Спиро Црне и Ќучук Сулејман
Изглед
Спиро Црне и Ќучук Сулејман — македонска епска народна песна.
Содржина
[уреди | уреди извор]Ќучук Сулејман ја собира дружината за насилно да собере пари во селата Смолани и Царевиќ, како и од чорбаџиите од Прилеп, а со намера да изради кула во селото Долнени. Тогаш, Аџи Цано од Прилеп го повикува Спиро Црне, му дава пари и оружје и го испраќа во селото Царевиќ. Спиро Црне ја собира дружината и во планината над селото Царевиќ му поставува заседа на Ќучук Сулејман. Во борбата, Ќучук Сулејман е ранет и го моли Спиро Црне да му го поштеди животот, но Спиро Црне му ја сече главата и ја разбива неговата чета.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Томе Саздов, Грива тресе, бисер рони (епска народна поезија). Скопје: Заштита, 1970, стр. 123-124.