ФК Борец (Велес)

Од Википедија — слободната енциклопедија

ФК Борец 1919 е македонски фудбалски клуб од Велес. Клубот се натпреварува во Првата фудбалска лига. Натпревари ги игра на Градскиот стадион Велес, кој има капацитет од 6,000 гледачи. Клупски бои се црвената и белата.

Историја[уреди | уреди извор]

Клубот бил основан под името Напредок во 1919 година, а денешното име го добил во 1926 година. Со Љуботен од Тетово се најстари македонски клубови кои играле во четвртата зона во фудбалската лига на тогашното Кралство СХС/Југославија. Клубот долги години настапувал во Првата лига и во Втората лига. Од клубот излегле голем број фудбалери, меѓу кои и Зоран Паунов, Илчо Боров, Панче Ќумбев, Зоран Петковски, Јосе Николов и Трајче Ковачев.

Навивачка поддршка[уреди | уреди извор]

Навивачката група „Гемиџии“ го следи клубот.