонов - Ченто, трговец, Прилеп
  15. Бане Андреев - Ронката, политички комесар на Главниот штаб, Велес
  16. Панко Брашнаров, учител, Велес
  17. Никола Минчев, учител, Кавадарци
  18. Лазо Калајџиев, работник, заменик командант на II -та бригада, Неготино
  19. Ристо Балајцалиев, приватен чиновник, Гевгелија
  20. Олга Петрушева, домаќинка, Дојран
  21. Епаминонда поп Андонов, професор, Струмица
  22. Благое Минов, работник, Струмица[2]
  23. Михаил Апостолски, генерал-мајор, командант на НОВ и ПОМ, Штип
  24. Кирил Григоров, адвокат, Штип
  25. Страхил Бајовски, учител, Берово
  26. Никола Иванов Вражалски, кан. адвокат, Кочани
  27. Кирил Михајловски, учител, Виница
  28. Никола Мицев, д-р, ветеринарен лекар, Кратово
  29. Трајко Николов, студент, Крива Паланка
  30. Мара Нацева, работничка, Куманово
  31. Лазо Сокол, инж. начал. на отд. при обл.стоп. камара, Скопје од Куманово
  32. Венко Марковски, поет, Скопје
  33. Петар Богданов - Кочко, музиколог, Скопје
  34. Тодор Стојанов Звездин, активен судски потполковник во Кралството Југославија, Скопје
  35. Тихомир Милошевски, поручник од југословенска војска, командант на III-та македонска бригада, с. Битуше, Галичко
  36. Димитар Влахов, публицист, Кукуш
  37. Борко Темелков, работник, Прилеп
  38. Лилјана Чаловска, студентка, Битола
  39. Киро Миловски, д-р, ветеринарен лекар, Битола
  40. Вангел Чукаловски, активен капетан на бившата југословенска војска, командант на I-та бригада, Битола

Претставници за Президиумот на АВНОЈ[уреди | уреди извор]

  1. Димитар Влахов, публицист, Кукуш
  2. Методие Андонов - Ченто, трговец, Прилеп
  3. Михаил Апостолски, генерал-мајор, командант на НОВ и ПОМ, Штип
  4. Лазо Кулишев, работник, Св. Николе
  5. Бане Андреев - Ронката, политички комесар на Главниот штаб, Велес
  6. Венко Марковски, поет, Скопје
  7. Мара Нацева, работничка, Куманово

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Службен весник на Народна република Македонија, бр. 1, 18 февруари 1970, с. 47-48
  2. Поради неговото загинување, на негово место Президумот на АСНОМ на 6 август го избра за член на АВНОЈ Тоде Ношпал. Решение на Президиумот на АСНОМ за избирање членот на АСНОМ Тоде Ношпал од Прилеп за член на АВНОЈ во „АСНОМ: документи“, Архив на Македонија, Скопје, 1984, том I, книга I, 217 стр.