Спиро Ампов

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спиро Ампов
Роден Виница
Починал 1897

Спиро Ампов — македонски револуционер и член на Македонската револуционерна организација.[1]

Животопис[уреди | уреди извор]

Спиро Ампов е роден во Виница. По професија бил трговец. По зачленување во Организацијата, добил задача да организира канал за оружје и опрема од Виница до Ќустендил. Починал во 1897 година, како резултат на жестоките измачувања од турската власт, за време на Виничката афера на ТМОРО.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Енциклопедија ВМРО, Скопје, 2015, стр. 7