Довишта (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Општина Довишта
Δήμος Εμμανουήλ Παπά

Општина Довишта во областа Централна Македонија
Податоци
Област: Централна Македонија
Округ: Сер
Гео. област: Серско Поле
Население: 16.962 (2021)
Седиште: Тополјани
Нас. места: 17
Пошт. бр.: 620 46
Пов. бр.: 23210-7
Портал: empapas.gr/

Довишта (грчки: Δήμος Εμμανουήλ Παπά, Димос Емануил Папа) — општина во Серскиот округ на Егејска Македонија, денес во Грција. Опфаќа 17 села во областа Дарначко во западниот дел на Серското Поле, по западните падини на планината Сминица. Административен центар е селото Тополјани.

Општината го носи името на селото Довишта, чие денешно име е „Емануил Папас“. Името на селото е сменето во чест на истомениот револуционер (1772-1822) од Грчката војна за независност.

Населени места[уреди | уреди извор]

Општината Довишта е создадена на 1 јануари 2011 г. по законот „Каликратис“[1] со спојување на две стари општини: Довишта (Емануил Папас) и Струма.

Општинска единица Довишта[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Емануил Папас на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Довишта (Емануил Папас) ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Тополјани
  • Општински оддел Везник
  • село Везник (Άγιον Πνεύμα, Агион Пневма)
  • Општински оддел Горна Нушка (386)
  • Општински оддел Довишта
  • село Довишта (Εμμανουήλ Παπάς, Емануил Папас)
  • Општински оддел Долна Нушка
  • Општински оддел Сармусакли
  • Општински оддел Субашќој
  • Општински оддел Тумба

Општинска единица Струма[уреди | уреди извор]

Поранешната општина Струма на картата на некогашниот округ Сер.

Општинската единица Струма ги опфаќа следниве општински оддели и населени места:

  • Општински оддел Тумбица
  • село Тумбица (Тумбишта или Кешишлак; Νέος Σκοπός, Неос Скопос)
  • Општински оддел Бејлик Маала
  • Општински оддел Вержани
  • Општински оддел Вернар
  • село Вернар (Παραλίμνιο, Паралимнио)
  • Општински оддел Какара
  • Општински оддел Ново Село
  • Општински оддел Петелинос
  • Општински оддел Сал ага
  • село Сал Ага (или Сали Ага; Μονόβρυση, Моновриси)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ν. 3852/10“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 5 јули 2010. Посетено на 5 јули 2010.

Литература[уреди | уреди извор]

  • Σπίντιος Ζαχ., Δαρνακικό Γλωσσάρι, Σέρρες 1955

Надворешни врски[уреди | уреди извор]