Спирос Спиромилиос

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Spyros Spyromilios 1.jpg
Роден 1864
Химара, денес Албанија
Починал 1930
Грција

Спиридон или Спирос Спиромилиос, познат како Орелот од Химара, (грчки: Σπύρος Σπυρομήλιος, албански: Spiro Milo), бил грчки офицер и андартски капетан, деец на грчката воружена пропаганда, учесник во Борбата за Македонија и еден од раководителите на Автономната република Северен Епир во 1914 година.

Биографија[уреди | уреди извор]

Спиромилос е роден 1864 година во епирското градче Химара, а потекнувал од родот Спиромилиос. Завршил Неаполска воена академија во Неапол. Во мај 1905 година под псевдонимот капетан Аталис Буас (Αθάλης Μπούας) раководел со една чета од 35 души и водел борба со четите на Македонската револуционерна организација во реонот на Каракамен.

Меѓутоа уште во првите денови бил ранет во раката и заминал во Солун на лекување. Во 1906 година станал член на Епирската Етерија. Во 1909 година како капетан учествува во превратот Гуди.

На 5 ноември 1912 година при избувнувањето на Првата балканска војна со чета од 2000 души доброволци, составена од Епирци и 200 Критјани ја завладува Химара.

По објавувањето на албанската независност на 28 ноември во Валона, Спиромилиос добил наредба за повлекување, бидејќи грчката команда очекувала голем напад во Епир. Меѓуто тој ја одбил наредбата и успешно ја организирал одбраната со грчка милиција.

По крајот на Втората балканска воjна, Северен Епир е предаден на Албанија и грчките сили добиваат наредба за повлекување зад новата граница. На 9 февруари 1914 Спиромилиос одбива да се повлече и го објавил регионот за автономен, а себе си за капетан на Химара. Химара станала дел од автономната република Северен Епир, прогласена на 28 февруари во Ѓирокастро.

По окупацијата на Северен Епир од Италија во 1915 година, во текот на Првата светска војна Спиромилиос се повлекува во Грција и во мај бил избран за пратеник во грчкиот парламент.

Во 1926 година се повлекол од армијата со чин полковник [1][2].

Извори[уреди | уреди извор]

  1. Σακελαρίου, Μ. Β. Ήπειρος: 4000 χρόνια ελληνικής ιστορίας και πολιτισμού. Εκδοτική Αθηνών, Αθήνα 1997.
  2. Bon, Nataša Gregorič. Contested Spaces and Negotiated Identities in Dhermi/Drimades of Himare/Himara area, Southern Albania, Nova Gorica 2008, page 143-144.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]