Скриени страсти

Од Википедија — слободната енциклопедија
Скриени страсти
Жанрдрама, теленовела
Создадена одХулио Хименес
Развиена од
Улоги
Тематски композиторХектор Кардона Џуниор
Воведна тема"Fiera Inqueta"
Земја на потеклоКолумбија
Првичен јазикшпански
Бр. на сезони1
Бр. на епизоди188
Производство
МестоположбаБојака, Колумбија
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаКаракол ТВ
Сликов форматПовеќекратна камера
Звучен форматСтереофоничен звук
Првично прикажување21 октомври 2003 (2003-10-21) – присутни

Скриени страсти (шпански: Pasión de Gavilanes) — светска популарна теленовела од престижната американска продукција Телемундо со соработка со колумбијската тв куќа РТИ Колумбија. Серијата го освои целиот свет со едночасовни 188 епизоди. На меѓународниот пазар исто така излезе и ЦД со музика од серијата, како и ДВД Издание со сите епизоди. Кај нас оваа теленовела имаше огромен успех, и се емитуваше на А1 телевизија.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Приказната се врти околу браќата Рејес, и сестрите Елизондо. Браќата Хуан, Франко и Оскар Рејес, се тројца браќа кои живеат во мал град, и заработуваат од пекарницата што ја имаат. Со нив исто така живее и нивната сестра Либија Рејес. Таа имала љубовна врска со Бернардо Елизондо, богат ранчер, и останува трудна од него, но еден кобен ден, таа извршува самоубиство. Браќата Рејес потиштени од смртта на нивната сестра, заминуваат во потрага по виновникот за смртта на нивната сестра. Тие одат на ранчот на фамилијата Елизондо, и се заљубуваат во трите ќерки на виновникот за смртта на нејзината сестра, кој неодамна умрел. Норма, Химена и Сарита се трите ќерки и на злобната Габриела Елизондо, која после смртта на нејзиниот маж ужива во наследството. Браќата барајќи одмазда, се заљубуваат во трите сестри.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]