Декларација

Од Википедија — слободната енциклопедија

Декларација е документ кој содржи договорен стандард или норма, но не е правно обрзувачки за државите. На конференциите на ОН, како што е Конференцијата за човекови права на ОН во Виена (1993), обично се усвојуваат две Декларации: една е составена од претставниците на државите, а другата од страна на невладините организации. Иако не се правно обврзувачки, Декларациите се многу влијателни во создавањето на политиките и активностите во односните области.[1]

Белешки[уреди | уреди извор]

  1. „Водич во феминистичката и родовата терминологија“. Здружение на граѓани Акција Здруженска, Скопје. 2007-05-30. Архивирано од изворникот на 2007-10-08. Посетено на 2007-06-22.